Ко че ти речам дека планирам да подослабам(мислам на стомакот, оти слаП си сум јас, ама ми смета во запетлување на кошулите, на тие подолните петлици), да не ми викаш да јадиме палачинки или пица или нешто слично. Знајш дека не можам да одбијам, а ако одбијам то че важи само 5 минути.
И уште нешто. Дури седиме в кола некогаш, ако слушаме македонско радио со негојте класики и некој милозвучен глас на постар водител, да не менуваш станица на македонски народни, ако ми е уба програмата на радио. Че слушаме и такви некогаш, ко шо слушаме некогаш.
И уште нешто, последно. Пошто моментално си во кизнај кој сон, а сонот е нешто како лавиринт без почеток и крај, чекај ме на една од улиците, че пробам да дојдам, ако не се загинам по пат.........
п.с мирисот на топла, поспана глава со виткана коса на неа е најдоброто нешто кое сетилава за мирис го осетиле.