Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
До вчера мислев дека фудбалот е најважната споредна работа на целиот свет . . Но љубовта била таа што те крева и спушта, што те нервира и радува истовремено, што те пали и гаси за секунда. . Што те *бе од секаков можен аспект . .
 
Љубов...ех љубов, љубов дамнешна и сегашна,а јас...
јас,секој ден сум се постар
секое утро ми носи нов ден
секој ден на лицето,нови бори како приказни ми се нижат
идат ден за ден,
поминуваат полека
Како пролетни птици,кога доаѓаат од југ
Многу денови поминати,неизброени,останете тука крај мене
не ми будете успомени.
А посакувам понекогаш,еден миг од младоста
денот на љубовта прва и на првиот бакнеж.
 
сиот свет го мачи мака љубовна :facepalm:
 
Те сакам на секој можен начин! Ти си мојата преродба, секој момент кога сум со тебе мислам дека сонувам, дека сето тоа што го доживувам е само еден сон, но сепак е реалност во која морам да признаам дека уживам, едноставно преубаво ми е. :love:
 
Маче... :tapp: не после тебе... туку после мене ПУСТОШ! ;)
 
Ја листам темава и незнам дали да напишам...
Не сакам некогаш кога ќе бидам изнервирана од тебе или ако некогаш сум без тебе да го прочитам овој пост.
Зошто ќе се осеќам најмизерно.
Ама оди скроти ги чувствата во мене. Не можам.
Сакам на цел глас да викнам колку најчисто, најискрено, највистински и најсилно те љубам.
Нашата врска бара многу компромис. Речиси спротивни сме.
Ама некоја силна хемија има. Силна љубов и поврзаност. Неодоливост.

Сакам секогаш да си покрај мене и да ми ги пукаш прстињата.
Сакам секогаш да си вака мирен и спокоен покрај мене.
Сакам секогаш да ја чувствувам твојата огромна доза на љубов.
Сакам никогаш да не те повредам.

И фала ти за советот. Што нашите караници ги преувеличувам и дозволувам да ме болат.
Не се сериозни. Ниту страшни. За на секоја да ти наговестувам крај...
Ти тоа никогаш не си го направил. Само јас се глупирам.
За џабе не ми велиш дека сум будалетинка твоја. Често знам да уништам се`...а, ти продолжуваш да ми ја пееш you're just to good to be true...
 
Да . .
Но тоа беше љубов и тоа не се заборава. Исто како што и тој неа нема да ја заборави. Исто како што и оваа вечер, повторно пиеше за неа. Само за неа. Зашто секогаш беше само таа. Една и единствена.
 
Во врска со љубовта, а да драга,сакам да ти кажам
кога ми даваш секојдневно веќе по навика,навечер таблети една шака,
како не ти текнува да ми ги понудиш бар еднаш со чаша ладно пиво,
зар престана нашата љубов, о драга, а се уште иста постела делиме.
 
Можда сум мнооогу пијан... ама не знам што да кажам за вечерва... После две години пак некако улетуваш во мојот живот и стварно не знам што да кажам ама ептен ми е некако убаво да душата... Уште од моментот кога те видов на плажа денес ко да знаев што ке се случи вечерва... Можда беше само вечерва, можда ке потрае... Искрено не знам веќе што осеќам, не знам дали те сакам или дали ми е сеедно, ама како и да е фала за убавата вечер... Се надевам дека пак ке се видиме утре... Ветувам дека нема утре пак да се испијанам :)
 
Глупа си ко точак. Уствари не, глупа си ко бандаш од точак. Јебига нема надеж во тебе али ај потајно ќе се надевам дека ќе се поправиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom