Не знам шо друго да пишам у 5,30 сабајле, освен дека ми е криво шо те знам, а истовремено донекаде драго шо ме разочара. Не ми се веруе дека толку ме потцени како човек, настрана друго. Не ми се веруе дека дури и ме убедуваш дека си у право, а замисли едно време мислев дека намерно го праиш тоа за да постигнеш контра ефект. Пробај на другарките раскажи им се и види шо ќе ти кажат. Уствари шо, сигурно ракоплескате некаде урлајќи ,,Жените можат се што и мажите, но на високи потпетици''. Али пак ја сум крив, како ќе се поставиш така ќе се понашаат со тебе. И 7-8 пати го кажувам ова у последните 3 години и пак налетувам на некоја што жалам што ја знам. Можеби решението е некој да им удри таков ќотек и само да ми рече ,,знаеш ти многу добро зошто е ова''. Maда познавајќи се, тешко дека и тоа би донело нешто различно.
Eве ќе одиме ја и ти по улица и ќе сретнеме рандом човек, ќе му кажеме се од почеток и пробај него убеди го дека си у право, пошто утврдивме дека мене ми фали нешто.

Спремна си на тоа или страв ти е да не почнеш пак да подголтнуваш додека зборуваш?
А идиотот според тебе и понашањето според мене, одби две девојки, за кои шо се вика доволно беше да мрдне со прст. Ми се нема 4 години јавено, пред апсолвентска стигна да ме замара. Преку еден ден кафе, за да цимерките кои и се и колешки да бидат на факс, а оваа да те моли буквално да одиш кај неа пошо и било досадно на предавање. После 2 дена да ти каже дека ќе биде сама за викенд, а ти баш тогаш да се понашаш како од Марс паднат и да измислуваш причини за да не искомплицираш. И ич не ми е криво за тоа. А пред да те знаев I'd do her у 11 од 10 случаи, шо би се рекло.
Научив мноооооооогу, ептен многу од тебе. Ништо нема да коментирам, само многу повнимателно во иднина и освен ако не добијам прописно извинување пожелно е да не ми се обраќаш на било каков начин. Не дека не го знајш ова де, aма ain't gonna happen!\
И по милионити пат, изглед вара!