Некој Април беше знам... не ми текнува точно на датата... ме аддна на фб и започнавме да муабетиме...Сите збореа за тебе дека си човек кој нема живот..нема цел во него, нема ништо свое ..освен дрогата и алкохолот.... Сите збореа дека си човек кој не вреди за ништо! И не ми беше сето тоа јас, зошто така!? Зошто така се збори наоколу ..ме сечеа длабоко во мене таквите зборови уште пред да те запознаам. Правевме муабет секојдневно...ми побара број зборевме на мобилен се смеевме ...стекна доверба во мене. Започнавме да се зближуваме полека и неосетно.... Некој 1ви мај беше... мојата доста драга утакмица.

Дојдов на нашето место каде се нижеа спомени .... ме чекаше пред кафанчето ти текнува?! Се уште не знаев што треба да мислам за тебе..ми беше чудно доста различен од муабетите на луѓето....Се приближи до нас се поздравивме...отидовме на споменик таму прв пат го почувствував оној бран од емоции и љубов ...почетокот на љубовта со моето семејство. Имаше пиење во изоблиство сите беа собрани еуфоријата растеше, пиење еден тон.... Бев цела со прашалници и замислена..се со цел да допрам да дознаам зошто така се однесуваат сите со тебе кога личиш дека си толку добар..ми понудија водка, вино..одбив.. Следен момент кој го паметам е твоето шалче на мојот врат. Надвор врнеше..ни стана традиција секој викенд дожд да паѓа врз нашите насмеани лица...исполнети од следните натпревари..седевме неколку саати, купивме карти и ние заминавме..останавте вие со алкохолот...Бев на гости, некој си пријателски ручек на моите родители ми стигна порака..ајде доаѓај те чекаме треба порано да одиме

Почнаа рацете да ми се препотуваат од помислата дека конечно ближи моментот...конечно се враќам на трибина... со трчање стигнав до дома... се облеков и така мокра во косата истрчав по дождот накај збирното место. Вие бевте веќе таму..ти со пиво во раката и веќе со доста алкохол во себе ми се насмеа

Уште не ја сфаќав болката од тоа што се уништуваш..уште не ја чувствував...Конечно тргнавме....движевме накај сала пеевме....уживавме во моментите. Ти ме закачаше за шалчето и ми дозволи да го задржам 1 недела за мене. Почна утакмицата се беше супер..победнички и на трибина и на терен. Среќна заминав дома...утредента го исправ шалчето и ти се фалев на мсн како убаво мириса дека го обожавам дека сум пресреќна..го забележа тоа и ми рече да го задржам...тоа беше првото нешто кое го имав од она што сега ми значи живот.... доаѓаа следни утакмици....5ти мај Оној инцидент кој животот ми го скрати..оној пресуден момент кога гледав доле како те растргнуваат на сите страни... тогаш бев сигурна дека јас сум таа избраната која треба да те заштити. Јас сум таа која треба да ти го покаже правиот пат...зборувавме вечерта на интернет...првиот пат кога ми го раскажа секој твој детал од животот...ми се отвори целосно ми ги кажа сите свои слабости, маани и добри страни...се отворив и јас...веќе бев во доста неуспешна врска.... ти пишав пијана порака врати на истата (беше излезен и начукан до максимум) возеше најбрзо што можеш за што побрзо да стигнеш до мене...да бидам на сигурно. Се отрезнивме зборевме и зборевме со часови во ноќта.... си ветивме дека никогаш повеќе нема да посегнеме по пороци..ми вети дека ќе ме чуваш како сестра и ќе направиш девојка горда на себе која ќе гази цврсто по патот...ветив дека ќе ти помогнам да го најдеш патот...дека ќе ти помогнам да пребродиш се...И беше толку совршено..станавме неразделни ветувањата се исполнуваа...се до оној проклет момент кога почнавме караници секојдневно....како некое проклетство да не следеше..не знам што се случуваше.. но и после секое карање пак останувавме јас и ти заедно до крајот....По цел ден и ноќ бевме заедно...во нашиот втор дом, помеѓу нашите луѓе нашето семејство....иако немавме ништо мислеа и не сметаа за пар... веќе се уморивме од тоа да објаснуваме на луѓето па затоа оставивме да зборат што сакаат и така друго не преостануваше... се среди тој период..Јас не бев во Скопје тоа не зближи...ми наоѓаше разни работи од трибина затоа што тоа ме правеше среќна а јас за возврат ги средив оцените во школо...Бев малата послушна принцеза на бато. Лето....проклетото лето кое ме исцрпи максимално.... фрки, тепачки,караници..... лаги....што ли уште не....почна премногу заштитнички и налудничаво да се однесуваш кон мене..Довербата се губеше...исчезна поради ситница...ситница која беше сосема непотребна.... секое наредно беше само следна лага и нанесена болка...секоја следна караница ме влечеше надоле и ме затвараше во кафез од кој немаше излез....започна школска година...започнаа луѓе да се вртат околу мене...флертови глупости...почна премногу да ми поставуваш услови кои ме збунуваа.... те молев да ме олабавиш имам 17 години .........малце години за толку болни работи за кои не се каам но сепак....кога би можела би ги успорила.... карањето продолжи...јас започнав со кршење на ветувањата...лаги трупав безпотребно а ти се врати на пороците..правевме се за да се повредуваме се повеќе и повеќе...сите ветувања паднаа во вода.......сите убави моменти исчезнаа...седам во глупиов празен есенски депресивен ден и размислувам..Книгата немо чека на мене со надеж дека ќе ја фатам и ќе научам барем една лекција..Немам желба за ништо.....кога би можела да избегам некаде....некаде далеку каде ќе бидам сама со мојата болка...и сега се е изгубено..остана само страв од тебе.....и онаа тапа болка која ме убива во срцето..кога и да помислам дека всушност братот нема да ми се јави...дека ова што е направено не може да се поправи...дека се ќе остане во заборав...и го пишувам ова со цел да навраќам во случај да избледе се.... те повредив, немаше друг начин да се заштитам...и останав сама...како куче скитник без никој свој....едина утеха е она младо дете кое изгледа толку искрено ....и толку мило .....сакам да остане до мене..барем тој ..те молам Боже не ми го земај и ова нешто.....
Ги бараш сите мои работи кои некогаш си ми ги дал....ми го одзема и нештото кое последно ми остана....ја сакаш трибината..го сакаш моето семејство....не знам како ќе пребродам но ќе ти го дозволам тоа..едноставно ја нема силата за да се изборам за ова....немам веќе сила за да водам битки кои веќе се изгубени..... само јас знам како се чувствувам во себе...иако се губам сама себе....сепак, длабоко некаде знам дека ќе успеам...знам дека ќе продолжам понатака.... И ми фалиш проклето ми фалиш ...но ....нема назад и нема каење.....ова е крајот...тој е*ан проклет крај од кој се плашев.....
Секогаш твоја, мала принцеза на бато.