Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
На некој чуден начин ќе ми недостигаш. Исто како што на некој чуден начин навистина е убаво кога те гледам како се смееш и лутиш и мислиш што да кажеш и се срамиш и и и...тоа сакав да кажам :back:
 
Машината задолжена за евоцирање спомени, активно и агресивно ми го распарчува сеќавањето. Големото платно светнува. Почнува мојот живот. Ти. Тој прв невин бакнеж, на неговата невиост паднав, на твојата чесност, на големите трепки што ти ги истакнуваат очите. Во нив за прв пат ја огледав својата среќа.
И никој не би рекол дека поминаа 23 месеци од тогаш, освен злобните јазици. Никој од нас двајцата, не ги почувствува нив како товар, освен другите што не можат да сфатат. Признавам, на моменти бев конфузна, ми беше тешко, но сега е сето тоа фрлено во калта, онаа најцрната. Знам дека нема подобро нешто за мене од тебе. Те сакам, те обожавам, сега те заслужувам и среќна сум! Среќна годинаа и 11 месеци маче! :back:
 
zal mi e ali ja neznam da sakam =|

mby in the future , who knows =]
 
Колку пати ме гушкаше додека те натопував во солзи...
Чувствувам дека си тука, најмногу кога ми е лошо. Во добро, ти си моето алтер его. Секогаш до мене, секогаш за мене... Те сакам!
За Матеа
 
...Совршено знаеш што изгуби, ама тоа беше твојот избор...Само ке ти ветам дека ќе дојде денот кога ќе ме сакаш назад и кога јас само ладно пред твоите очи ке заминам среќна во прегратикте на друг,а ти ќе ја платиш секоја моја солза знаејќи дека ја имаше најдобрата и ЈА ИЗГУБИ!!!!
 
Не си ми љубов и стварно незнам зошто го пишувам ова овде,но и да сакам немам можност да ти кажам в лице,па користам прилика некако да излезе од мене.

Ау да,направив тешка глупост,знам.So what?Who the fuck cares? Иако,од денешен аспект радо би ги избришала тие неколку часа,свесна сум дека беа грешка со најверојатно тешки последици(дај боже да грешам:se_ molam) и дека има шанси да го изгубам и тоа малку што го имам,ептен се исплатеше.

А,знаеш ли зошто? Сето ова време бев уверена дека таа страна од мене што толку ја сакав,ја нема,умрена е одамна.И јас и сите околу мене мислеа така.А,видиш,сите сме грешеле...Цело време си била тука,цело време....

Она што фали е причината за нејзиното постоење,она што ја влечеше да исплива на површина.ДА,тоа и она за што не сум во никаква дилема дека постои и дека некогаш ќе постои пак.Не знам за што ми е повеќе мака,а не е ни толку важно,не менува ништо.Јас повеќе немам сила ни желба да променам нешто.

И еве си се враќам пак во моето банално секојдневие,откако се уверив дека немам никакви допирни точки со личноста што упорно ја исфорсирав до максимум да се врати пак,таа живееше во едно друго време,со други луѓе.Не ја препознавам повеќе,не ми е својствена,повеќе е апсурдна и смешна,во лоша смисла.

Тоа е....се менуваме и не можеме ништо против тоа.Сигурна сум дека и ти си променет,па кога би се сретнале пак(дај боже тоа никогаш да не се случи) би било како да се сретнуваат туѓинци.После тебе во животов ми поминале не ни знам колку луѓе,илјада пати подобри од тебе,а никој не успеа да ја види во мене таа личност,дури ни јас и никогаш не можам да разберам зошто.И како што гледаш ,таа ми фали повеќе од тебе и секогаш ќе те проколнувам заради тоа.

Не те мразам,не...Имај среќен живот и ако јас имам бар малку среќа никогаш не сакам да те видам.Само сакам да ми се врати тој дел од мене,што не можам никако да го преболам,најживиот,најдобриот,па и најбудалиот ако треба.Не како вчера,туку вистински.....Иако моментаално не сум баш во некое расположение,немам ни волја ни ентузијазам ни план ни ништо,сигурна сум дека ќе продолжам да го барам тоа што ќе успее да ми го оживее тој дел од мене,дури и по цена да изгубам се,оти се` друго е ветер и магла....
 
Чуствувам пеперутки кога сум во твое присуство. Тешко ми е дишењето. Па и го знаеш и тоа ти. Заљубен сум, а пак тоа е факт.
Љубов. Малку људи веруаа у тоа. Но се надевам дека ти си од тие малкумината.
Не можам да ти верувам. Се ти кажувам, но тоа не значи дека ти верувам. Тоа е само факт дека сум отворен.
Но се запрашувам дали навистина за тебе го пишувам ова, не те сакам тебе навистина. Се лажам многу години со ова. Ја барам во сите други. Никогаш нема да ја најдам дека е единствена и никогаш нема да бидам со неа бидејќи не признавам.
 
1,2,3...11 дена... :kill: :суисајдхимселф. Еве го, уште ден ипол и си овде. Ми недостигаш бре ептен :) 93459563 пати да го кажам пак е малку. Си пишуваме смс, ама пак не е тоа -тоа. Може ќе го отупам со верглање на сето ова горенаведено, ама тоа е вистината. Едноставно те сакам до мене, да ти вршам љубовна тортура, да те гмечам, да те гњавам:back:. И за крај на постов да ти напишам еден стих од песна....

Завири у моје срце, осетит'чеш топле зиме, погледај усне моје прочитат'чеш своје име


Те сакам.
 
Па нема што многу да се додаде... Знаеш, дека со тебе сум сосема своја и дека уживам во тоа што го правиме и градиме.

Остани мој, останувам твоја.
:back:
 
Година, 4 месеци и еден ден хан... Моја и твоја најдолга врска досега, а сепак изминатото време ми се чини премалку и сакам да останам со тебе уште многу...

Носиш JOY дури и во патетичните нешта, као 2часовно барање на објект.
I embrace life when I have you beside me.
 
ова само да ти отпеам... каде ли си сега?:toe:
 
Сад си пунолетна. Среќен роденден. Големи да ти растат. :back:

Се вративме периодов во нормала. Од 1 до 10 ме мразиш 10. Убаво е.
Се гледаме утре. Те сакам. ОК ОК, ти повеќе. Само оти ти е роденден.
 
те сакам како никогаш никого до сега. се прашувам зошто баш тебе и секој ден добивам се повеќе причини за да те сакам и да бидам со тебе...остани со мене и биди дел од моето битие, заедно ќе продолжиме понатаму мојата љубов е преголема и знам дека е доволна за двајцата да не спои во едно:back:
 
О ненормален!јован:
Една година и две недели :pipi:
Не дека нешто посебно ми значи времево, ама забавно е да си одбројувам...цџз.
Кога те запознав не ни помислив дека со тебе ќе споделувам....се.

Се навикнав на твојата хиперактивност прилично брзо, сеа знам како реагираш на се и знам шо може да очекувам од тебе.
Само сакам да знаеш дека те сакам најмногу на сите сфетофи.
Фала шо ме трпиш коа ијам параноични напади, шо си тука да ме смириш и да ми ја покажеш реалноста, да ме спуштиш на земја и да ми ја кажеш вистината иако знаеш дека ќе ме боли, што не ме лажеш за ништо, што може да сметам на тебе...
Особено последнава недела кога ни сама не се поднесувам од шо сум себична-сепак ти си тука да ме ислушаш као ти повторувам иста работа на 6 начина!
Да, да.
Шес!
:)
Фала што ме поддржуваш за сите мои одлуки, знаеш дека ми значи многу.
Апсолутно те ставам во листата на личности за кои би го дала животот и не знам како би живеела без тебе..
И секако дека мислам се шо ќе кажам коа ми се јавуваш коа сум пијана...
И ајде доаѓај веќе во Скопје, треба да те чекам на фонтана пола саат и да ти праќам ретардирани смс за сите начини на кои ќе те повредам зашо касниш...
И коа ќе доеш да те глеам 15 минути со фацкава -.-:

И сум забораила да ти кажам за еден момент, ко не ти пишуав јас на мсн туку една од другарките, и коа позна дека не сум јас ...
И коа сфатив колку добро ме познаваш и коа сфатив дека се почувствував убаво ради тој мал незначаен настан...
И уше поубаво ми беше коа му реков на Воки да ти титне за да ми се јавиш а ти во истиот момент ми се ѕвонеше..
И коа ми рече дека јас сум ТЕЛЕ а ти ПАТИЈА...:)))
И фала шо вчера се радуаше за мене и шо сакаше да го споделам секој момент...
И убаво ми е дека сум свесна дека се ама баш се може да споделам со тебе и дека нема да ми речеш дека сум забегана или да ми се скараш...
И не очекував дека некогаш во животов ќе те наречам нааајнајнајнај добар другар, ама сеа не можам да замислам да те наречам друкше, освен љубави, секако:)

И те сакам.лове: Знам дека знаеш ама нема везе:)
Излив на емоции изглеа...цџз.

(Л)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom