Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Глупаво е да се обидиш да се докажеш дека вредиш кога на неа не и чуе
 
Ќе сакам некого,
Ќе сакам некогаш,
но никогаш никого,
како тебе некогаш.

Го пишувам ова сега, за да видам дали и јас како еден член од форумов после 5 години ќе се навратам на овој пост и ќе си кажам каква будала сум бил тогаш ејјј.... :)
 
Времето брзо поминува. Како вчера да беше, кога се разделивме. Ти бев прв дечко, и ти раскинав за да те заштитам од мојата немаштија и здравствени проблеми.

Сега си среќна, барем така слушам, со него, со мојот прв братучед. А за него збореше дека ти е антипатичен, и дека воопшто не ти се допаѓа. Нема врска, битно е да си среќна. За две недели од сега, е твојата свадба. Добив покана, но не знам дали ќе дојдам. Немам доблест да те гледам цела вечер, а најмалку да се сликам покрај тебе со него.

Чуден е понекогаш животот. Сакаше веднаш да се земеме, што јас не можев да ти го овозможам. А сега, сега си ја најде среќата, бар така зборат.

Не, не можам да заборавам на сите наши убави моменти, на сите денови поминати со тебе. И тешко ми е да прифатам дека ќе бидеш со него. Психички сум многу јака личност, но не знам дали тоа ќе можам да го издржам. А знам дека ќе ме натераат да отидам. И да дојдам, се надевам дека нема да ти ја расипам вечерта. Ќе бидам тивок, мирен и нема да се мрдам од столче.

Некогаш го прашувам Господ зошто баш со сите работи морам да се соочам лице в лице.

Те сакам, да знаеш. Иако го молам Господ тој повеќе да те сака, бидејќи заслужуваш.

 
Додека работев одникаде ја слушнам Sober од Пинк и ми текна не тебе... не дека и пред да ја слушнам песната на радио не мислев на тебе, но слушајќи ја песната ми текна на тоа едно клипче што го имаш снимано на таа песна во возот... не знам дали и колку ќе ми биде паметна како идеа да ти се јавам и те слушнам како дишеш... о љубена... знаеш ли зашо оште пишам за тебе..? оти врска брзо ќе може да се заборави а вистинска љубов, не... барем не за кратко време... знам по себе дека 9 години не ми се доволни...
 
Сакам да вртат Ник Кејв или Нора Џонс а јас цело неделно попладне да ти ја бакнувам бемката на листот од вагината. Може на некоја лоша заборавена пица од минатата ноќ да ѝ избегнуваме мирисот замотени низ тенки бели чаршафи, залепени и преплетени, да ни вдишуваат и издишуваат порите заедно, кондензирајќи еден во друг, константно надевајќи се дека ќе ми предизвикаш таква хемиска реакција што физички ќе се отворам, ќе те голтнам цела и ќе те чувам во себе, ќе те сакам и ќе ти зборам и ќе те топлам и ќе ми бидеш омилена и .

Глупости.
 
Некогаш мислам дека сум дервиш што се заљубил во калуѓерка
Како јас во тебе
Како ти во мене најубава моја
Утре може кој било мене и тебе да не разделат!
Векови нема било кој од нив да сфатат дека потребата да те сакам ќе ми е поважна од потребата да те имам...
Д.Л.
 
Никој ме нема прашано за тоа како сум после нашето раскинување. Освен една жена која што сосема разбра дека можеби треба да зборувам за тебе некое време. И само да седи и да ме слуша.
Не зборував премногу, ниту предолго. Три и пол години те чував и зборував најчесто со себе, не со други луѓе.

Други луѓе не можеа да ни го решат нашиот проблем затоа и се воздржував од споделување на моите маки со нив. Некако научив да си ја чувам тагата во себе. Тагата од тоа што се можевме да бидеме.

Ама некако не можам да преминам преку тоа дека и луѓето околу мене толку лесно го прифатија овој факт за мене. Не дека знаат премногу, но доволен голем број знаат. Можеби па не сакаат да се мешаат. Можеби па не ги интересира. Можеби пак им било очекувано. Исто како што и јас длабоко во себе знаев дека човек како тебе никогаш не може да ме задржи на долг рок. Дека сето тоа беше само привремено.

Да биде работата полоша, јас уште не можам да си се изначудам колку лесно го прифатив ова раскинување овој пат. Дека нели, не е прв пат. Да е уште поголема трагедијата нели.

Но некако, се уште ми одат лесно разговорите со тебе. Некако тоа другарство што успеав да го создадам со тебе за овие години не ми исчезнува така лесно. Мислам дека се уште си првиот човек на кој шо сакам да се јавам ако имам убави вести. Или лоши вести. Или со кој се навикнав да разговарам и да споделувам работи.
Работи кои сметам дека можеби другите не би ги разбрале.

Жал ми е што бевме повеќе другари отколку партнери. Што предолго ти ја држев раката и те водев наместо да одиме еден покрај друг. Што не го зборувавме истиот јазик на љубовта. Што се изморив од постојаните обиди да те направам среќен кога ни ти самиот не се трудеше да се направиш среќен.

Што се изморив да внесувам живот во тебе кога ти престана да живееш. И можеби од тој што искрено го сакаш не би се откажал никогаш. Јас не се откажував три и пол години. Некако се изморив од цело неоткажување. И од постојаното откажување на моите желби. И потреби.

Те сакав, тоа знај го. Кога мислам на минатото, само ти си. Се друго е само прашина. Само со тебе имав оноа за кое се пишат романи и оноа поради кое постои алкохолот.

Остани ми свој. И живеј драг мој С. Живеј, животов е за живеење, не да го гледаш преку прозорот како ти поминува пред очи додека стоиш сам внатре, а стиховите на Pearl Jam те докрајчуваат.

Животот е за да се дериш од тараса како неандреталец додека на звучници трешти нешто од Луис Армстронг или Елтон Џон или Џорџ Мајкл.
 
Последно уредено:
Т. знаеш ли што ми значи моменталниот аватар (зајак што се спушта в дупка)? Затоа само таму може да те најдам кога ми се затворени очите. Во некој чуден, маѓичен свет дека што сме само јас и ти... Сигурно се питаш, на шо трип сум. ни јас не знам да ти кажам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom