Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
А ти ќе речеш добар беше,
добар беше многу ме сакаше
и ќе згрешиш - фала богу,
ТЕБЕ ТЕ САКАВ НАЈМНОГУ :)
 
Сите порази со тебе се безболни
Сите победи без тебе се пирови



Два-три збора обични,во право време кажани
Вредат многу повеке од сите романи напишани
Бродови штом тонат и денови ме гонат
Незнам што би со себе
Тогаш некој ке ми каже:Ало,здраво како си
Еве баш мислам на тебе

Како во кугла стаклена
Да гледаш кога си ми ти најпотребна
Заслужено ме купуваш ноква
По цена мала како никогаш
Тоа не го може секој, туку само некој
Некој како ти
Искрено што љуби, жртвува и губи
Боже дал' те заслужив

A знаеш да бидеш и злобница права
Но некогаш си ангел небесен
Отров или мед,дали си вулкан или лед
И после толку години,
Сега знам јас што си ти
Жена за 100 години
Знам дека си ти жена за век и векови
Сите порази без тебе се погубни
Сите победи со тебе се посјајни

A знаеш да бидеш и злобница права
Но некогаш си ангел небесен
Прелив или мед,дали си лава или лед
И после толку години
Сега знам јас што си ти
Жена за 100 години
Знам дека си ти жена за век и векови
Сите порази со тебе се безболни
Сите победи без тебе се пирови

Зошто знам дека си ти
Жена за 100 години
 
Е да, можеби нема да има веќе солзи, но нема да има веќе ни среќа..
 
Се навлеков на тебе уште првиот месец ете признавам :icon_lol: Колку и ми е тешко да си признаам себе си дека си ми слаба точка морам.
Не можам и не сакам да се замислам со друг. Ти си она што ми беше потребно.. Не погрешив што го слушав срцето пред 10 месеци...
Иако признавам, се плашев но донесов правилна одлука.. Секој ден сум се повеќе сигурна во тоа.
И знај, колку и да те нервирам понекогаш те сакам. Те сакам како што досега никогаш немам сакано. Te сакам затоа што си едноставен и мил, те сакам затоа што си прекрасен.
 
Кога еден круг ќе се затвори,
друга линија се раѓа која ќе го повтори истото движење.
Тоа немирно движење кога ја притиснува судбината,
секогаш одбира друго име од страв да не ја пресретне досадата:
карма,уроборос,реинкарнација...љубовна филозофија.

Подот се топи под уморните прсти на балерината додека
''O Fortuna
velut luna
statu variabilis,
semper crescis
aut decrescis...''

во позадината оддекнува,
публиката станува нервозна,
завесата се спушта по завршената театралност,
аплауз следува или пак ненајавена изведба на драма,
која моите емоции толку маестрално ја пишуваат при секоја
средба со збогувањата.

Еднаш додека трчавме и си игравме во
соѕвездијата застана и тивко ми шепна:
''Нема тишина,нема мир додека Бог е мртов затоа што ние луѓето
не сме создадени за да мируваме туку сме чиста хаотичност,
уметност од сите бои на болката и на соништата.''
Слепо ти верував.

Јас сум едноставна креација од крв и месо,
не сум како тебе,
Земјата е мојата мајка која ме испушти од утробата
откако ги роди лозјата и ги разлеа во вино за да ме нахрани и одгледа,
а ти...ти си бунтовен идеал,мала птица која
пред мои очи уморна од патување и преобразба
умре во пепел и се роди повторно во воздух
давајќи им предност на крилата пред срцето да и зачука.

Злобно го потроши сиот на себе при раѓањето,
за да не можам јас да дишам,да овенам,
немајќи ја твојата моќ да халуцинирам девет животи
да умрам и да бидам засекогаш твоја,
готска кукла наместена на прекрасна полица,
со уредна коса поцрнета од болна поезија.
Сабина.

Кога еден круг ќе се затвори со смрт,
друга линија се раѓа која ќе го повтори истото движење.
Животот.

...Upon your shore as sure as I can say
Be gone,be faraway...


 
Последно уредено од модератор:
Многу ме боли кога гледам дека и пишуваш на друга, тоа што сакам да ми го напишеш мене. :noze:
 
Ти ја сакам невината фаца што ја имаш кога ке се насмееш. Го сакам начинот на кој ме гледаш и се грижиш за мене. Дури ја сакам и твојата љубомора.
Дебело мое, не грижи се, само твоја сум.:pipi:
Те сакам!? Да.
 
Себичен сум...........еден од ретките моменти во последно каде одредена карактеристика почнувам да ја преиспитувам подлабински со акцент на самокритичноста од себе и кон себе.

Нема да биде така. Ќе ја избркам помислата дека сите активности и задачи со кои се судирам секојдневно мора да се реализираат, па сетне да почнам да уживам после целосното нивно завршување. Мора да научам во целата замешаност, растуреност, хаотичност, да го пронајдам патот кој води кон спокојот, местото каде хаосот се претвора во ред и каде редот победува над хаосот..........е таму.......е таму ќе си ти за да ми покажеш дека може да се живее и поинаку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom