Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Се заљубувам... повторно... во тебе.
После толку години поминати заедно, не верував дека повторно ќе доживеам при помислата на тебе пеперутките да ми играат ча-ча-ча во стомакот.
Велат дека никогаш нема да биде како што било на почетокот. Велат откако ќе помине првата фаза на заљубеност, останува само навика.
Ама еве, можело и од навиката повторно да се распламти љубовта. Силна, жешка, искрена. Како некогаш, на самиот почеток.
Но сега знаеме подобро. Нема да дозволиме повторно да завладее монотонија, нели? Ќе знаеме да го одржиме овој пламен што ни ги грее срцата и прави повторно да се чувствуваме како заљубени тинејџери. А не треба да вложиме многу. Само малку, само тронка внимание е доволно за да биде ЗАСЕКОГАШ.
Те сакам. Повеќе од кога било.
 
Ех само да знаеше што сакам да ти кажам...
Знам дека не ти е сеедно...
Мислиш среќна сум?
Јас тоа и го сакав... Ти никогаш нема да дознаеш како навистина јас се чувствувам.
Јас нема тоа да ти го дозволам!
Ке ме гледаш среќна и насмеана за да те боли онолку колку што ме боли и мене, а и повеќе...
Ке кријам се додека болката не исчезне. Мислеше ќе те молам. Ама јас си заминав.
А сега и покрај твојата насмевка јас ти го гледам искршениот поглед. Многу добро те познавам, не можеш да скриеш од мене.
Знам дека ако можеш би го вратил врамето. Ама ти не се каеш за тоа што го направи...
 
Пρемногу е сκапа,многу баρа,а малце дава!:coffee:
 
Колку далеку треба да одам, за да ја најдам и вратам нашата љубов која ти му ја продаде на минатото :( ?
 
Кога те гледам,мислам дека си најубавото нешто што сум го видел.
Кога сум во твоја близина, ми се тресат колената, пелтечам, тресам зелени.
Кога ме погледнуваш, умирам од илјадници громови и повторно се раѓам.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Се караме, се лутиме еден на друг но секогаш си се враќаме.. И кога си лут, уморен или нервозен биди овде, покрај мене... И после се, повторно би те бирала. Во илјада животи, во илјада светови моето срце е само твое, јас сум само твоја.
И го мразам секој ќилометар што ме раздвојува од тебе... Те сакам.
 
Ми го даде најубавиот поклон што можеше за роденден ти благодарам. Прекрасно е чувството кога си покрај мене, сакам да гледам како се смееш, а смешна си ми кога се лутиш (особено кога те зезам и провоцирам :D).Јас сум несмасен трапчо и можеби те нервирам понекогаш али ништо не е со лоша намера. Те сакам „глупичка“.[DOUBLEPOST=1399798998]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom