Slatka mala
*** unique ***
- Член од
- 10 јули 2007
- Мислења
- 652
- Поени од реакции
- 2
Знам дека испаднав идиотка што не ти кажав и што криев. Но, не ми беше лесно да те гледам како си со него и немаш претстава кои се` зборови се излезени од неговата уста за тебе од гадни погадни, навредливи, понижувачки.
А јас? Знаев се` , но ми беше премногу тешко да ти кажам. Ме прашуваш зошто?! Можеби ќе звучам како луда, ама немам појма. Ми беше страв да ги изговорам сите тие работи
Имаш право да се лутиш. Тешко ти е. Тоа беше шок за тебе. Се чувствуваш повреден, изигран. Не ти е толку тешко поради него, напротив за мене ти е. Кукавица сум, да. Немав храброст да прозборам. Имав две опции и ја избрав полошата. Можев да го изгубам него или тебе. Сега ти си тој што го губам. Ако. Заслужив. Јас сум само еден лицемер кој незнае што да прави во одредени моменти и кога на некој највеќе му требам се губам, исчезнувам, се мразам самата себе. Имаше толку високо мислење за мене, за тебе бев нешто нај.... секогаш така ми велеше. Немаше зборови со кои можеше да ме опишеш. А сега? Сега се спуштив толку ниско, срамнета со земја. Но, барем знам сама сум крива за тоа.
Те повредив на начинот на кој никогаш не си очекувал, ти забодев нож во грбот, те разочарав. Заради тоа и ми е најтешко. После се` што направив за да стекнам доверба, сега велиш дека никогаш не си ме ни познавал. Можеби и имаш право.
Уништив се` што имавме. А толку ни беше прекрасно заедно.
Но, тоа е. Ќе ја почитувам твојата одлука, иако со оглед на тоа што кга ја соопшти беше на точка вриење, очекувам и да се смени, но мали се шансите. Те зае*ав и сега веќе ништо нема да биде како порано.
Криво ми е, не викам не. Те сакам и нема да ми биде лесно да те гледам од далечина. Барем да не се гледаме, побрзо да те заборавам и тебе и се` што се случи.
Иако јас сум крива и нема никакво оправдување за тоа што го направив, едно е сигурно. Колку и да викаш дека ти е тешко што испадна вака и ти е криво, ти значам и бла бла, да беше тоа толку силно, ќе поминеше преку ова. Ќе се лутеше недела, две, но да дозволиш врската да прекине.... Па можеби и не била толку цврста. Иако сум виновна, мислам дека овојпат нема да се борам. Веќе ништо не вреди. Не ме гледаш со истите очи. Не можеш ова да ми го простиш и не те обвинувам поради тоа.
Имај среќа во животот. А јас те сакам и претпоставувам ќе продолжам. Не можам да сторам ништо. Овјпат сум со врзани раце. Враќање назад нема. Неможам ништо да променам.
Знај само дека секогаш ќе бидам тука за тебе, а ти ќе бидеш во мене, таму секогаш ќе живееш, се до оној момент кога ќе помине доволно време да избрише се` .
Ти не направи ништо за јас да го променам моето мислење. За мене беше и секогаш ќе останеш моето смотанко шеќерче.:back:
П.С. Мислам дека ќе треба да оладам од темава.