пак рано наутро...и пак јас пишувам на темава...и пак не сме заедно,Шокинг! ама овој пат по моја иницијатива...извини...се обидов да го обновам она што го имавме,да те сакам на начинот на кој што те сакав толку силно и толку долго...ама неможев,пет дена бевме заедно...и сватив дека треба да продолжам да си се придржувам до моето правило- коа ќе се скрши една вазна, колку и да ја лепиш нема да биде иста како порано...така беше и со нас мило.Тоа што го имавме,ти го скрши на милион делчиња и сега и покрај тоа што не заслужи ја ти дадов шанса да го залепиме...и го залепивме ама мене не ми се допаѓаше,не те осеќав како порано...и дај престани со тоа ДРУГАРИ,неможеме да бидеме другари за жал,нит ти ниту јас сум способна за тоа...фала ти за прекрасниот период што го поминавме заедно,фала ти што ме сакаше како никој до сега,фала ти што ми даде шанса да сакам ко никој до сега и на крај фала ти за ова што се деси изминативе 5 дена за да можам да продолжам понатака...
Само ти посакувам да се средиш самиот себе,да се пронајдеш,и да најдеш некоја што ќе те сака барем приближно на тоа што те сакав јас...некогаш...
п.с: најчудно од се е што пак раскинавме на истиот датум ко и минатиот месец :nesvest:
п.п.с:Тао