Најдраг....
Величествено е кога се судираат егоа со јачина на... не знам... Супер нова експлозија... И ништо не се случува,а љубовта трепери во воздухот, како свеќичка пред да ја дувнеш...Така кревко, така незаштитено, но знаеме. Си знаеме. Но кој прв да почне? Гордост и суета, какви глупави појави...
А, да...
Ти, будало, ме смееш. Многу. И прекрасен си.
Ах, далеку далеку...Како на небо.
2 дена се неаме видено... :nesum: Едвај чекам утре вечер да те видам, да те изгњавам, да те изнагушкам, да те изнабацуам, да наплатиме за овие 2 дена.. Едвај!!! Те сакам мило, секој момент се повеќе :back:
Нема секунда а да не мислам на тебе. Овие девет месеци се буквално магични за мене..од самиот почеток па се до сега се чувствувам како во некоја бајка, некако маѓепсана од тебе
Секој поглед, секој допир, секој бакнеш, секоја прегратка не прави уште поблиски, прави се повеќе да те засакам. Сега сфаќам што мислеле со тоа `љубовта не знае за граници`..едноставно, нема што не би направила за тебе:wub:
честито 9 месеци сонценце, сигурна сум дека ќе дочекаме уште многу.
те сакам:back:
Ти реков дека немат да пишам во темава зш ако почнам да пишам ќе се заборам и не ќе имат место на кајганава за толкав пост, остај то дур го пишам ќе дојт лето и ќе те видам така да џабе сеа шо да се жалам дек ми фалиш и слично ама морав бар да напишам дека ТЕ САКАМ, меченце мое најубо. :love2:
Ej, фала на прекрасниот ден слеш вечер. Жалам за околностите.
Te сакам. Јави се да ме разбудиш сабајле.
Ако спијам ке те сонувам за возврат. Веројатно 2-3 саати ке имам можност, ама ке преминам на главното во сонот.
Без предигра вечерва. Kiddin. Те мислам.
Бидејќи гледам дека пак почнаа да се забушава на темава, повторно мало потсетување. Обидете се на темава да бидете покреативни и пишувајте повеќе од една реченица. :smir:
ВАЖНО!
Од денес,темава поинаку ќе функционира.
- Прво сите постови кои содржат само смајлиња се и ќе бидат бришени.
- Второ приметив и доста оф - топици и сеири.Секое мислење кое ќе искажува љубов спрема саат,телефон и слично ќе биде бришено.Не мора да пишувате колку да напишете нешто.
- Трето,би ве замолила да бидете малце покреативни и постовите да не содржат само два збора. Сепак овој подфорум не е играчница и не треба да служи само за билдање постови.Исто така има членови кои имаат доста мислења на темава,но 95 посто од тие мислења се со содржината : Те сакам и ми фалиш.Не мора секој ден да пишувате те сакам.Барем потрудете се да бидете различни и креативни,а не постојано во секој пост постојано да се повторувате.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.