Не е до толку поврзано со љубовта но сепак сакам тука да се искажам..
Ќе почнам со благодарам.Ти благодарам тебе.Ти ме спаси онаа ноќ од бездната во која за малку ќе пропаднев,ќе потонев.
Повторно како во старите времиња ти ми помагаш да си ја вратам силата..што ми е многу мило.Се надевам дека повторно и јас ќе ја имам таа можност да те дигнам кога ќе паднеш(иако несакам да се случи тоа).
Ти благодарам што секогаш си тука,се надевам ќе бидеш и понатака,зашто никој не го чува мојот грб толку добро како ти.
Да,ти.Ти ме знаеш најдобро.Го знаеме и двајцата тоа нели.Сепак,ретки се оние личности кои се толку слични на тебе што на моменти се чудиш како и зашто воопшто исто размислуваат како тебе.
Сакам да знаеш дека,како што ти си тука за мене,така и јас ќе бидам тука за тебе.Во билокој момент,билокое време.Веќе го знаеш тоа знам,но сепак,чуствувам потреба да го кажам.
Од многуте работи што ги научив од тебе,поважното е дека,не треба никогаш да се предадам,колку и да биде мачно и црно,секогаш треба да се борам,секогаш треба да бидам цврста до крај,без разлика колку луѓето или ситуацијата ме повредува и расцепува на парчиња.
Благодарам што ја врати силата во мене,благодарам што ми помагаш,благодарам што си тука.
:back:
п.с.фала ви,ве сакам од се' срце!:smir

си знаат кои се

)
п.п.с.Што се однесува до тебе...
Се надевам ќе се видиме во подобри денови драг пријателу,се надевам некогаш ќе ја запознаеш вистинската Мартина.