6 саат сабајле,а јас сум будна и пишувам на темава...можеби зошто вчера заврши еден период во мојот живот кој никогаш нема да го заборавам...7 месеци со тебе...иако викав дека се што има почеток има и крај,никогаш не помислував на крајот и во никој случај не бев подготвена за него,а очигледно требало да бидам...
толку лефтерно дојде,кажа еден куп бесмислени лаги,кој што постојано ги кажуваше и мислеше дека ти верувам...а никогаш не беше така,само ќутев бидејќи те сака(сега незнам што да пишам в или м...нека остане празно)...знам дека немаше врска таткоти со целава ситуација,туку од моментот кога отиде во охрид ја имав онаа глупава ебана интуиција што за жал секогаш до сега се покажала вистинита и понекогаш се мразам себеси зошто ја имам,али овој пат ја игнорирав,мислев дека претерувам и дека само ми фалиш и затоа така се осеќам.Се врати,не беше баш исто...не беше исто во изминатите месец дена,меѓутоа сега беше поразлично,почна да збориш за некоја си Ксенија,која наводно се смувала со другарти

во тој момент знаев дека се ближи тоа што се случи вчера,осетив дека те губам беше само прашање на време...
во врска со љубовта сакам да ти кажам само...фала за изминатите 7 месеци,бев неизмерно среќна,неможам да те мразам за тоа што го направи и не сум воопшто лута или гневна а можеби треба,но неможам да кажам ни дека те сакам...ти посакувам се најубаво во животот,ти посакувам да ти помине овој глуп период за кој тврдиш дека е една од причините за крај,ти посакувам да успееш во тоа што си го имаш наумено и ти посакувам да осетиш љубов како онаа што ја осеќав јас и да заврши со среќен крај...
уште еднаш за крај:
те сакам сонце...Тао...