Цел културен и цивилизиран западен свет Комунизмот го израмнува со Фашизмот а тука има сеуште такви кои мастурбираат по Тито и тоа време ...
Ајде ајде доста со плачење излезете надвор прошетајте и тоа каде што има поголема маса на народ, не се проаѓа од сообраќаен метеж, по еден човек ги управува автомобилите, навистина ретко да се види стокец, југо, фиќо, лада и сл. поголемиот дел од популацијата и машка и женска и возрасна и млада е обезна/дебела а тука читам фрижидерите биле празни, нема дете што нема смартфон во него како и таблет, нема дом во кој нема минимум еден компјутер + кабловска и интернет, летно време Скопјево е полу-празно бидејќи сите се фатени по некое море секако големите буџи одат на Кариби, Сејшели или Малдиви а оние ’’голтарите‘‘ одат само до Грчка, Турска, Хрватска, можеби и Шпанија ...
Погледнете ја посетеноста на ресторантите, кафичите, кафаните, диската, трговските центри(кои патем се изотворија на секој чекор низ градов последниве години), се прават Ивкови слави и свадби кај народов огромни пари се фрлаат за глупости и непотребни китења и ку*чења, погледнете ја гардеробата која се носи(особено кај помладите па и кај добар дел од повозрасните), кров над глава има секој(куќа или стан вотева) ок тој кров над глава кај многумина е создаден во екс системот но сепак постои како кров над глава, а башка и многу објекти(на пр. куќи) се изградени и после 1991 година и тоа огромен број, а па за станбени згради да не правиме муабет погледнете и сами на секој чекор изникнуваат десетокатници како печурки а за воља на вистината за краток период после градењето и сите станови во тие згради биднуваат купени !
Јас барем сум реален човек и си признавам малку заработувам и живеам доста скромно за разлика од поголемиот број на граѓани во државава, но се чудам секојдневно од кај народот наоѓа пари за сите овие гореспоменати работи, со просечни плати од 200 евра сите овие работи ?? излегувања, гардероби, моди, скапи смартфони, таблети, лап-топи, одмори по странство(без разлика зимски или летни), јадење, пиење, свадби, слави, родендени, нови-години, нови автомобили, а плус и школување на децата(денес 99% од младите се по факсови нешто што во минатото беше/било енигма) остварливо само за доста помал дел од популацијата !
Јес да има и сиромаштија но во далеку помал процент од оние проценти што на ТВ се кажуваат ... 30% сиромаштија, ако е сиромаштијата во МКД 30% тогаш до сега тука тони крв ќе течеа а собранието и владата досега неколкукратно ќе гореа, ќе летаа глави на политичари и ред други ствари, според мое лично мислење или имаме тука во државава огромна сива економија каде што институциите немаат никаков или многу мал увид или незнам што ќе да е друго !