Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Неколку страни наназад некој спомна за тоа колку македонски филмови се снимале во СФРЈ, еве на МТВ деновиве ги даваат традиционално сите илинденски и револуционерни играни филмови, високо буџетни и многу квалитетни за тоа време, а и денес.

Е зошто денес 25 години независна македонија не успеа да направи еден високобуџетен игран филм со историска тематика како овие, зошто 10 години т.н. патриотска влада не успеа да сними ниеден таков филм, па мора со децении „Република во пламен“ или „Најдолгиот пат“ и другите ремек дела да се репризираат (што во воопшто не е лошо, не верувам дек денешниве мизерии ќе снимат поквалитетно нешто).

Освен еден куп документарци со сомнителна историска релевантност, полни со лични ставови на авторите и историски ревизионизам, не се успеа ниеден филмски спектакал да се сними, ни за Илинден, ни за ВМРО, ни за НОБ.
 
Хм, дури и србите кои беа најгласни пред војните против Тито, сега им било поарно во СФРЈ. И хрватите кои беа активни во собранието против останување во сфрј...Ами кога ќе изгубиш нешто, ќе сфатиш колку вреди. Или кога ќе ти е тешко ама кога ќе дојде уште потешко, ќе сфатиш дека она тешко било ништо према она потешко. Арно велат, каде е дното.
Најјаки се Србите. Пред некое време гледав анкета од некоја српска ТВ, прашањето за српските граѓани беше: Каде повеќе би сакале вашите деца да живеат -- ЕУ или Русија? Србите како докажани русофили на анкетата се изјасниле со 90% во корист на ЕУ. :icon_lol: :icon_lol:
 
А сега функционери се без партиски книшки или со книшки од други партии???
Кај шо е на власт некоја партија - нивни членови се на функции.
Во СФРЈ маше директори и без книшки на СКЈ, раководство на фабрика или комбинат го бираа работниците а не партијата, денес кога ќе се смени власта не се менуваат само директори туку и шефови, раководители па дури и портири и чувари добиваат други работни места. Не е критериум способност или успех туку единствено книшка. И кога таков кадар ќе ја утне работата или направи криминал - се прикрива од јавноста се отфрлаат тужби или држат во фиоките а актерите се преместуваат во други министерства или институции.
Во СФРЈ 10% од населението беше член на партија а вработеноста беше 80-85% од работноспособно население, така да таа изрека “се вработуваа само со книшки“ не е точна
ВМРО логика,не чинела југославија оти неможело државно да работиш без книшка од владеачката партија :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol: Секој ден се по мизерно и по мизерно:oops:
 
Не баш така. Ако беше за службени возила тогаш бонот нема да имаше датум за кој месец е валиден! Погледни убаво, после биди дрвен адвокат.


0YZzgHP.jpg
[DOUBLEPOST=1438320825][/DOUBLEPOST]
А си гласал ли за претседател?
Да цитирам ли еден ептен десно ориентиран конзервативец од титовото време за демократијата и гласањето за претседател? :D:D[DOUBLEPOST=1438323871][/DOUBLEPOST]

Филмови, култура, и други слични глупости произлегуваат кога една заедница ќе направи доволно средства да може дел од нив да ги фрла на ветар. Без нив се живее, со нив животот е поубав. :)

Така и за сите останати работи. Се живее и без Јадран, се живее и без СФРЈ, се живее и без ЈНА, итн. А дали животот е поубав? Не знам. Многу ретко среќавам среќни луѓе. Многу ретко. Можеби не штрајкуваат, не се дигаат на бунт, не се громогласни, но се несреќни.

Каде е еланот од 91ва? За ново, за наше, за поубаво, за посредено, за побогато, за посреќно? Македонија е на пола од возраста на СФРЈ, и сеуште ја нема долговетуваната слобода и благодет. Прангите сеуште стојат. Несреќата, меланхолијата и апатијата се секојдневие од кое не може да се избега. :(
 
Последно уредено:
Мандраче, зборам за партии, не за љубители на опијати...;) ....................тоа зунзарата на капа ти е стварно ко буф голема....
Toj податок може да е само од 1989 година, непосредно пред распадодт и по доаѓањето на Анте Марковиќ кој со воведување на лимитирана парламентарна демократија се обидуваше да ја спаси СФРЈ...или пак спротивното.[DOUBLEPOST=1438337179][/DOUBLEPOST]
Овој бон не е истиот за кој ти тврдиш дека е за бензин за службени возила. Оној беше со точно одреден месец за кој се однесува и за 10 литри бензин![DOUBLEPOST=1438338393][/DOUBLEPOST]
ВМРО логика,не чинела југославија оти неможело државно да работиш без книшка од владеачката партија :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol: Секој ден се по мизерно и по мизерно:oops:
Во СФРЈ се беше државно, а дека тие со книшка од СКЈ имаа приоритет при вработување на било кое работно место, тоа беше јавно декларирано и познато!
 
Последно уредено:
Како беше она
  • Турски серии
  • Српски шоуа
  • бугарски пасоши
:ojeaa: МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА :ojeaa:
а тоа малку убоо што виде македонецот плукај и омаловажуј ТИТО и СФРЈ за ништо не чинеа, битно
Александар стигна до Индија :oeoeoe:
 
Во СФРЈ се беше државно, а дека тие со книшка од СКЈ имаа приоритет при вработување на било кое работно место, тоа беше јавно декларирано и познато!
А сега како е?
 
За татковината со ТИТО напред!!!!..или како беше она....НИЕ другари ке јадеме со златни вилушки и лажици......
Ама тоа НИЕ било за нив а не за народот........
 
А сега како е?
Сега се цени само успех, чесност, знаење...
Дури и избегаваат да вработуват некого со партиска книшка и покрај то шо е успешен само да не кажат луѓето дека ете со врски се вработувало. Најубо денес да не си во партија ако сакаш да се вработиш
 
За татковината со ТИТО напред!!!!..или како беше она....НИЕ другари ке јадеме со златни вилушки и лажици......
Ама тоа НИЕ било за нив а не за народот........
Сите беа еднакви, ама некои беа поеднакви од другите! ;):)[DOUBLEPOST=1438372494][/DOUBLEPOST]
Сега се цени само успех, чесност, знаење...
Дури и избегаваат да вработуват некого со партиска книшка и покрај то шо е успешен само да не кажат луѓето дека ете со врски се вработувало. Најубо денес да не си во партија ако сакаш да се вработиш
Добро бе Менде, ај ако треба за во државна администрација партиска книшка, иако не би се согласил со тоа тврдење зашто член од мое пошироко семејство се вработи во државна служба без да е член на ниту една партија, да кажеме ок. Ама во приватна фирма да се вработиш никој не те прашува за партиска определба туку го интересираат токму епитетите кои ти ги спомна и наброја.[DOUBLEPOST=1438372651][/DOUBLEPOST]
А сега како е?
Многу подобро! Кога одиш да конкурираш за работа во приватна фирма, газдата не го интересира твојата политичка определба и припадност туку колку можеш да бидеш успешен на работното место за кое конкурираш. Во СФРЈ сите претпријатија беа државна сопственост па единствената владејачка партија си ги мешаше рацете и во најпосраното претпријатие при прием на нововработени!
 
Последно уредено:
Добро бе Менде, ај ако треба за во државна администрација партиска книшка, иако не би се согласил со тоа тврдење зашто член од мое пошироко семејство се вработи во државна служба без да е член на ниту една партија, да кажеме ок. Ама во приватна фирма да се вработиш никој не те прашува за партиска определба туку го интересираат токму епитетите кои ти ги спомна и наброја.
A бе феномен си, нема дел од Македонска историја каде ти не си замешан фамилијарно, ако се формира Македонија - твоите ја формираат, ако се оди голи оток - твоите одат голи оток, ако е некој под прогон од УДБА - твоите се прогонети од УДБА, ако некој избегал од Солун и оставил таму куќи и дуќани - твоите биле, ако некој бил примен на државна работа без книшка - некој твој роднина бил Да се најде список на Македонци кои го носеле ковчегот на Александар, гарант некој твој предок ќе биде таму
Па ти си клучен историски доказ за Македонија и партијата на власт, треба да те пазат и чуваат како национално богатство, 2500 години историја собрани во еден чоек
Види дете, вработените кај приватникот ќе играат како газдата вели без оглед на партиска припадност, или ко шо рече Циле (газда на приватна фирма) на снимениот разговор ко му рекле дека некои од неговите работници не гласале за партијата на власт “Кажи кои се одма ќе ги избркам од работа“ А јас имам одлично такво искуство со газда на голема приватна фирма во време на избори. Фирмата која е блиска до власта добива мрсни тендери и и се гледа низ прсти ко ќе дојдат инспекции, али зато то мора да се одработи и во време на избори да се убедуваат, заплашуваат и условуваат вработените како и за кого да гласаат. Така да ти биди и од сдсм или пцер ко ќе си во приватна фирма блиска со власта на ден на избори мора доообро да пазиш за кој ќе гласаш или случајно некој да не дознае дека не си гласал за „нашите“
 
SFRJ - FYROM
исто срање, друго паковање
 
Во СФРЈ сите претпријатија беа државна сопственост па единствената владејачка партија си ги мешаше рацете и во најпосраното претпријатие при прием на нововработени!

Сојуз на комунисти на Југославија имаше во 1981 година 2.117.083 членови
9,5% од население на Југославија беше во партија
90,5% од население не беше во партија
Вработени во СФРЈ во 1981 имаше 8.779.735
значи под претпоставка дека апсолутно сите со партиски книшки биле вработени (а не биле пошто имаше тука и многу пензионери, студенти...) али ете сите биле вработени, останати 6.662.652 биле вработени БЕЗ партиски книшки.
Имало 3 пати повеќе вработени без одколку со книшка (веројатно и повеќекратно оти не сите членови на партија биле и работно способни)
Денес и за чистач и за портир - треба да си во партија
 
Многу подобро! Кога одиш да конкурираш за работа во приватна фирма, газдата не го интересира твојата политичка определба и припадност туку колку можеш да бидеш успешен на работното место за кое конкурираш. Во СФРЈ сите претпријатија беа државна сопственост па единствената владејачка партија си ги мешаше рацете и во најпосраното претпријатие при прием на нововработени!
Да тоа во 1% од македонските фирми. Што правиме со сите други фирми во кои власта замешала прсти и со сите административци?

А, како тоа во Југославија требало книшка за обично вработување? На некој твој близок сигурно му побарале нели :pos:? За шефовите на фабриките и големците, да важело тоа правило да имаат книшка ама таа била само колку црно на бело да се пишани и им се барала единствено при унапредување, а потоа ни партијата ги чепкала, ни тие ја чепкале партијата. Сега имаме армија административци кои на фејсбук имаат дневна норма на коментари и лајкови, кои ако не ги исполнат имаат минус во комитетот и ти викаш дека е многу подобро. :bravobe:
 
Во СФРЈ сите претпријатија беа државна сопственост па единствената владејачка партија си ги мешаше рацете и во најпосраното претпријатие при прием на нововработени!

`89 година јас имав една од подобрите плати во СФРЈ,

Mандраче, комуњаро стара, кој секретар на партија тебе те вработи во СФРЈ да земаш „една од подобрите плати во СФРЈ“ !!??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom