Во сообраќајна несреќа загинаа Дј Пантер и Дј Бруце(Супер Радио - Охрид)

  • Креатор на темата Креатор на темата Scofield
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Познатите локални ди-џеи од охридското Супер радио, 31-годишниот Влатко Пантовски (ди-џеј Пантер) и 23-годишниот Наум Аврамоски (ди-џеј Бруце), ги загубија живототите во тешката сообраќајната несреќа, што синоќа околу 21 ч. се случи на магистралниот пат Охрид-Битола, кај планинскиот превој Буково. Во несреќата со полесни телесни повреди се здобил нивниот сопатник, Јане Стефаноски, кој е надвор од животна опасност.



Сообраќајната несреќа се случила во моментот кога возачот на товарно возило, марка ,,Волво“, со албански национални ознаки движејќи се на планинскиот превој ,, Буково“ во правец кон Охрид, преминал на спротивната сообраќајна лента, каде во правец на Ресен се движело патничко моторно возило марка ,,Форд Ескорд,, со охридски регистарски таблици со кое управувал сега покојниот Пантоски. Притоа, дошло до судир помеѓу задниот лев дел од полуприколката на камионот и предниот лев дел од патничкото моторно возило кое од ударот се превртело и излетало од коловозот. На местото на несреќата бил извршен увид, поради што сообраќајот на патниот правец Охрид - Битола три часа бил во прекин.По наредба на Истражен судија, а поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, возачот на товарното возило е задржан во СВР Охрид .

По повод загинувањњето на младите ди-џеи, охридската медиумска заедница денеска одржа комеморативна седница.

Извор:http://telma.com.mk/vest.aspx?vest=2418


Почивајте во мир.Вечна Ви слава!
 
Нека Почиваат во Мир..Тажно навистина:(
 
Тажно...многу тажно.Ептен млади се...

Почивајте во мир.
 
Не сум слушнал за нив и не ги знам момциве, но тоа не е важно... сепак многу млади си заминале од овој свет. Нека почиваат во мир.
 
Штета, згаснаа млади животи:(

R.I.P.
 
R.I.P... Навистина штета... :nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom