- Член од
 - 20 август 2007
 
- Мислења
 - 2.252
 
- Поени од реакции
 - 312
 
Познатите локални ди-џеи од охридското Супер радио, 31-годишниот Влатко Пантовски (ди-џеј Пантер) и 23-годишниот Наум Аврамоски (ди-џеј Бруце),  ги загубија живототите во тешката сообраќајната несреќа, што синоќа околу 21 ч. се случи на магистралниот пат  Охрид-Битола, кај планинскиот превој Буково. Во несреќата со полесни телесни повреди се здобил нивниот сопатник,  Јане Стефаноски, кој е надвор од животна опасност.
 
Сообраќајната несреќа се случила во моментот кога возачот на товарно возило, марка ,,Волво“, со албански национални ознаки движејќи се на планинскиот превој ,, Буково“ во правец кон Охрид, преминал на спротивната сообраќајна лента, каде во правец на Ресен се движело патничко моторно возило марка ,,Форд Ескорд,, со охридски регистарски таблици со кое управувал сега покојниот Пантоски. Притоа, дошло до судир помеѓу задниот лев дел од полуприколката на камионот и предниот лев дел од патничкото моторно возило кое од ударот се превртело и излетало од коловозот. На местото на несреќата бил извршен увид, поради што сообраќајот на патниот правец Охрид - Битола три часа бил во прекин.По наредба на Истражен судија, а поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, возачот на товарното возило е задржан во СВР Охрид .
По повод загинувањњето на младите ди-џеи, охридската медиумска заедница денеска одржа комеморативна седница.
Извор:http://telma.com.mk/vest.aspx?vest=2418
Почивајте во мир.Вечна Ви слава!