Влатко Стефановски ќе објави албум со блуз
Прочуениот македонски гитарист Влатко Стефановски денеска најави дека наскоро ќе издаде албум со блуз музика, што ќе биде поинаков од албумите на сите блуз гитаристи.
Својот нов проект, Стефановски го најави на денешната промоција на постпејд понудата на Вип операторот, чиј што прв корисник стана токму тој.
„Сакам да го најавам пректот со кој што деновиве се занимавам, а тоа е подготовка за еден блуз албум, за кој што очекувам нумерите да ги одсвирам поразлично отколку на она што сме навикнати од сите блуз гитаристи“, рече Стефановски
Тој најави дека по објавувањето на албумот ќе одржи неколку концерти, а целиот проект очекува да биде поддржан од Вип операторот.