Влада на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
 
https://revolucioner.press/екслузивно-пронајдена-прашкасна-мат/?fbclid=IwAR1M1_SfRPiPyGOAFp0T7TZd-az8yBcjxueDRvZIWZ_F_CG9FEEJy5qESRY

ова треба да е олеснителна околност, бидејки дилерите со прашак се донатори на владеачката партија, тие си добија квиско пасоши и избегаа во Косова кога беше ѓоа рацијата, тзв. Планина
Автоматски споено мислење:

да, тече постапка за дивоградби, но затоа станбени згради во градот, далеку од брегот, што не се ни во заштитено подрачје ни под Унеско, тешко со исправки на дубари од инвеститорите кој граделе за времето на Петрески ... и не само тоа, дури и грешно се уцртани во ГПС ПОС систем и не сакат да исправат, демек да заврши легализација, а всушност што и да се гради од подземна инсталација ќе има проблем, мора во ГПС пос систем секоја градба треба да е уцртана точно, независно дали е легална, со некој погрешки или дивоградба..
И не само во Охрид, па и во Скопје, дузини станбени згради имаат грешки, некој станари до 2002 усппеаја да си ги впишат балконите, некој не, сега има згради пола со нелегални балкони пола со легални, а сите се од инвеститори праени...Шиљо се праи луд, нема да легализирал колективни станбени згради, треба народ да стегне тужби до Стразбур, всушност и за дузини други работи...
 
Последно уредено:

ПОЧИНА 19-ГОДИШНОТО МОМЧЕ ШТО ДРЖАВАТА ГО ОСТАВИ БЕЗ ИЗВОД И ЗДРАВСТВЕНА КНИШКА, ЕДИНСТВЕН ДОКАЗ ДЕКА ПОСТОЕЛ СЕ ПЕТКИТЕ ВО СВИДЕТЕЛСТВАТА

Iako vakvi i slicni covecki sudbini gi ima mnogu vo Makedonija retko postiram. Ama ovaa prikazna nekako posebno mi ostavi pecatok. Ke komentiram samo edno: Drzava koja e stetna za svoite gragjani ne zasluzuva da postoi. Tolku.

Prv del od 2019ta: https://sdk.mk/index.php/neraskazha...i-drzhavata-ne-mu-go-priznava-rodeniot-tatko/
 
Последно уредено:
Гледам Европа му ставила жилет под јајцата на Заев за да ја поскапи струјата. И во Србија се случува истото. Со истиот наратив за намалување на загадувањето!

Ова нема врска со инвестициите во зелената енергија. И да има, крајниот корисник тоа не треба да го засега. Најди начин да произведеш повеќе и не увезувај струја. Една од подобрите мерки им беше враќањето на евтината тарифа на струјата. Сега и таа мерка е засенета.

Технолошкиот прогрес служи како алатка за намалување на трошоците, а не за зголемување. Во овој момент, за нас, најевтината алтернатива е и најдобрата алтернатива.

Лани струјата поскапе затоа што електроенергетските компании беа во криза, па удри на граѓаните кои никогаш не се во криза! Нека ги тргнат идиотите од Регулаторната комисија.
 
Да бе ефтината тарифа била добра работа, исто и либерализацијата била добра работа,
добра е можеби за некој, ама генерално лоша е за народот оти ќе ти доведе до поскапа струја.

Ај да не ги тражам старите постови, ама убаво велевме дека на долг рок ќе ја поскапи струјата.

Еве и зошто да образложам, либерализацијата на пазарот владата на ВМРО (и ДУИ де) не сакаше да ја воведе бидејќи компаниите плаќаа повисока цена на струјата и дефакто ги субвенционираа граѓаните,
ама владата од СДССМ (со ДУИ, овие се само за права не се замарат со други работи) ја воведе либерализацијата и сега компаниите ги нема да ги покриваат трошоците на граѓаните.

За да нема поскапувања на струјата и од либерализацијата и од ефтината тарифа, ЕЛЕМ (сега се вика ЕСМ) реши да се откаже од својот дел на поскапување само за да има мир во куќата, што значи фирмта работеше на работ кон профитабилност.

Е оваа година поради неспособното работење и крадење (сите знаеме за багерот на Кочан, а не дека имаше двојно помала цена одколку овие што копаат сега) и се случија испади во блоковите на РЕК Битола, се погоди сушна година и акумулациите празни и оп сега се појави проблемот дека ЕЛЕМ нема пари за леб да купи и мора некој да му даде пари, ние.
 
Што фали со евтината тарифа? Либерализацијата, ако донесе нов гигант на ова поле, би било одлично. Ќе има конкуренција. Само пазарот е мал, ограничен и веќе ЕСМ има пуштено краци на сите страни. 98% од производство на струја!

Ова што се случува е класична злоупотреба на монополската положба. Џабе е регулаторното тело кое го имаат во малиот џеб. Будала беше оној што го продаде контролниот пакет (51%). Бонбона бизнисот на Рада. Струјата поскапува, тоа е факт.

Инаку, Заев си постави свој човек на раководната функција на ЕСМ. Зошто јас да ја плаќам цената поради неговото лошо менаџирање? Зошто да се зголеми цената на струјата кога технологијата и реконструкцијата би требало да ја поевтинат струјата? Од менаџерски аспект, ако крајните трошоци се зголемат, па и самиот производ, проектот се стопира или умртвува и се бара нова алтернатива. Треба да се намалат производствените трошоци и цената на производот да остане иста. Така имаш поголема маргина на профит. Ризично е да се зголеми цената на производот. :)
 
Јас на сите што копаат дигитални валути, би му опнал да плаќаат индустриска струја и би му укинал ефтина тарифа.
 
Што фали со евтината тарифа? Либерализацијата, ако донесе нов гигант на ова поле, би било одлично. Ќе има конкуренција. Само пазарот е мал, ограничен и веќе ЕСМ има пуштено краци на сите страни. 98% од производство на струја!

Ова што се случува е класична злоупотреба на монополската положба. Џабе е регулаторното тело кое го имаат во малиот џеб. Будала беше оној што го продаде контролниот пакет (51%). Бонбона бизнисот на Рада. Струјата поскапува, тоа е факт.

Инаку, Заев си постави свој човек на раководната функција на ЕСМ. Зошто јас да ја плаќам цената поради неговото лошо менаџирање? Зошто да се зголеми цената на струјата кога технологијата и реконструкцијата би требало да ја поевтинат струјата? Од менаџерски аспект, ако крајните трошоци се зголемат, па и самиот производ, проектот се стопира или умртвува и се бара нова алтернатива. Треба да се намалат производствените трошоци и цената на производот да остане иста. Така имаш поголема маргина на профит. Ризично е да се зголеми цената на производот. :)
Ајде прво да кажеш кој е тој гигант што би дошол овде да инвестира во производство на струја, дали сме способни да имаме нуклеарна централа, НЕ, дали можеби ќе има термоцентрала на јаглен, НЕ оти немаме јаглен, дали некој би правел на гас, пак НЕ, веќе го имаме ТЕТО и не е баш успешна приказна, можеби на нафта, ама и такво нешто имаме ТЕЦ Неготино кое не работи со децении.

Значи останува водата и ветерот, сонцето е ептен прескапо за производство, ама и водата и ветерот ПАК се поскапи од нуклеарната и термоенергијата, ветер нема многу потенцијал кај нас, оној ветропаркот кај Богданци е на кредит, а за Чебрен и Гариште се бара инвеститор долго време, ама условите не и биле поволни и никој не сака да ги гради, но да речеме дека и се ќе се изгради, пак е прашање дали ќе се задоволат нашите потреби.

И многу битна работа со твоите инвеститори е што никој нема да ти гради ветерници за мала заработка, кога со истите трошоци ќе направи во Германија за многу поголема заработка, освен ако сакаш да да ги финансираш со покачена цена на струја.

Либерализацијата не велам дека е лоша работа, само владата требала да пресмета дека товарот од фирмите ќе се префрли на граѓаните, дволичноста на владата е што уверуваше дека нема да има поскапување иако секој со малку мозок знае дека нема ништо бесплатно, до денес некоја компанија ти плаќала %, ама понатаму ти ќе мораш да си го плаќаш тој %.

И ефтината тарифа има лоши страни, лошата страна е што треба да се замараш да трошеш само тој определен саат, исто е лошо што секако ноќната цена на струјата е поефтина и владата сака да трошиш од таа струја, на крајот регулаторна кога ќе собере се, сите трошоци ќе виде дека струјата преку ден од 14-16ч што си ја трошел реално чинела пример 5 денари, а ти ја плаќаш 2,5, е па тие 2,5 денари треба некој да ги плати, сигорно погоди кој е тој.
 
Читаш ли воопшто што пишувам? Реков дека би било одлично да дојде некој гигант, но и ги наведов слабостите на пазарот и доминацијата на ЕСМ. Тешко дека некој ќе дојде затоа што е неисплатливо. И да, може да имаме нуклеарна централа. Еднаш одбивме партнерство со Бугарија и Романија, но никогаш не е касно да се приклучиме. Секако, ако не сакаат.

Никој не те тера да трошиш евтина струја, само добро е да ја имаш на располагање.

Сега за сега нема разумна причина за покачување на цената на струјата. :)
 
или стипендии со обврска после студирање да работиш татарија
Доколку се ушемат за време на студирање, обично четири години за бакалавар, на македонските студенти во Бугариjа природно им иде да остануват таму. Повеќе што ги знам добиjа понуда што тешко да jа одбиеш ако сакаш да градиш мирно кариера во културолошка средина слична на македонската. Од аспект на реализациjа, каj Бугарите се бара кадар во скоро сите нишани, од кувари до стоматолози, а тоа што си од РСМ е додатна предност бидеjќи источниот сосед е тешко оптеретен на македонска тематика и романтичарски ги прифаќа Македонците како нешто предходно загубено.

Наjголемите легенди на Македониjа jа бирале токму Бугариjа за место да го продолжат своjот живот така да се работи за историски мошне цврсто воспоставена традициjа за коjа нема потреба од посебни обврски.
 
Читаш ли воопшто што пишувам? Реков дека би било одлично да дојде некој гигант, но и ги наведов слабостите на пазарот и доминацијата на ЕСМ. Тешко дека некој ќе дојде затоа што е неисплатливо. И да, може да имаме нуклеарна централа. Еднаш одбивме партнерство со Бугарија и Романија, но никогаш не е касно да се приклучиме. Секако, ако не сакаат.

Никој не те тера да трошиш евтина струја, само добро е да ја имаш на располагање.

Сега за сега нема разумна причина за покачување на цената на струјата. :)
Никој гигант нема да дојде ако не дојде да заработи пари, имаме една од најефтината струја во Европа, поради тоа за да се држи мир во куќата, кога ќе дојде тој некој ќе сака европски цени, нема 100г да ја враќа инвестицијата, твојте желби се од лошо полошото.

Таа нуклеарката во Бугарија имавме понуди уште ми се чини кога Бранко беше на власт и уште не ја направија таа нуклеарка, со самото тоа сваќаш колку е сериозна таа работа.

Еве нешто напишано пред либерализацијата.
https://www.dw.com/mk/цената-на-струјата-останува-иста/a-49385688

„И покрај негативните мислења искажани за Законот за енергетика и очекувањата за драматично зголемување на цената на електричната енергија фактите покажаа обратно. До 2013, 2014, 2015 година ЕЛЕМ бележеше сериозни загуби од пет, осум, девет милиони евра, а цената на електричната енергија во тие години се качи за 60 отсто. Последните две години цената на струјата е стабилна. Се воведе евтина тарифа за граѓаните која имаше инпакт осум, односно 11 милиони евра во џебовите на граѓаните. Факт е дека ЕЛЕМ стана одлична профитабилна компанија која денеска има акумулирана добивка од 49 милиони евра", изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.
Значи граѓаните заштедиле 8 па 11 милиони евра од ефтината тарифа, на грбот на претпоставуваш која фирма ==> ЕЛЕМ, тие 2 години била стабилна поради што така што се погодило, пред тоа работела со загуба, па еве и сега по неспособното работење, пак работи со загуба, е тогаш да не ја имало ефтината тарифа можеби сега ќе немало покачување.

И нешто уште малку подоле.
Либерализацијата (не)оправдано доцни

Целосната либерализација на пазарот доцни шест години. Претходната влада во 2014. го продолжи рокот за либерализација на струјата за домаќинствата до јули 2020. Ваквиот потег тогаш се правдаше со анализи кои покажале дека излезот на слободниот пазар ќе предизвикало 20% зголемување на сметките за домаќинствата, што од денешен аспект се покажуваат како целосно неосновани.
Тогаш се гледале како неосновани, ама денеска се гледа дека се основани тие 20% што треба да ги плаќаат граѓаните.

Овие се што работеа е да преживеат првиот мандат и да можат во вториот да допљачкаат што има и да спакуваат куферите и да ги нема.
 
Ова е веќе неизлечива болест.....метастазирало.
Сите до еден во Бардовци.....и фрлај клучот во езеро....тоа е лекот.
sds.jpeg
 
БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ: ЌЕ СЕ ПРИВАТИЗИРА ДРЖАВАТА И ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ СО ИНТЕРВЕНТНИОТ ПЛАН ЗА ИНВЕСТИЦИИ

Во разговор за ТВ24 професорот Бранимир Јованиовиќ појаснува дека Интервентниот план за инвестииции треба да подлежи на ревизија - истиот е нереален од многу апскети кои произлегуваат од самиот план внатре преку проектите кои 20 години не се реализирале а ниту ќе се реализираат вели професорот Бранимир Јовановиќ кој посочува дека главниот проблем е што со планот се приватизира државата и природните ресурси - со нив ќе располагаат мала група на моќни луѓе.

„Во суштина не е лошо што Владата најавува план за инвестиции, затоа што единствен начин да се излезе од оваа криза е ако Владата инвестира, ако државата инвестира. И многу други светски економии вклучувајќи ја и најголемата Америка започна со такви планови и од таа гледна точка планот сам по себе не е лош.

Но, она што е лоѓшо е тоа што планот е полн со слабости. Прво е што е скроз нереален, второто е што е полн со слабости - односно со слаби точки внатре во плпанот кога ќе го погледнете, и третото е што планот претставува вовед во приватизација на државата.

Прво, зошто викам дека е не реален планот . Значи тој предвидува 8 милијарди евра во период од 6 и пол години до 2027 година. Што значи дека секоја година треба д аимаме инвестиции од околу една кома две милијарди, една милијарди и двесте милиони евра. Тоа се државни инвестиции и странски директни инвестиции. Ние во изминативе 5-10 години имаме секоја година во просек околу 600 милиони евра, државни и странски инвестиции и сега вие оддеднаш викате ќе го дуплирате тој износ – одеднаш преку ноќ. Тоа е скроз нереално, нема економист што ќе каже дека тоа е можно. Одеднаш преку ноќ да дуплирате износ на државни и странски инвестиции е скроз нереално.

Второ, во однос на слабостите на планот внатре. Значи планот како прво некои проекти коишто ние ги слушаме со децении наназад, не знам Чебрен и Галиште, Вардарска долина, пречистителна станица во Скопје, пругата кон Бугарија и т.н. Сите тие проекти можете да ги најдете во изборните програми на двете партии во изминатите 20 години. На сите избори тие ги спомнуваат тие проекти и тие проекти никако да почнат да се реализираат . Зошто сега оде3днаш би се реализирале кога 20 години, па и оваа влада која што е на власт 4 години не реализираше ништо од тие проекти? Зошто сега би очекувале тие да се реализираат? Многу од тие проекти што се наведени таму – во самиот план стојат, премиерот Заев тоа го кажа вчера, се уште не се обезбедени. Јас го читав текстот на сајтот на Влада, таму пишува дека за одредени проекти се уште не се обезбедени финансии а се ставени во овие 8 милијарди евра. Како наведувате проектио за коишто немате обезбедено финансии?

И, третото што според мене е најзагрижувачки е тоа што планот е всушност приватизација на државата. Зошто - затоа што најголем дел од сите тие проекти, ако го отворите текстот ќе го видите тоа, се всушност јавно-приватни партнерства. Сите тие проекти што се во областа на енергетиката и слично се јавно-приватни партнерства. Улогата на државата во тие проекти е минорна, десет,дваесерт посто нешто така. Значи тоа практично значи дека ќе ги распродавате природните богатсва, убавини на оваа држава, реките, полињата за да се градат соларни централи или што и дае. Ќе ја распродавате државата на некои инвеститори дали домашни или странски не е ни важно, и на тој начин ќе обезбедите економски раст. Значи тоа е приватизација на државата. И уште поважно, предвидено е планот за реализацијата на истиот да ја коордфинира некое координативно тело коешто ќе биде составено од приватни и државни фактори. Од каде тоа, најдете ми друга држава во светот што доверува државни инвестиции, државни работи на приватни сувјекти. Нема такво нешто тоа е недозволиво. Значи се знае дека раководењето со државните институции е домен на власта. Затоа луѓето ве бираат на избори – гласа Собранмие, Собранието бира влада, и владата го извршува тоа. Нема што тука вие да викате приватни субјекти – ќе раководат со извршувањето на државни инвестиции, така што според мене тоа е многу загрижувачки – претставува вовед кон приватизација на државата. И затоа мислам овој план иако во суштина и не е лош но кога ќе го погледнете подетално има многу слабости и мислам дека мора сериозно да се ревидира.

Ако се реализира овој план, ние ќе останеме без држава. Значи се ќе биде приватно и не само што ќе бид еприватно туку ќе припадне на мал број на богати луѓе коишто и сега раководат со државата но тогаш и де факто и де јуре ќе ја имаат државата, ќе ја поседуваат државата.

Стратегијата им е да продадат нешто државно - историјата се чини дека се повторува.“ - вели Јовановиќ.

Гуруто од Муртино апла се фрлил на пљачкање :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom