Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Не знам што проблеми имаат Рек, ама ова со цената го знам прилично доброПобарај ми мислење во темата за поскапувањето, кажав дека тоа е само почетоки ќе следува уште. Причина тогаш беше короната, сега било екологијата, утре ќе е РЕК и тн.
Ако РЕК Битола е во испад во сред грејна сезона, остатокот од капацитетите не можат да компензираат, тогаш се оди на интервентен увоз не струја?
Ова го поставувам како прашање затоа шо МЕПСО пријави загуби, а колку шо се сеќавам беше профитабилна компанија претходно.
Инаку мислам дека може државна компанија да продава по повластена цена на свој пазар, ако капацитетите кои ja произведуваа ел енергија ги задоволуваат највисоките еколошките критериуми на ЕУ, шо се РЕК Битола не е случај, a нема ни да биде после гасификацијата.
Ете уше нешто нафрлено, ограничувањето на производство на електрична енергија од обновливи извори (соларни панели пред се) за физички лица преку хохштаплерски критериуми, и тоа е под притисок од ЕУ?