Читајте подолу што се случува во Струмица, читајте за некултурата и сељанштињата на комњарата во Струмица која сеуште се крсти во ЈУ носталгијата...
Ова не личи на ништо. Што ви се криви музичарите кои дошле во земјоделската Струмица за да во покажат што е култура и да ве искултивираат малку....со мотокултиваторите...
Срамотилаци. Ви се покажа вистинското лице. Не протестирата за правдата, туку само да правите проблеми, без бирање дали попречувате работа на СУД или културен настан...
Затоа Струмица, и покрај трите фонтани изградени од ЗЗ нема никогаш да биде Европа, сељани.
Целовечерниот концерт на Оркестарот за изворна музика на кочанскиот Центар за култура „Бели мугри“ во понеделникот вечерта во Струмица бил прекинат од поголема група граѓани, кои протестирале против притворањето на градоначалникот Зоран Заев. Концертот што требало да трае 90 минути почнал во 21.30, но бил прекинат околу 22 часот. Група од триесетина струмичани застана пред музичарите на отворената сцена пред Домот на културата во Струмица, каде што се одржуваше концертот, и го прекинаа настапот. Сепак, немаше инцидент. Нашите музичари се повлекоа од сцената, бидејќи немаше услови за продолжување на програмата. Домаќините од Центарот за култура во Струмица ги обезбедија сите услови за нашиот настап - изјави вчера Коце Стојманов, директор на кочанскиот Центар за култура. Концертот е дел од манифестацијата „Топол културен бран“, чиј организатор е Министерството за култура.