Ipsissimus
P.I.
1. Добро што признаваш дека е точно, многумина или го негираа тврдоглаво или го игнорираа фактот, дека во библијата ликот на бог луѓето ги создава без сознание за добро и зло, а потоа ги казнува.1. Точно! Пример: еден директор, правејќи дебел тендер за замена на пвц столарија во институција си ги заменува и прозорците дома. Секогаш ќе има такви кои ќе кажат „итар е, се снајде“ и такви кои ќе велат „арамија, треба да го затворат“. Но ако заповедта „не кради“ постои како универзално прифатен морален принцип, ние можеме да си кажеме што сакаме, концептот постои, ни се допаѓало тоа или не. Значи, што во суштина им недостигало на Адам и Ева? Ама баш ништо! Но типично човечки...и тоа не им било доста!
2. Делумно точно! Господ ги создал луѓето за да имаат заедништво, да живеат во хармонија со него и да, да го слават и обожаваат. Тоа е за мене суштината на моралниот концепт - благодарност. Кога моите родители прават нешто убави и добро за мене, јас сум благодарна. Кога било кој ќе направи нешто за мене, колку и да е беззначајно - благодарна сум. Ако тргнам од тоа дека родителите како биолошки создатели најголем дел од тоа што го прават е за доброто на нивните деца, логично е децата да ги идеализираат своите родители и да ги обожаваат. Ви се случило да „акнете“ некого како дете ако кажал нешто лошо за мајка ви или татко ви? Исто е со Господ. Тој е наш Татко и сака ние да бидеме благодарни деца кои ќе го препознаваат и ценат тоа што го прави за нас.
3. Неточно! Ако беше до сакале или не, немаше тука да фрлате дрвја и камења по Господ и Библијата. КОЈ ве спречува? ЗОШТО се нервирате? Човекот е создаден со слободна волја да го прифати или отфрли Бога. Вие верувате дека е измислен, верувајте си! Јас знам дека постои, сеедно ми е дали вам тоа ви се допаѓа или не. Додуша, не ми е баш сеедно... но сепак, одлуката е ваша.
4. Точно! Но како што и самиот велиш, тоа е светот на литературата...
И...ме чуди твојот негаторски став, кога и твоето форумско име има религиски корени (иако не христијански) а да не зборуваме за lapsit exillis... - позајмена „приказна“ со библиски корени![]()
А да казниш некого, кого ти самиот си го создал без сознание за добро и зло, е ништо друго освен садизам.
2. Благодарноста не се наметнува и не се заповедува, таа се заслужува. А кого некому ќе му дадеш на дознаење дека МОРА да те слави, обожава и да ти се покорува, тоа е во најмала рака лицемерие.
Љубовта неможе да се наметне со заповед. Јас моите родители ги сакам, и се наоѓам погоден ако некој каже лошо за нив, затоа што тие безусловно ме сакале и ја заслужиле мојата почит и љубов. Тие не ме седнале да ми кажат, слушај, или ќе не сакаш, илиу ќе те мачиме додека си жив.
3. Точно итекако! Библијата е јасна, или ќе го сакаш и ќе му се покоруваш на бог, или ќе си одиш во пеколот. Тоа се вика ултиматум, и тука нема слободна воља или избор.
4. Перото е далеко помоќно од пушката.
И нека не те чуди моето форумско име, неговите корени не се религиски.