Вистинскиот ‘морал‘ на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата IgorChete
  • Време на започнување Време на започнување
1. Точно! Пример: еден директор, правејќи дебел тендер за замена на пвц столарија во институција си ги заменува и прозорците дома. Секогаш ќе има такви кои ќе кажат „итар е, се снајде“ и такви кои ќе велат „арамија, треба да го затворат“. Но ако заповедта „не кради“ постои како универзално прифатен морален принцип, ние можеме да си кажеме што сакаме, концептот постои, ни се допаѓало тоа или не. Значи, што во суштина им недостигало на Адам и Ева? Ама баш ништо! Но типично човечки...и тоа не им било доста!
2. Делумно точно! Господ ги создал луѓето за да имаат заедништво, да живеат во хармонија со него и да, да го слават и обожаваат. Тоа е за мене суштината на моралниот концепт - благодарност. Кога моите родители прават нешто убави и добро за мене, јас сум благодарна. Кога било кој ќе направи нешто за мене, колку и да е беззначајно - благодарна сум. Ако тргнам од тоа дека родителите како биолошки создатели најголем дел од тоа што го прават е за доброто на нивните деца, логично е децата да ги идеализираат своите родители и да ги обожаваат. Ви се случило да „акнете“ некого како дете ако кажал нешто лошо за мајка ви или татко ви? Исто е со Господ. Тој е наш Татко и сака ние да бидеме благодарни деца кои ќе го препознаваат и ценат тоа што го прави за нас.
3. Неточно! Ако беше до сакале или не, немаше тука да фрлате дрвја и камења по Господ и Библијата. КОЈ ве спречува? ЗОШТО се нервирате? Човекот е создаден со слободна волја да го прифати или отфрли Бога. Вие верувате дека е измислен, верувајте си! Јас знам дека постои, сеедно ми е дали вам тоа ви се допаѓа или не. Додуша, не ми е баш сеедно... но сепак, одлуката е ваша.
4. Точно! Но како што и самиот велиш, тоа е светот на литературата...;)

И...ме чуди твојот негаторски став, кога и твоето форумско име има религиски корени (иако не христијански) а да не зборуваме за lapsit exillis... - позајмена „приказна“ со библиски корени o_O
1. Добро што признаваш дека е точно, многумина или го негираа тврдоглаво или го игнорираа фактот, дека во библијата ликот на бог луѓето ги создава без сознание за добро и зло, а потоа ги казнува.
А да казниш некого, кого ти самиот си го создал без сознание за добро и зло, е ништо друго освен садизам.
2. Благодарноста не се наметнува и не се заповедува, таа се заслужува. А кого некому ќе му дадеш на дознаење дека МОРА да те слави, обожава и да ти се покорува, тоа е во најмала рака лицемерие.
Љубовта неможе да се наметне со заповед. Јас моите родители ги сакам, и се наоѓам погоден ако некој каже лошо за нив, затоа што тие безусловно ме сакале и ја заслужиле мојата почит и љубов. Тие не ме седнале да ми кажат, слушај, или ќе не сакаш, илиу ќе те мачиме додека си жив.
3. Точно итекако! Библијата е јасна, или ќе го сакаш и ќе му се покоруваш на бог, или ќе си одиш во пеколот. Тоа се вика ултиматум, и тука нема слободна воља или избор.
4. Перото е далеко помоќно од пушката.

И нека не те чуди моето форумско име, неговите корени не се религиски.
 
Цитирај каде во Библијата пишува дека Сонцето се врти околу Земјата?

Зарем Сонцето е единствен извор на светлина?

Кој хемиски елемент го има во жената, а го нема во реброто?

Ако Бог сака може и во шеќер да те претвори. Тоа е ситна работа за еден Бог Кој го создал целиот Универзум.

Цитирај каде во Библијата пишува дека светот е стар 7000 години?

И мојот комшија има 2 сина кои исто така се оженети. Не сфаќам што е проблемот тука?

Сигурен си? :)
Тебе те чекав :)

Светлина на земјата. Не ме вади од контекст, знаеш што напишав. Бог ја создал земјата... го создал денот... видол дека е добро... и после го создал сонцето да управува со денот.

Не знам кој хемиски елемент го има во жената а го нема во реброто. Кажи ми, сериозно. Сакам да подискутираме за ова.

Ок, сол, шеќер, вода на два дела... спаѓаат во божји интервенции нели. ОК.

Горе-долу е 7000, го имаш родословот, кој колу години живеел... тоа вие го тврдите, не ние. Знам дека сакаш да биде што поголем бројот затоа што не се поклопуваат работите вака, ама има многу до 4 милијарди, колку и да го тегнеш.

Сваќаш сваќаш. Не прави се на три и пол и одговори, тебе барем не морам да ти цртам.
 
Кој хемиски елемент го има во жената, а го нема во реброто?

Погоре беше избладано дека кога се "завршило"(создавањето на универзумот) стапиле во важење физичките закони(?!). Ајде, ќе го пуштам тоа да пројде.
Значи, или ќе важи првиот закон на термодинамика и Бог не може од таа коска да создаде цел скелет, или Бог си играл генетика што не е Божја способност.
Што ќе биде?
 
Фала на Интериста за известувањето. Има доста за читање. Додека ве стигнам, еве малку околу вистинскиот морал на двете најголеми религии:

tumblr_lq0qy0Pouz1r0go7xo1_500.jpg
 
I have a right to have an opinion and my opinion is that you don't have a right to an opinion!

Eве го целиот систем на права/морал/слични глупости демистифициран и разрушен во еден исказ.
 
I have a right to have an opinion and my opinion is that you don't have a right to an opinion!

Eве го целиот систем на права/морал/слични глупости демистифициран и разрушен во еден исказ.
Не, чекај...и после на прашањето Зошто? Одговорот е дека во Библијата или некои свети списи и писма така пишува.
 
Погоре беше избладано дека кога се "завршило"(создавањето на универзумот) стапиле во важење физичките закони(?!). Ајде, ќе го пуштам тоа да пројде.
Значи, или ќе важи првиот закон на термодинамика и Бог не може од таа коска да создаде цел скелет, или Бог си играл генетика што не е Божја способност.
Што ќе биде?

Не знам кој избладал такво нешто. Природните закони се врзани за енергијата и материјата, но не се врзани за Бог. Бог не подлежи (под-лежи) на природните закони, туку е НАД нив, затоа што Тој ги создал нив, а не тие Него.
Првиот закон на термодинамиката не може да го спречи Бог да создава од ништо. Во спротивно Бог не би го нарекувале Создател, туку само обликувач или сл.
Бог не само што ја создал жената од (помало од неа) ребро, туку и целиот Универзум го создал од ништо.

Првиот е вториот термодинамички закон воопшто не се проблем за христијаните, но затоа пак се катастрофални за оние кои веруваат дека Биг Бенг е почетокот на Универзумот, или пак дека енерго-материјата е вечна и дека таа самата се уредила создавајќи од хаосот ред каков што има во, на пример, човечкиот мозок.
 
Тој ред во човечкиот мозок не е поголем ред отколку што е текот на една река, која ја следи гравитацијата. Значи ги следи законите на природата, нема потреба од нешто над тие закони.
 
Не знам кој избладал такво нешто. Природните закони се врзани за енергијата и материјата, но не се врзани за Бог. Бог не подлежи (под-лежи) на природните закони, туку е НАД нив, затоа што Тој ги создал нив, а не тие Него.
Првиот закон на термодинамиката не може да го спречи Бог да создава од ништо. Во спротивно Бог не би го нарекувале Создател, туку само обликувач или сл.
Бог не само што ја создал жената од (помало од неа) ребро, туку и целиот Универзум го создал од ништо.

Првиот е вториот термодинамички закон воопшто не се проблем за христијаните, но затоа пак се катастрофални за оние кои веруваат дека Биг Бенг е почетокот на Универзумот, или пак дека енерго-материјата е вечна и дека таа самата се уредила создавајќи од хаосот ред каков што има во, на пример, човечкиот мозок.
Првпат да те начекам во расправа со атеисти откога се вратив на форумов... Мислев или си паднал од форма или реинсталација си му удрил на компјутерот па немаш од каде да копираш цитати и веќе готови текстови.

Јас се согласувам дека ребра, термодинамики, сол, шеќер курци палци не се проблеми за дедо Боже кој целиов овој универзум го има создадено од ништо, онака пуф магија. Туп тука една ѕвезда, тука една црна дупка, и така. Доколку постои, зборувам.

Е се ти беше океј се додека не тропна за ББ, не можеше да издржиш да издржиш а да не измапулираш малце, ах што си ти... Но, да не тегнеме без врска, знам дека знаеш дека сето тоа е убаво објаснето од страна на таа теорија. Твое е дали ќе продолжиш да фураш стопати побиен аргумент.

;)
 
1. Добро што признаваш дека е точно, многумина или го негираа тврдоглаво или го игнорираа фактот, дека во библијата ликот на бог луѓето ги создава без сознание за добро и зло, а потоа ги казнува.
А да казниш некого, кого ти самиот си го создал без сознание за добро и зло, е ништо друго освен садизам.
2. Благодарноста не се наметнува и не се заповедува, таа се заслужува. А кого некому ќе му дадеш на дознаење дека МОРА да те слави, обожава и да ти се покорува, тоа е во најмала рака лицемерие.
Љубовта неможе да се наметне со заповед. Јас моите родители ги сакам, и се наоѓам погоден ако некој каже лошо за нив, затоа што тие безусловно ме сакале и ја заслужиле мојата почит и љубов. Тие не ме седнале да ми кажат, слушај, или ќе не сакаш, илиу ќе те мачиме додека си жив.
3. Точно итекако! Библијата е јасна, или ќе го сакаш и ќе му се покоруваш на бог, или ќе си одиш во пеколот. Тоа се вика ултиматум, и тука нема слободна воља или избор.
4. Перото е далеко помоќно од пушката.

И нека не те чуди моето форумско име, неговите корени не се религиски.

Не се согласувам со тврдењето дека ги содава така, а потоа ги казнува. Бог ги предупредил, но тие избрале да не послушаат. Сигурно во твојата куќа ти нема да дозволиш детето да ти клава ред, нели? Тоа е исто како на твоето дете кое си го створил да му кажеш дека ако ја стави раката во печката ќе му изгори, па после си доаѓаш од работа и гледаш дека останало без рака. Исто и со Адам и со Ева. Згрешиле. Бог ги избркал од градината. Но ова е покомплексна дискусија... Божјата светост не може да трпи грев, но Божјата љубов била толку голема што го дал својот син за да ги откупи гревовите на светот. Никој од нас тоа не може да го направи. Јас сум мајка, зборувам како мајка... Сум верник, алтруист, хуманист... но ако морам да бирам помеѓу светот и синот - ќе си го изберам синот! Себично, ама човечко!
И таа жртва е безусловна. Или ја прифаќаш или ја отфрлаш. Таа те покрива што и да си направил, ако искрено и од срце се каеш за тоа што било. Земјата е Божја. Ние располагаме со неа и со се што е на неа, но не сме добри стопани. Оставени сме да избереме ред, морал, вера и праведност или да си тераме по свое-кој како милува.
Зошто имам впечаток дека си му лут на Бога? Зарем Тој не ја заслужува нашата почит и љубов со самото тоа што целото создание ни е дадено на располагање? Зошто имаш такво поимање дека Бог те измачува??? Јас Бог го славам заради добрите работи кои ми ги дава во животот, а искрено да ти кажам, се чувствувам преблагословена. И многу ми се исполнува срцето кога таа позитивна енергија се пренесува во се што правам и влијае на луѓето со кои работам и се дружам. Немам чувство дека сум заробена, условена или без избор.
Ако ти почнеш по дома да кршиш, да правиш урнебес, да ги малтретираш родителите... да правиш работи за кои си свесен дека ќе ги „убијат“... колку време ќе можеш да сметаш на нивната безусловност? :)
 
Не се согласувам со тврдењето дека ги содава така, а потоа ги казнува. Бог ги предупредил, но тие избрале да не послушаат. Сигурно во твојата куќа ти нема да дозволиш детето да ти клава ред, нели? Тоа е исто како на твоето дете кое си го створил да му кажеш дека ако ја стави раката во печката ќе му изгори, па после си доаѓаш од работа и гледаш дека останало без рака. Исто и со Адам и со Ева. Згрешиле. Бог ги избркал од градината. Но ова е покомплексна дискусија... Божјата светост не може да трпи грев, но Божјата љубов била толку голема што го дал својот син за да ги откупи гревовите на светот. Никој од нас тоа не може да го направи. Јас сум мајка, зборувам како мајка... Сум верник, алтруист, хуманист... но ако морам да бирам помеѓу светот и синот - ќе си го изберам синот! Себично, ама човечко!
Се сложил ти или не е небитно. Прочитај си библијата што пишува. Во Битие, 2.16 и 2.17

16 И му заповеда Господ Бог на
човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината
можеш да јадеш,
17 освен од дрвото за познавање на
доброто и на злото; од него не јади;
зашто во оној ден кога ќе вкусиш од
него, ќе умреш.”

Што тука е нејасно, сепак не умрел истиот ден кога вкусил.

И ако правиш паралели, да те прашам ама искрено, дали ти на твоето дете кое нема пробано дрога, ќе му ја ставиш на маса и ќе му речеш пробај ако смееш

Не се согласувам со тврдењето дека ги содава така, а потоа ги казнува. Бог ги предупредил, но тие избрале да не послушаат. Сигурно во твојата куќа ти нема да дозволиш детето да ти клава ред, нели? Тоа е исто како на твоето дете кое си го створил да му кажеш дека ако ја стави раката во печката ќе му изгори, па после си доаѓаш од работа и гледаш дека останало без рака. Исто и со Адам и со Ева. Згрешиле. Бог ги избркал од градината.
Ти можеш да не се согласуваш колку сакаш, но пред фактите и боговите молчат. Во библијата пишува црно на бело - дека тоа што им било забрането на Адам и Ева е сознанието за добро и зло, без тоа сознание џабе ти е предупредување! Исто така многу јасно си пишува дека очите им се "отвориле" и почуствувале срам и страв, ОДКАКО се здобиле со тоа сознание. Што значи дека предходно не го поседувале! Крајно садистички и лицемерно е да режираш такво сценарио, со кое ќе ги прогласиш за грешници и должници сите луѓе поради непослушност, иако ти самиот си ги создал без основното нешто, неопходно за да се биде способен за распознавање на грешна и исправна постапка - сознанието за добро и зло!
Божјата љубов била толку голема што го дал својот син за да ги откупи гревовите на светот. Никој од нас тоа не може да го направи. Јас сум мајка, зборувам како мајка... Сум верник, алтруист, хуманист... но ако морам да бирам помеѓу светот и синот - ќе си го изберам синот! Себично, ама човечко!
И таа жртва е безусловна. Или ја прифаќаш или ја отфрлаш. Таа те покрива што и да си направил, ако искрено и од срце се каеш за тоа што било.
А зошто некој кој е семоќен и сезнаен мора да жртвува било кого? Ако јас сакам да простам некому дали треба да си одсечам рака или нога?
Зошто воопшто создавал особини, кој потоа ги прогласил за грешни, непотребни и зли? Каков е тој совршен бог, ако тоа што тој самиот го создал, го прогласува за погрешно и зло? Каде била неговата сезнајност да предвиди, што ќе направат одредени особини? Каде е неговата семоќност да ги спречи сите погрешни нешта сега?
Ако твојот одговор е дека не превзема ништо, затоа што тие си имаат цел во неговиот божествен план, тогаш како ги објаснуваш страшниот суд и пеколот? Ако грешните и зли нешта си имаат причина, тогаш зошто суд и казнување?
Зошто имам впечаток дека си му лут на Бога? Зарем Тој не ја заслужува нашата почит и љубов со самото тоа што целото создание ни е дадено на располагање? Зошто имаш такво поимање дека Бог те измачува??? Јас Бог го славам заради добрите работи кои ми ги дава во животот, а искрено да ти кажам, се чувствувам преблагословена. И многу ми се исполнува срцето кога таа позитивна енергија се пренесува во се што правам и влијае на луѓето со кои работам и се дружам. Немам чувство дека сум заробена, условена или без избор.
Ако ти почнеш по дома да кршиш, да правиш урнебес, да ги малтретираш родителите... да правиш работи за кои си свесен дека ќе ги „убијат“... колку време ќе можеш да сметаш на нивната безусловност? :)
Јас се лутам на човечката глупост комбинирана со ароганција, лицемерие и себичност! Јас не верувам во библискиот бог за да му се лутам, да верував немаше да му се лутам, туку ќе го мразев! И тоа од дното на душата!
Повторно примери со човечки аналогии, каде родителите имале право да ги казнат децата ако тие кршеле и правеле урнебес. А многу убаво објаснив дека родителите за разлика од библискиот бог, не се ниту семоќни ниту сезнајни! Тие неможеле да им предодредат особини какви што сакале на своите деца, ниту можеле да знаат каков исход ќе донесат тие особини!
 
16 И му заповеда Господ Бог на
човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината
можеш да јадеш,
17 освен од дрвото за познавање на
доброто и на злото; од него не јади;
зашто во оној ден кога ќе вкусиш од
него, ќе умреш.”

Што тука е нејасно, сепак не умрел истиот ден кога вкусил.
Умрел!!
 
Ама после 900 години! Не во денот кога вкусил!
Плус, убаво си пишува како се загрижил од можноста да проба и од дрвото на животот, па да заживее вечно! Ако биле бесмртни, тоа ќе нема смисла.
 
17 освен од дрвото за познавање на
доброто и на злото; од него не јади;
зашто во оној ден кога ќе вкусиш од
него, ќе умреш.”
Не умрел
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom