A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.170
Да прашам дали и кај некој друг се исклучени
Eurosport 1 и 2 во HD, Food HD, AnimalPlanet HD, Discovery Showcase HD, ID xtra HD, Discovery DTX HD, Discovery Science HD или се исклучени само кај мене?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Да прашам дали и кај некој друг се исклучени
Eurosport 1 и 2 во HD, Food HD, AnimalPlanet HD, Discovery Showcase HD, ID xtra HD, Discovery DTX HD, Discovery Science HD или се исклучени само кај мене?
А да читнеше страница поназад...
Еве почни од тука. @Dexter26 одговори убаво овде.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Сите што го имаат активирано Pink пакетот на местото на Pink parada oдсега може да го следат City play канал со музички спотови од City records. Не е промена од операторот туку Pink си го менуваат каналот.

Истото важи и за Телеком Макс тв бидејќи и они ги имаат овие Pink канали.
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441

Dali nekoj znae koga i dali na TELEKABEL ke go ima PINK paketot za koj saka da moze da si go aktivira PINK-OT paket pozz
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Постојано имаат, само што не се приметуваат разликите, па затоа исто како да немало софтверска надградба.
Ма што менуваат, еден ист софтвер е. Веројатно е грешка во постоечкиот софтвер што веќе инсталираниот софтвер го гледа како надградба, па затоа автоматскиот абдејт го имам исклучено. Види во Информации која верзија ти е ако можеш:
Мојата е:
SW Version: 79C070D1-1003936
OTA Version: 3
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Истите се и кај мене.

HW Верзија: S-GL1822-V1.7
SW Дата: 20160326 11:00 - ова делува како да е датумот кога е исфрлена сегашната верзија - кога го сменија логото, со разликата што кај нас се инсталираше месец дена подоцна
ID е приватен сериски број, нема потреба од негово објавување :D

Речиси секој месец има вакви софтверски надградби, очигледно станува збор за помали надградби, најверојатно од безбедносен карактер, поради што не се забележуваат вистински промени во корисничкото искуство со кабелскиот рисивер.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Тие што сте на Вип Алфа тв ја имате ? Се појавија инфрмации дека е исклучена од Вип затоа што не платиле за емитување. И сега ако не платат наредна седница АААВУ ќе им ја затвори телевизијата.

Јас сум на Телеком и си работи Алфа.
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245

Ја има
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Тие што сте на Вип Алфа тв ја имате ? Се појавија инфрмации дека е исклучена од Вип затоа што не платиле за емитување. И сега ако не платат наредна седница АААВУ ќе им ја затвори телевизијата.

Јас сум на Телеком и си работи Алфа.
Ја има, ама и да ја нема нема ништо да ми смени.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Тие што сте на Вип Алфа тв ја имате ? Се појавија инфрмации дека е исклучена од Вип затоа што не платиле за емитување. И сега ако не платат наредна седница АААВУ ќе им ја затвори телевизијата.

Јас сум на Телеком и си работи Алфа.
Направи некакво најосновно истражување пред да поставуваш прашање, дете.

Еве ти го одговорот и од форумот на ТВ Пакет:

Изгледа сте заборавиле еден многу важен факт: Алфа има 2 телевизиски канали - првиот е Алфа ТВ Скопје која стана национална телевизија во 2013 година, а емитува терестријален сигнал, кој се фаќа со најобична надворешна антена или со собна антена, а вториот е Алфа ТВ која емитува сигнал преку кабелските и дигиталните оператори, исто како ТВ 24, Наша ТВ, ТВ Нова и други.

Поранешен Оне имаше, односно денешен Вип има монопол врз терестријалниот сигнал за приватните телевизии во Македонија, што значи дека ако сакаш да отвориш терестријална телевизија чиј што сигнал ќе се фаќа преку обична надворешна антена или преку собна антена, ќе мораш да му платиш на Вип за да го емитува сигналот од твојата телевизија. Исклучок е МРТВа, чиј што терестријален сигнал го емитува јавното претпријатие Македонска Радиодифузија. Ваквиот монопол на Вип е незаконски и спротивен е на законот за заштита на конкуренцијата, но за тоа заслугите и` припаѓаат на претходната влада од 2006 до 2017 година.

Долговите кои Алфа ги има кон Вип се долгови за емитување на терестријалниот сигнал, што значи дека ако Вип го исклучи терестријалниот сигнал на Алфа, само каналот Алфа ТВ Скопје нема повеќе да биде достапен, а и онака ниту Вип ТВ, ниту Македонски Телеком, ниту Телекабел не го нудат тој ТВ канал во својата телевизиска понуда.

Од друга страна, кабелскиот канал Алфа ТВ и понатаму е достапен и ќе остане достапен, исто како што и А1 Телевизија кога престана со работа, беше исклучен терестријалниот ТВ канал А1, но кабелскиот ТВ канал А2 и понатаму емитуваше програма.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Направи некакво најосновно истражување пред да поставуваш прашање, дете.

Еве ти го одговорот и од форумот на ТВ Пакет:

Изгледа сте заборавиле еден многу важен факт: Алфа има 2 телевизиски канали - првиот е Алфа ТВ Скопје која стана национална телевизија во 2013 година, а емитува терестријален сигнал, кој се фаќа со најобична надворешна антена или со собна антена, а вториот е Алфа ТВ која емитува сигнал преку кабелските и дигиталните оператори, исто како ТВ 24, Наша ТВ, ТВ Нова и други.

Поранешен Оне имаше, односно денешен Вип има монопол врз терестријалниот сигнал во Македонија, што значи дека ако сакаш да отвориш терестријална телевизија чиј што сигнал ќе се фаќа преку обична надворешна антена или преку собна антена, ќе мораш да му платиш на Вип за да го емитува сигналот од твојата телевизија. Ова е незаконски и спротивно е на законот за заштита на конкуренцијата, но за тоа заслугите и` припаѓаат на претходната влада од 2006 до 2017 година.

Долговите кои Алфа ги има кон Вип се долгови за емитување на терестријалниот сигнал, што значи дека ако Вип го исклучи терестријалниот сигнал на Алфа, само каналот Алфа ТВ Скопје нема повеќе да биде достапен, а и онака ниту Вип ТВ, ниту Македонски Телеком, ниту Телекабел не го нудат тој ТВ канал во својата телевизиска понуда.

Од друга страна, кабелскиот канал Алфа ТВ и понатаму е достапен и ќе остане достапен, освен ако Алфа престане со работа, исто како што и А1 Телевизија кога престана со работа, беше исклучен терестријалниот ТВ канал А1, но кабелскиот ТВ канал А2 и понатаму емитуваше програма.
Знам дека постои уште еден канал на Алфа ама не ете не ни помислев на тоа дека се работи за Алфа тв Скопје. Сепак фала што појасни.
 
D

deli

Гостин
Дали рутерите што ги даваат со комбо пакетите можат да се користат како мрежен харддиск ако им се стави УСБ стик?
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Дали рутерите што ги даваат со комбо пакетите можат да се користат како мрежен харддиск ако им се стави УСБ стик?
Веројатно мислиш на NAS (Network attached storage) што е многу фин принцип, и мене ме заитересира со ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom