Виновна!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Лол, лол, лоооол
Крв е сторијава.


Мечка изгуби спор во Основниот суд во Битола. Осудена е да плати отштета од 140.000 денари, бидејќи во 2006 година на пчеларот Зоран Киселоски од прилепското село Кривогаштани му крадела мед и му уништила 16 сандаци со пчели.

Сега мечката Киселоски го направи еден од најславните луѓе во светот. Веста стана хит и со најголема заинтересираност ја проследија сите светски медиуми.
Но, каде е сега мечката?
„Сега, нормално, мечката си живее, си шета. Се водеше и спорот. Спорот беше против државата, оној што ја заштитува мечката со закон“, рече Зоран Киселоски, пчелар од село Кривогаштани.
Бидејќи Киселоски месец дена не бил отиден во демирхисарското дело Церово, каде биле пчелите, мечката континуирано, секој ден уништувала по еден сандак.
Откако селаните му кажале што се случило, се обидел да ја избрка мечката на различни начини. Палел оган и пуштал гласен турбо фолк од радио коешто го поставил кај сандаците.
Но, во еден момент снемало струја. Радиото се исклучило, а мечката охрабрена од тоа се вратила и ги доуништила останатите пчели.
„Инсталиравме струја некаде 150 метри до првата куќа, наместивме и радио, музика пуштивме и ламби. Прво нападна кога немаше музика, кога немаше ништо“, изјави Киселоски.
„Си го пронашла местото и тука си уништувала од пчелните друштва. После, откога снема струја, ноќта, се случило некогаш два дена да нема струја таму, пак влегла, уште две имаше турнато. Прво 14, па после со тие две 16“, додаде Зоран Киселоски.

Сега се надева дека државата ќе му ги исплати парите што поскоро, за да може да ги обнови пчелните семејства. Киселоски очекува пресудата да стане правосилна. А државниот правобранител, пак, ја обжали пресудата.
Во меѓувреме, од страв од мечката, пчелите ги преместил во соседното село Вирово, поблиску до населените места.
 
:pos:.ја мислам ако не му платат во затвор да ја стават мечката.
 
Сеа кажуваа на вести ... немогуче :pos:
 
што се случува со...? луѓево?!?!
 
:pos:.ја мислам ако не му платат во затвор да ја стават мечката.

ахмм да да и јас мислам така Prison Break со мечки :P не да праиме озбилен муабет колку избеган народ живее во државава тоа е чудо едно.
ЈА БРКАЛ МЕЧКАТА СО ТАЊА САВИЧ!!!bik:bilokojzbot:
 
Гледате дека и турбофолкот има позитивна/добра страна?
Убаво ви велеше Д. Вучич
 
Палел оган и пуштал гласен турбо фолк од радио коешто го поставил кај сандаците.
Но, во еден момент снемало струја. Радиото се исклучило, а мечката охрабрена од тоа се вратила и ги доуништила останатите пчели.
„Инсталиравме струја некаде 150 метри до првата куќа, наместивме и радио, музика пуштивме и ламби. Прво нападна кога немаше музика, кога немаше ништо“, изјави Киселоски.
„Си го пронашла местото и тука си уништувала од пчелните друштва. После, откога снема струја, ноќта, се случило некогаш два дена да нема струја таму, пак влегла, уште две имаше турнато. Прво 14, па после со тие две 16“, додаде Зоран Киселоски.
ЕСМ... ЕСМ.... ЕСМ... и мечката се криви .... Burn the bear:pos2::pos2:

... или замислете Тања Савич & Гранд компани во одбрана на пчелките работнички

edit:
For a while, he kept the animal away by buying a generator, lighting up the area, and playing thumping Serbian turbo-folk music.... Кој сака повеќе клик тука !!!
 
Па мислам дека баш и мечката не го изгубила спорот тука туку државата.Според мене тоа е нешто слично ако вашето куче гризне некој па вие плаќате за штетата. Во случајов државата.
АМА ненормално е тоа со турбо фолкот!!!!Од сега во шума само со касетофонче и турбофолк!!!!!
 
Турбо фолк бе!!!
После кока-колата била опасна за пиење...
Треба еден сандак гратис да и се даде на мечката за претрпените шокови од пластичнине србинки.
 
A коњов?

Казна, 2 години затворен во штала... ... ... со... Цеца!

Дваесет и деветгодишна скопјанка била нападната од коњ-скитник додека го шетала синот во парк во скопската населба Јане Сандански. Според полицијата, инцидентот се случил во неделата на булеварот АСНОМ, пред една од зградите каде што скопјанката Н.Ј. го шетала своето тригодишно дете. Во еден момент, коњот што пасел во паркот се доближил до неа, ја клоцнал и ја турнал на земја. Повредената жена е префрлена во Градската болница, каде што е констатирано дека има скршеница на лакотот на десната рака. Од полицијата информираат дека се зачестени пријавите на граѓани кои биле нападнати од коњи-скитници во главниот град. Според МВР, досега се пронајдени две заскитани грла коњи и се преземаат мерки за да се утврдат нивните сопственици. Коњите што се пронајдени досега ќе бидат предадени на Зоолошката градина во Скопје.
 
Не се заебавајте, јас сум сигурна дека еден куп животни се многу помлуѓе од еден куп кои екшли ги нарекуваме како такви.
Мене тоа што ме буни е - како ќе знаат дека била во прашање само една мечка? Можда имало две - една Кичевска, една Демирхисарска, па сега двете единици треба по пола сума да дадат!~
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom