Vikings

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Ме иритира син му на Ragnar, ептен штрчи со акцентот и патетичната глума.

Исто приметив дека ова е една од побруталните серии во која и да нема крв и покажување на прободи и сл. Не ми смета, чисто онака кажувам што приметив.
 
во финалево очекувам да го видам Хорик заколен и Флоки вратен во нормала.

мојот заклучок е дека Vikings е Game of Thrones за возрасни
 
Одлично финалето. Претпоставувам ќе има и 3та сезона. :D
 
Какво финале :cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Дали се излезени сите епизоди од втора сезона, па да дајте некој линк да ги спуштам?
 
Пуштив финалето да се симнува. Ах Флоки, шо ѓавол те лаже.. :place:[DOUBLEPOST=1399407251][/DOUBLEPOST]Ах Флоки лепото<3

:vozbud::vozbud:
 
Последно уредено:
Ајде бе шо сторија се изначекавме пуштајте таму, давајте линкој за спуштање одвај издржав:D
Многу нејасно заврши првава сезона, неразјаснети ситуации и сплетки, договори, предавство, неверство аи само ли каков сплет ке има вторава сезона.
Јееее штотуку се самоцитирав:D. Сега сигурно ќе влезам во некој по филозовски пост, во последниве три вечери ги спојав двете сезони посебен акцент ставив на 2та сезона, бомбастичен дрогаш 10гига бе ми даде линк ти за спуштање да знајш дека од првин те пцујав, извини, ама секоја ти чест мајсторе сликата, звукот и се останато перфекција навистина се навлеков и длабоко ја проследив со сите детали вторава сезона. Работите кои пртеходно не беја јасни од првата сезона добија сосема поинаков и неочекуван тек, барем јас така ги доживеав, работите се свртија за 360 степени. Во средината на втора сезона го замразив Флоки ради некои негови глупи постапки, а во предпоследната и последната епизода ме фасцинира ликот на Флоки, прав лудак е. Одлично го прикажува и глуми карактерот, секоја му чест.Роло не е истиот како што го знаеме од претходната сезона, како ли само пресврт му се деси. Морничави и темни сцени, пејсажите и целото опкружување како што спомнав и претходно (за 1та сезона) фантастични, политиката во клановите натре добро опишана, однесувањето на Викизните (сурови, безмилосни, варварски) исто одлично опишано од друга страна островјаниве сосема друг концепт на живот, верувања, политика, воени формации и тактика... Од една страна Скандинавија од друга Британија и двете опишани некаде во средниот век, паганство настпроти христијанство, од една страна фармер, перфектен борец и со одлична визија за иднината на неговото село, клан, земја (како сакате наречете го), од другата страна крал кој има доста големи амбиции и добри политички размисувања. Шо да ви докажам друго, шо да одземам, имам и некои мали замерки не е нешто сензационално, специјално во најмала рака не е ни некоја си исфорсирана високо буџетна серија, ја сакам баш ваква каква што е самата посебе си има некој шмек. Омилена ми стана ептен, број еден за мене. Највуваат и трета сезона па ај сега во нервози ќе изгинам дур ја чекаме, само се надевам да оди кон уште подобро само да не и се посерат.

едит.: Само незнам шо е работава со Рагнар шо ги начукал олку деца, дан спремат 5+1 екипа за мал фудбал? :D:ROFLMAO:
 
Вторава сезона топ, едно скалило подобра од минатата.
Исходот горе доле можеше да се претпостави, но дешавките до самиот крај одлично изработени!
Флоки искрено мислев дека отиде јабана и го пцуев, но го заеба кралов на нај мадафакерски начин!

Наредната сезона очекувам уште подобра.
 
Последно уредено:
и јас си ја почнав во меѓувреме, одлична прва епизода, ќе ја продолжам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom