- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Оу, оу, немојте со вакви лејм паралели. Јас јадам чоколадо, многу чоколадо. Ама не ми текнало да продадам телевизор од дома за уште една коцка, ни да крадам пари од кај моите, ни да се проституирам, за истото. Овошјето не е дрога, чоколадото не е дрога, сексот не е дрога. Можат да станат ЗАВИСНОСТИ, како и дрогата, и пиењето, и пушењето, и коцкањето. Што не ги прави сите подеднакво опасни....
Имам видено што направи дрогата со некои деца кои ги познавав на времето, немам видено овошјето да го направи истото.
Алкохолизам =/= повремено пиење. Алкохолизмот е реален проблем, не сум го тргала на вага за да кажам дали е поголем или помал од дрогата. Ама пиењето на слави и на забави, секако кога не е „чекам викенд за да се направам дрво и да не станам до понеделник во 8“ не е толку трагично, за да биде ставено во ист кош со бушење вени.
Бај д веј, нема лесни дроги.
Не дека не се согласувам со напишаново, далеку од тоа. Сепак, мислам дека треба да има некакво разграничување меѓу она што се подразбира како наркотично средство (јас не користам ниедно). Сепак, едно е хероин, кокаин, lsd или метамфетамин, а друго е пафкање марихуана еднаш неделно или месечно. Не би навлегувал околу ризикот, околу тоа дека користењето еден, лесен наркотик, неизбежно води кон појаки дроги и други, веројатно донекаде издржани ставови, но често и претерани воопштувања и стереотипи. Сум чул за примери на луѓе, ретки додуша, кои со децении си терале со мара и сл. (и тоа треба да се има предвид колку марихуаната е дрога, колку е по(не)штетна од тутунот на пример)па сепак имаат нормален живот - љубовен,сексуален, семеен, професионален.
Инаку, не сум имал врска со наркоманка и навистина не знам како би се однесувал и како би постапил. Не верувам дека постои некакво правило тука, но се зависи колку ни значи таквата личност, колку длабоко заглавила и дали воопшто сака и има сила да се извлече. Последново е себично, ама добро е да процени човек и да се заштити себеси, ако веќе не може да и помогне на другата страна.
Од причина што самата јас сум пушач и не сакам некој да ме замара во однос на тоа каде пушам, колку пушам, или скраја да е, да почне да ме замара да ги оставам цигарите.


Нема спас за луѓето навлечени на хероин, мноооогу се ретки оние кои што се извлекле. Колку и да сакаат, колку и да се трудам психата е таа што ќе ги преебе на крај. Се изнагледав во маало кај што израснав еден куп наркомани, сум била безброј пати меѓу луѓе што шмркале, дувале, лапале табли и искрено не сакам некоја таква покрај мене во животот. Престрога сум кога станува збор за дрогата, па макар и трава, немам граници туку ѕидишта. Видов многу фаци како си го уништија животот и мислам дека ми е доста од такви деструктивци во мојот живот. Не прифаќам ни пијаници ни наркомани. Се треба да си има мера во животот. Јас сум свесна дека нема совршено во животот, но сепак можам да си одберам нешто добро за мене во животот. Не ми треба некоја што ќе ми паѓа у несвест, ќе пени од уста и ќе ми превртува очи. Видов еднаш и не сакам никогаш повеќе. За некои работи се мисли на време. Сите сме сведоци на случки и на причи до кај може да не однесе дрогата, сепак одговорноста била негова/нејзина кога послегнал по нејзе, јас да се влечам знаејќи дека е тоа безнадежно - нема шанси. Преку глава ми е од такви работи.