

Кога се отвара врата од кола на жена?
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
Запира полицаец маж и жена за брзо возење, па го прашува мажот:
- Ти бе, пијан возиш, а?
- Добро де, се напив малце.
- Жена ти нема возачка?
- Има.
- Па, што не и дадеш нејзе да вози?
- Абе, ја ако сум пијан, не сум будала.
Оди Игорче во јавна куќа, а газдарицата го прашува:
- Што сакаш бе мали?
- Дајте ми девојка со СИДА.
- Ама, како така, тоа е опасна болест, не е добро таква девојка да бараш.
- Не берете вие гајле, само дајте ми девојка со СИДА.
Газдарицава се сложува и оди да бара девојка, а Игорче за тоа време си мисли:
- Ја ќе се изработам со девојкава и ќе добијам СИДА, ќе одам после и секретарката на татко ми ќе ја поминам, она ќе добие СИДА. Секретарката ќе му ја пренесе на татко ми, татко ми на мајка ми, мајка ми ќе му пренесе СИДА на комшијата, па ќе види он после на кого му ја буши топката.
Двајца другари, едниот стар ловџија, другиот тазе, одат на лов. Влегуваат тие во шумата и стариот ловџија му вика на новајлијата:
- Седи сега ти во грмушкава и глас да не си пуштил, јас ќе одам да проверам дали има елени.
Тргнува тој да оди и не одминал ни 500 метри, слуша врисок ненормален. Дотрчува назад и го прашува новиот:
- Добро бе, нели ти реков да не пушташ глас, што беше тоа дерење?
- Абе, молчев како не. Кога почнаа змии да лазат околу мене, молчев. И мечката додека ми дишеше во врат, глас не пуштив. Ама, кога дојдоа две верверички, ми влегоа под панталони и едната праша "тука ќе ги јадеме или ќе ги носиме дома", веќе не можев да издржам.