Вицеви без наслов 2 дел

Еден мнооогу висок човек си купил папагал. Папагалот, се разбира, можел да зборува. И кога видел дека стопанот му е толку висок, почнал да го зафркава:
– Еј, црево! Црево! Наведни се бе, сите пајажини ги собра бе, црево! Да те ебам и арматарута!
На човекот еден ден му пукнал филмот, му згазнал папагалот на достоинството. Се налутил, го фатил папагалот, го ставил во една кутија за чевли и почнал да го шутира низ станот! Искршил огледала, мебел, пердуви на сите страни… Конечно, се уморил од шутирање на кутијата, и се оптегнал на фотелјата задоволно да одмори.
Папагалот ја подал главата од кутијата и рекол:
– Леле каков земјотрес имашеее! Само јас и цревото опстанавме!
 
Дошол нов полицаец во затвор како чувар, а шефот го предупредил дека има проблематични затвореници. На тоа, новиот чувар рекол: – Немај гајле, кој не слуша, ќе лета надвор!
 
Жената кренала температура и мажот ја однел на доктор. Бидејќи премногу се задржала внатре кај докторот, мажот не издржал, ја отворил вратата и го фатил докторот како ја „работи“ жена му од позади.
– Што правиш бе?
– Па… ѝ мерам температура! – Промрморел докторот.
Мажот бркнал во џебот, извадил пиштол, го насочил кон докторот и налутено рекол:
– Вади го полека и моли се на него да има бројки…
 
:rolleyes::rolleyes:
1. Чук, чук…
– Кој е?
– Љубовта на твојот живот!!!
– Лажеш! Пивото не зборува…

2. Во кревет:
– Гинекологот ми забрани да имам секс две недели.
– А твојот заболекар на што мислење е?
 
Шефот на кочанските мафијаши се вози на совозачкото седиште на BMW-то и му ѕвони телефонот. Тој крева и почнува да зборува многу љубезно:
– Да, благодарам, добро… Пари? Да ти позајмам? Добро, ќе ти дадам, но да не се случи како минатиот пат… добро! Колку сакаш? Добро! Но да ги вратиш навреме, да не се случуваат такви работи како минатиот пат! Да те бараат дечките низ цело Кочани, да ти ја кршат колата, да те тепаат по темните улички… Немам време да се занимавам со такви работи! Ќе ги вратиш ли навреме? Па, добро тогаш! Ајдеее, чао мамо!
 
Група Црногорци снемале храна, почнале да гладуваат, па почнале да јадат се околу себе, затоа што немале храна.На крај за да не се мачат решиле да скокнат сите во морето и да се удават. Се договориле за еден месец да се најдат покрај морето и сите заедно да скокнат. Избрале и водач на групата кој им рекол дека ќе брои до три, а потоа сите ќе скокнат во морето. И почнал да брои:
- Еден, два...
Тогаш некој рекол:
- Еве ги браќата Срби, доаѓаат да ни помогнат. Ни носат компири за јадење.
Водачот прашал:
- А лупени се?
- Не!
- Три! - рекол водачот и сите скокнале.

:D
 
Трпе и Цветко разговараат:
– Имам за тебе две вести.
– Почни со добрата.
– По што заклучи дека има добра?
 
- Ученици! – Вели класната на излегување од училницата. – Да ве потсетам дека утре ќе правиме тест по математика! Отсуства нема да оправдувам!
Зоки од последниот ред, насмеан и со мутиран глас вели:
– Професорке, а ако сме многу уморни од секс?
Професорката поткрева веѓа:
– Па, ќе пишуваш со другата рака, бе Зоки!
 
Во бутик за машка облека:
- Повелете
- Ништо,само разгледувам.
-Дечко ,ако купуваш - купувај! Не ми збирај покемони по дуќанов.
 
Еден човек сретнал на една ливада овчар со куче, коњ и една овца.
– Може ли да зборувам со твоето куче?
– Како? Кучето не зборува…!
– Здраво старо куче, како си?
– Ооо, супер сум, мојот домаќин се однесува многу добро кон мене, добро ме храни, ме шета по два пати на ден…
Овчарот гледа вчудовиден…
– Може ли да зборувам со твојот коњ?
– Коњот не може да зборува!?!?!
– Здраво старо коњче, како си?
– Ооо, супер сум, мојот домаќин се однесува многу добро кон мене, ме храна, ме гали…
Овчарот уште позачуден…
– Може ли да зборувам со твојата овца?
– Ааааа, овцата многу лаже…
 
Учителката решила да им покаже на децата колку е штетен алкохолот.
Извадила еден црв и пред очите на сите го потопила во чаша со ракија. Црвот се згрчил и умрел. Таа прашала:
– Која е поуката деца?
– Кој пие ракија нема глисти – рекол Зоки Поки.
Учителката нервозна решила да ги одведе во една фарма. Таму ставила пред една крава една кофа со ракија и една кофа со вода. И повторно прашува:
– Кравата пие од водата и не ја ни намирисува ракијата. Што заклучивте од ова деца?
Зоки Поки веднаш одговара:
– Кој не пие ракија е говедо.
 
Го прашуваат Циго кое е најсилното животно според него:
- Лав!
- Зошто баш лав?
- Затоа што е силен како коњ!

:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom