Вицеви без наслов 2 дел

Еден маж фатил срамни вошки. Се обидувал да ги отстрани со што ли не… Никаков ефект! Конечно му се пожалил на еден познаник старешина во војска.
Старешината:
– Пријателе, нема да успееш со никакво средство, туку најди една здрава госпоѓа, јако „работи ја“… и тие од силните удари ќе се смачкаат и ќе умрат…
Нашол нашиот една госпоѓа со апетит, отишле во хотел и цела ноќ се растуриле од секс.
Наутро, таа спие до него, а тој во тивката соба ги слуша како зборуваат:
– Еј, војско… голема битка беше синоќа… многу жртви дадовме… ама и многу заробеници фативме.
 
Русин, Американец и Германец се нашле на еден далечен остров. Ги фаќаат човекојадци и им велат:
– Секој од вас ќе каже по еден збор. Ако не го знаеме ќе ве пуштиме да си одите.
Американецот се истрчал прв да каже:
– Компјутер!
Човекојадци почнале да си шушукат. По малку еден од нив вели:
– Тоа е машина со тастатура! – И Американецот го одвеле.
Германецот станува и вели:
– Телефон!
Овие пак се собрале и си шушукат.
– Тоа е уред за зборување од далечина. – Рекле човекојадците и Германецот го одвеле.
Доаѓа ред на Русинот. Тој ги погледнал и им рекол КГБ!
Човекојадците почнале да се советуваат. По малку главниот излегува и вели:
– Ние не знаеме што е тоа. Еве ти брод и 100 килограми злато. Оди си, но пред тоа те молам да ни кажеш што е тоа КГБ.
Русинот им објаснува:
– Тоа е една организација слична на вашата. Се собираат едни и си шушукат и наутро, и Американецот и Германецот ги нема.
 
Во Циганско маало се запалила куќа, и Циго пријавуват штета на цајканот:
--- TV LCD SONY....
Цајканот пишува...
---PHILIPS пегла....
Цајканот па пишува....
---BOSCH машина за садови..
Цајканот го погледнал, и пак напишал.....
---GORENJE машина за перење...
На цајканот му прeкурчило и му викат:
---Абе кого го лажиш бе Циго... !!!, ти тука ни струја немаш приклучено...
---Агрегат HONDA DIESEL.....
 
Некоја Германка му фрлила око на еден млад наш гастарбајтер ама сеуште невин.
Вака така по некое време завршиле во кревет.
Утрото Германката го прашува:
– И, дали ти беше убаво ноќта, малку чуден беше?
Македончето целото поцрвенето одговара:
– Најубаво, толку добро не се чувствував ни кога газдата ми дозволи да работам со најновата бормашина.
 
- Душо, најмила моја! Ако умрам не останувај вдовица – омажи се и биди среќна! И погрижи се новиот маж да ги образува правилно нашите деца!
– Лелеее, те молам, не ме мачи повеќе! Обична супа е! Ако сакаш јади, ако сакаш не јади!
 
Ојт охриѓанец во Франција во посета на музејот Лувр, и шетајки така застанвит и го прашвит кустосот
- Ова слокива дан се викат ?
- Сељак јајт семки!!!
- Не то е огледало од 12ти век господине...
- Треба да го забришиш ова зрцалово ...
 
Последно уредено:
Си оди еден дечко по улица, ама многу тажен. Го среќава негов пријател:
– Зошто си толку тажен, бе!?
– Девојката ме откачи…
– Е, зошто!?
– Па и јас не знам зошто. Стоевме под тушот и по едно време таа ми вика: „Ајде да правиме пакости!“
– И ти што направи?
– Како што… па ѝ прснав шампон во окото!
 
Русин, Американец и Германец се нашле на еден далечен остров. Ги фаќаат човекојадци и им велат:
– Секој од вас ќе каже по еден збор. Ако не го знаеме ќе ве пуштиме да си одите.
Американецот се истрчал прв да каже:
– Компјутер!
Човекојадци почнале да си шушукат. По малку еден од нив вели:
– Тоа е машина со тастатура! – И Американецот го одвеле.
Германецот станува и вели:
– Телефон!
Овие пак се собрале и си шушукат.
– Тоа е уред за зборување од далечина. – Рекле човекојадците и Германецот го одвеле.
Доаѓа ред на Русинот. Тој ги погледнал и им рекол КГБ!
Човекојадците почнале да се советуваат. По малку главниот излегува и вели:
– Ние не знаеме што е тоа. Еве ти брод и 100 килограми злато. Оди си, но пред тоа те молам да ни кажеш што е тоа КГБ.
Русинот им објаснува:
– Тоа е една организација слична на вашата. Се собираат едни и си шушукат и наутро, и Американецот и Германецот ги нема.
Русофили свршаваат
 
- Оваа година со жена ми се расправавме каде да одиме на одмор. Јас сакав на планина, а таа на море.
– И што одлучивте?
– Најдовме компромисно решение. Сите отидовме на море, а жена ми ми дозволи да си ги земам скиите…
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom