Вицеви без наслов 2 дел

Аптекар се обидува да му продаде на еден стар фармер средство против комарци. фармерот рекол:
– Ајде да те соблечеме гол, да те врземе на еден столб во дворот на фармата, да те намачкаме со твоето средство и ако утре наутро немаш ниту едно каснување од комарец, јас ќе ти ги купам сите средства против комарци а и целото село постојано ќе купува од тебе.
Трговецот се согласил и го врзале сосема гол на сред дворот, откако претходно го намачкале со препаратот. Наутро целото семејство на фармерот дотрчало да види што се случило. Гледаат, човекот стои врзан, жив, нема ниту едно каснување од комарец, но личел многу преморен и измалтретиран…
– Синко, зошто си таков измачен?
– Слушај, дедо, ај кажи ми… она шарено теленце таму, си нема ли мајка?
 
Седат стројник и селанец во кафана и стројникот му вика на селанецот:
- Да знаеш дека најдов идеална жена за тебе!
- Којa е таа?
- Цвета. Од соседното село е.
- Што збориш бе? Да не мислиш на Цвета глувата?
- Да пријателе. Што ако е глува..., тамам нема да може да те слушне кога ќе си дојдеш дома камен пијан.
- А нели таа и не гледаше добро?
- Точно. Тамам нема да те гледа кога си доаѓаш дома од кафeана.
- А тоа што криви со едната нога?
- Ништо страшно. Тамам нема да те брка и да те фати кога ќе се напиеш.
- А нели Цвета и малку приглупа беше?
- Немај гајле. Тамам ќе можеш да ја лажеш како сакаш.
На крајот селанецот го прашува стројникот:
- А тоа што е многу грда?
- Еее...., па сега и ти... Не може се да е убаво!

:D
 
Мајката на Зоки Поки оди на спиритуална сеанса и го зема со себе и Зоки. Човекот што контактира со мртвите го избира токму Зоки Поки за да ги демонстрира своите способности.
– Кажи ми момче, со кој сакаш да се поврзеш?
– Со дедо, ако може…
– Добро.
Паѓа медијаторот во транс и зборува со растреперен глас:
– Здраво Зоки, јас сум дедо ти од небото. Што сакаш да ме прашаш, внуче мое?
– Здраво дедо! – Видливо импресиониран одговара Зоки.
– Сакам да те прашам, што к*р бараш на небото, а пред половина час беше дома?
 
Две пријателки: – Слушам, ќерка ти ќе се мажи.
Зетот каков е? – Ооо, зетот е многу погоден. Ептен економичен, со една марула 8 ракии пие!
 
Ќерката: Мамо, што е тоа брак?
Мајката: Културен израз за посвојување на возрасно машко дете за кое родената мајка повеќе не може да се грижи.
 
Разговараат две плавуши и едната ја прашува другата:
– Кој Windows го имаш на компјутерот?
А оваа и одговара:
– Welcome… А ти?
– Еее и јас истиот.
 
Зоки Поки имал соученик Петко, кој немал уши. И секој ден Зоки го зафркавал за ушите. Петко се пожалил кај директорот и му се заканиле на Зоки дека ќе го исклучат ако пак каже нешто за ушите. Наредниот ден:
– Петко, како си со очите?
– Добро.
– А по 10 години, како ќе си?
– Пааа… пак добро.
– Добро бе, а по 50?
– Па евентуално ќе ставам очила.
– Каде бе Петко, каде ќе ги ставиш?
 
Две баби се среќаваат во болница.
– Шо прајш мори, арна?
– Арна.
– Ами шо бараш во болницава?
– Не сум нешто арна.
 
Момче седи на клупата пред кабинетот на хирургот и плаче. Го забележува една чистачка и го прашува, зошто е тажен.
– Па тетке, ми помодре едниот тестис и докторот ми го отсече. Сега ми помодре и другиот!
– Дај да погледнам – рекла чистачката.
– Момче – веднаш да ги фрлиш овие кинески боксерки!!!
 
163973-baba-na-denot.gif
 
– Ало! Пожарна?
– Да, госпоѓо, повелете.
– Јас скоро посадив цвеќе…
– Госпоѓо, баравте пожарна?!
– Да, барав. Tоа е мнoгу скапо, егзотично цвеќе…
– Госпоѓо, баравте и добивте противпожарна служба, a не цвеќара! Кажете како можеме да ви помогнеме или спуштете ја слушалката и ослободете ја линијата!!!
– Добро де, што ме напаѓате веднаш! На комшијата му гори куќата, па кога ќе го гасите пожарот, пазете на цвеќето.
 
Синчето го прашува својот татко:
- Тато, тато, како стои бродот на вода?
- Незнам сине.
- А тато како лета авионот?
- Незнам сине.
- А како доаѓа сликата на телевизорот?
- Незнам сине, стварно незнам.
- Тато се лутиш ли што поставувам многу прашања?
- Не сине, какво лутење, како ќе научиш ако не прашаш?!

:D
 
Еден нашинец долго време штедел пари и конечно решил да оди на одмор во Палестина. Еден ден го водат на едно езеро. Во езерото плови мало бротче што ги вози туристите од едниот брег до другиот. Решил човекот да се прошета и прашал за цената.
– 50 долари. – Му одговориле тие.
– 50 долари за вакво возење и толку кратка релација? Вие луди ли сте, бе?
– Ама господине, зарем не сте ја читале Библијата? Тука во ова езеро, Христос одел по водата…
– Го разбирам човекот! При ваква цена…
 
На интервју за вработување во УЈП:

– Прво прашање: Дали ги мразите сите луѓе? Сите до еден?

– Да!

– Готово, примени сте. Честитаме на вработување.
 
На интервју за вработување во УЈП:

– Прво прашање: Дали ги мразите сите луѓе? Сите до еден?

– Да!

– Готово, примени сте. Честитаме на вработување.

hihihihihihihihi ova moze i kako gatanka i kako vic
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom