Вицеви без наслов 2 дел

Мажот се враќа пијан дома, ја буди жената и ѝ вели:
– Жено, жено, разбуди се, имаме дух во куќата!!!
– Што ти е бе, се слушаш ли што зборуваш?
– Мори одам во тоалет, влегувам – сијалицата сама светнува. Излегувам се гасне.
– Оф леле, пак си мочал во фрижидерот…
 
Кој си бре ти да ми кажеш дека не смеам да и се пуштам на девојката?!?
- Дечко и.
Ај бе па ти нова ќе си фатиш види што си убав! :drk::pos::pos::pos::pos:
 
Последно уредено од модератор:
Семејство – татко, мајка и син се на циркус. Во арената излегува дресиран коњ. Синот ја прашува мајката:
– Мамо, што е тоа што му виси на кончето меѓу нозете?
Мајката не знаејќи што да му одговори вели:
– Ништо не е тоа.
Таткото му намигнува на човекот што седи до него:
– Гледаш ли како сум ја разгалил…
 
Еден богаташ им вели на своите три сина:
- Ќе му го оставам целото богатство на најмрзеливиот од вас. Сега нека дојде кај мене најстариот син!
Доаѓа најстариот син кај татко си, а татко му му вика:
- Замисли си дека на улица наоѓаш банкнота од 100 евра. Што ќе направиш?
Најстариот син:
- Ништо, ќе продолжам да си одам, исто како да не сум ја видел.
- Добро, нека дојде кај мене помалиот син!
Доаѓа помалиот син, а татко му му вика:
- Замисли ти се приближува проститутка. Што ќе направиш?
Помалиот син:
- Ништо, ќе ја игнорирам.
- Добро, нека дојде кај мене најмалиот син!
Најмалиот син:
- Ти дојди!

:D
 
Еден богаташ им вели на своите три сина:
- Ќе му го оставам целото богатство на најмрзеливиот од вас. Сега нека дојде кај мене најстариот син!
Доаѓа најстариот син кај татко си, а татко му му вика:
- Замисли си дека на улица наоѓаш банкнота од 100 евра. Што ќе направиш?
Најстариот син:
- Ништо, ќе продолжам да си одам, исто како да не сум ја видел.
- Добро, нека дојде кај мене помалиот син!
Доаѓа помалиот син, а татко му му вика:
- Замисли ти се приближува проститутка. Што ќе направиш?
Помалиот син:
- Ништо, ќе ја игнорирам.
- Добро, нека дојде кај мене најмалиот син!
Најмалиот син:
- Ти дојди!

:D
2009 си гo бaрa вицoв нaзaд.
 
Некој арамија си фатил нова женска и решил да ја прошета низ чаршија.
Излегле вечерта и шетале, шетале и женскава му вели:
-Драги види колку убав фустан, сакам да ми го купиш.
Вечерта овај отишол и со цигла го скршил стаклото и го зел фустано.
Другиот ден и го дал фустанот и излегле пак в чаршија, а женскава пак му вели:
-Драги види колку убави чевли, сакам да ми ги купиш.
Вечерта овај пак отишол и со цигла го скршил стаклото и ги зел чевлите.
Неколку дена со ред женската му барала секој ден по нешто.
Еден ден шетале и женскава му вели:
-Леле драги колку убава огрлица, сакам да ми ја купиш.
А овај изнервиран и вели:
-Ти мори да не си несалам, ти мислиш цигливе на дрво растат?
 
А не, не, не, нема теорија со овој минич да одиш во град!
– Ама тато зошто?!
– Зошто ти се гледаат јајцата, Трпе!!!
 
Си биле Математичар,Техничар и Цветко.
Умреле и Ѓаволот им рекол.
– Слушајте сега, вие сега на мене ќе ми побарате нешто што и да е, и ако јас тоа нешто ви го дадам ќе дојдете со мене во пеколот, а ако не ќе одите во рајот.
Прв бил Техничарот.
– Дај ми книга со сите технологии и да нема крај. Ѓаволот му дадол и го однесол во пеколот.
Потоа вил математичарот.
– Дај ми книга со сите броеви на светот и да нема крај.
Ѓаволот исто така му дадол и го однесол во пеколот.
На ред бил Мујо.
– Дај ми столче со 9 дупки. Ѓаволот му дадол, Цветко седнал и прднал.
– Од која дупка излезе? – Од левата горе.
– Не, од дупката на мојот газ.


:pos:
 
Мујо и Хасо една ноќ песпале во хотелска соба заедно.
Мујо претходно се наждрал грав ко стока и кога заспал почнал да прди во сон.
Хасо неможејки да заспие од реата и звукот решил да му напика црево за прскање вода и едниот крај го поставил заглавен нанадвор на прозорот од собата, решавајки го проблемот.
Сабајле кога се пробудиле, Мујо го прашува Хасо како спиел.
Овој му одговара-
-Абе заспав некако, многу прдеше во сон ти.
Мујо на тоа додал-
-Да,беее у право си...од гравот е изгледа...од што сум прдел многу изгледа дебелото црево ми излегло нанадвор...аууух, па што мука видов бре сабајле рано кога се пробудив за да го вратам на место.
 
Таткото вампир го учи својот син:
– Гледај сине, доаѓа една девојка. Сега ќе летнеш кон неа, ќе ја каснеш за вратот и ќе ѝ ја цицаш крвта.
Синот така и прави… Пие тој значи крв и по кратко време доаѓа таткото вампир:
– Ајде сега остави ја сине, доволно е.
– Но тато, таа има уште толку многу крв!
– Оставај ја кога ти велам, ние не сме политичари!
 
Оди некој човек во завод за вработување и таму ги прашува:
- Здраво, дали имате некоја работа како за мене?
- Да, секако дека имаме. Плата 4000 евра, годишен одмор од 5 месеци, а работно време од 10 до 13 часот.
- Вие со мене се зафркавате?
- Па кој прв почна?!

:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom