Вицеви без наслов 2 дел

Во бар во Аризона, во времето на каубојците. Влегува платен убиец, ја остава својата пушка на масата и нарачува едно виски. Еден фармер стои до него, дрмнува едно виски на екс и му вели:
– Извинете, но може ли да ја насочите вашата пушка кон прозорецот на мојата куќа?
– Не ме замарај. – Одговара убиецот.
– Колку ќе ми земете за да ми завршите една работа? – Упорно прашува фармерот. – Жена ми во моментот спие со соседот!
– Илјада долари од истрел.
– Ќе платам за два истрела! Но, ќе треба соседот да го погодиш во пенисот, а неа во главата.
– Добро. – Вели убиецот и започнува да нишани.
Поминуваат неколку минути, но истрел уште нема.
– Па, што чекаш? – Прашува фармерот нервозно.
– Почекај малку! Се обидувам да ти заштедам половина пари.
 
Една девојка се шетала со своето куче, и се сретнала со стар пријател на улица.
Тој: Кај шеташ со кравава бе ?
Таа: О глуп еден, куче е.
Тој: Па на кучето му зборам бе !
 
На Трпе му било роденден и Трпана го прашала каков поклон сака, а Трпе и рекол:
– Сакам пушка!
Tрпана: Не, не, пушка не доаѓа во предвид.
– Ама, стварно сакам пушка.
Tрпана: Трпе, ти реков, не може пушка! Одбери си нешто друго.
– Ама, јас сепак сакам пушка!
Tрпана: Значи реков не, не и не! Кој овде одлучува?
– Ти Трпано, али кога би имал пушка…
 
Си биле Aмериканец, Mакедонец и Русин. Биле на базен каде што кога ќе речат нешто, водата се претвара во тoа!
Македонецот пред да скокне рекол Жени и базенот се наполнил со жени!
Русинот рекол Водка и се наполнило со Водка!
Американецот пред да скокне во базенот се лизнал и рекол: Oh Shit!!
 
Со една плавуша многу се шегувале дека е глупа и таа решила да си ја бојадиса косата црна. Еден ден се возела со автомобилот и видела стадо овци. Застанала и му рекла на овчарот:
- Ако погодам точно колку овци има во стадото, ќе ми дадеш да си изберам една овца.
Овчарот се согласил.
Таа рекла без размислување:
- 54!
Овчарот се изненадил од точниот одговор.
Плавушата рекла:
- Си го бирам тоа разиграното јагненце. Го зела и го однела во автомобилот.
Овчарот ја погледнал и рекол:
- Ако ја погодам вистинската боја на твојата коса, ќе ми го вратиш ли кучето?


:D
 
Дечки ај ве молам нешто пооригинално, да не се повтараат вицовиве. На последниве 3-4 страни прочитав бар 5-6 дупли. И дај малце не-второ-одделенски нека бидат.

Што ѝ вика македонски Терминатор на жена му кога излегува од дома?
- Астал да блиста, бејбе.
 
На царина:
- Циго, што имаш во вреќата?
- Храна за канаринци.
- Дај да видам?
...Абе ова се рачни саати!
-Ако јадат, јадат, ако не ќе ги продадам....

:D
 
Слетало ѓаволче во Њу Јорк и почнало да се дере:
- Ја сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!
Одма дотрчало обезбедувањето и му рекло:
- Овдека не можеш да крадеш, немаш виза. Оди во Русија.
Отишло ѓаволчето во Русија, слетело од авион и почнало да се дере:
- Ја сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!
Дотрчале Руси и му рекле:
- Овде не можеш да крадеш, претседателот одма ќе те фати. Оди во Германија.
Отишло ѓаволчето во Германија, слетело од авион и почнало да се дере:
- Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!
Му дошле полицајци и му рекле:
- Овдека не можеш да крадеш, одма ќе те уапсиме. Него слушај, има
една мала земја на Балкан,се вика Македонија. Таму сите крадат и
никој не лежи во затвор. Оди таму.
Се уморило ѓаволчето од патување, ама конечно слетува на аеродром
во Скопје, излегува од авион и се дере:
- Ја сам ѓаволче, имам... имам... абе каде ми е куферчето, мангупи едни?
 
Осми Март во Идризово, 2030 година:
-Уште 34 и готово! - рекла радосно Гоца и отишла по наполитанки во затворската кантина.
(Б.Тричковски)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom