Вицеви без наслов 2 дел

Умрел некој млад човек, и на погреб и' приоѓа некој на бабата од починатиов и и' вели:
- Бабо, голема загуба, млад...
А бабава:
- Се се, ама само нека иде рЕндом синко!
 
Папата бил многу болен и никој не можел да го излекува. Кардиналите повикале еден многу стар и искусен доктор, кој им бил препорачан како единствена и последна шанса. По долг преглед докторот им соопштил на кардиналите:
– Имам добра и лоша вест. Лошата вест – Папата има ретка болест на тестисите. Добрата – може да се излечи само со секс.
Кардиналите, збунети од третманот, му објасниле на Папата. Тој им рекол:
– Ќе се согласам со тоа, но само под четири услови!
Кардиналите шокирани:
– Кои се условите?
– Прво, девојката треба да е слепа, за да не може да се види со кого има секс. Второ, мора да е глува за да не може да се слушне со кого има секс. Трето, треба да е глупа, и во случај да разбере со кој имала секс, но да не може да раскаже!
По кратка пауза, кардиналите прашале:
– А што е четвртото?
– Големи цицки!
 
Стар виц со нов повод

Отишол Груевски во државна посета на Швајцарија и едно време го прашува својот колега:
- Никогаш не ми било јасно зошто имате министерство за поморство кога немате море?
А швајцарецот му одговара:
- А вие зошто имате министерство за економија?
 
Полицијата фатила крадец кој ограбил банка и го извела пред суд.
Судијата: Дали сакаш да ги вратиш парите и да те пуштиме или да одлежиш робија?
Крадецот: Почитуван судија, ако имав намера да ги вратам парите, ќе земев кредит.

:D
 
Си биле две плавуши и едната на друга и вика:
– Овој месец изгубив 15 кила.
А другата плавуша и вика:
– Ајде да ги побараме.
 
Се шетаат Трпе со синчето по населба, и поминуваат покрај училиштето.
- Знаеш дека и тато учел тука пред 20 години?
- Аааааа, затоа ми вика учителката дека идиот како мене не сретнала 20 години!
 
Лекарот му вика на Трпе:
- Од денес минувате само на леб и вода, никако алкохол, никако жени, никакви излегувања и забави...
- И до кога така?
- Додека не ми ја платите сметката
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Некоја баба цело време била добитна во кладилница, немало ден да не фати некој денар. Оди еден ден Мара в кладилница и ја прашува бабата:
– Бабо ма, како ги пишуваш тие натпревари за цело време да добиваш?
– Ами така, чедо. Сега, ќе си одиш дома и ќе го фатиш мажот ти за курот и ќе му го пуштиш – ако падне на лева страна, ставаш „кец“, ако падне десно „двојка“, а ако е на средина „икс“.
Мара се зачудила на тоа и си заминала. По неколку дена оди во кладилница и и’ вели на бабата:
– Ама бабо, на мојов цело време му е на средина, цело време „икс“.
Бабата вели:
– Е па, чедо, оди си дома и седни си на к’сметот!
 
Последно уредено:
ЕКСКЛУЗИВНО:
Груевски, Ставрески, Јанкулоска, Јанакиески, Психоѓеров и остали, на следни избори ќе гласаат ден порано!
 
Polaže Crnogorac vozački ispit po prvi put. Ulazi u auto. Unutra već instruktor i dva člana komisije.
Sjeda, veže se, i vadi 1000 eura i stavlja ih više glave, kod štitnika od sunca.
Član komisije ga upita: "Što je to ... mito.?"
Crnogorac: "A ne jadan, jezik pregrizo, kakav mito!?! To je za muštuluk - ko mi prvi javi da sam položio!!!"
 
Се сретнале на улица двајца пријатели:
– Пејо, како си?
– Лошо, Трајане, лошо!
– Зошто? Што се случило?
– Вчера бев на доктор и ми измерија крвен притисок 80 со 120 и пулс – 60.
– Што сакаш да кажеш!? Па тоа се совршени резултати! Како астронаут си!
– Сакам да кажам дека млада и убава докторка ме фати за рака и не ми се крена ниту притисокот ниту пулсот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom