Итар Пејо
Слободен Радикал
Си бил некој човек од село и си имал ќерка единица. Ќеркава завршила школо, се вработила, добра плата, стан купила, кола, се на место што би се рекло. Арно ама кога доаѓала да ги посети родителиве на село се сама била а веќе префрлила 30-ка години. Еден ден татково решил да оди да ја посети во градот. Отишол и видел станот среден, ќеркава дотерана топ...си рекол ај да почекам може ќе го донесе дечкото. Дошла ќеркава од работа пак сама и така 3-4 дена. Веќе загрижен татково почнал да и врти муабети ќерко вака така маж некој нели имаш ти во животов?? Сакам зет да видам па и внуци да ме радуваат! Абе татко почнала ќеркава...види вака јас сум современа девојка мене маж не ми треба. Е како мори ќерко...а срам не срам ќе те прашам коќе ти дојде за онаа работа што правиш??? Абе тато лесна работа си имам вибратор ќе си завршам работа и готово, не ми треба маж мене и обврски. Вибратор??? Се чуди татково, што е тоа мори ќерко ??? И ќеркава ни едно ни две му го покажала. Татково се јадосал, се чудел ама испуштил едно добро ќерко. Утредента отишла ќеркава на работа и кога се вратила гледа седи татково на маса со вибраторот и две чаши ракија. ШТО ПРАВИШ БЕ ТАТО???, Спискала збунета. ЕВЕ ЌЕРКО, ДА СЕ НАПИЈАМ ЕДНА РАКИЈА СО ЗЕТОВ