Некој маж со жена му секоја година посетувале саем на летала, и секогаш мажот велел "Колку би сакал да се повозам на хеликоптерон..."
Жена му, како и секогаш, му одговарала "Знам дека сакаш, ама возење на хеликоптерот чини 100 евра, а 100 евра си се 100 евра".
После многу години, како и порано, го посетувале саемот, и мажот рекол "Види, имам 85 години. Ако не се повозам сега на хеликоптерот, веројатно нема да имам повторно шанса за да се повозам..."
Жена му, пак со истиот одговор "Знам, ама возење на хеликоптерот чини 100 евра, а 100 евра си се 100 евра".
Пилотот го слушнал разговорот и им рекол "Слушајте, можам да ви понудам нешто. Ќе ве повозам и двајцата на хеликоптерот. Доколку ќутите за цело време на летот, нема да ви наплатам ништо. Ама, ако било кој каже макар еден збор, летот ќе ве чини редовни 100 евра".
Се согласиле и се качиле на хеликоптерот. Пилотот ги пробал сите финти што ги знаел за да ги натера да прозборат. Вртел, правел нагли потези... џабе, ни збор.
Штом го спуштил хеликоптерот, уште не гледал позади кога рекол "Побогу, ги направив сите финти што ги знам и ни збор не кажавте. Секоја чест!"
Се слушнал гласот на мажот позади него "Брат, да ти кажам искрено, за малку ќе речев нешто кога падна жена ми од хеликоптерот, ама знаеш, 100 евра си се 100 евра."
-------
Тестираат тројца за придружување во таена државна агенција. Последниот тест бил да се провери дали можат да убијат без емоција. Им биле дадени пиштоли и им рекле дека треба да ја убијат личноста во другата соба. Во другите соби биле нивните жени и не им кажале дека во пиштолите ставиле ќорци.
Првиот влегува во собата за него, ја гледа жена му и излегува. Им вика "не можам да ја убијам жена ми свесно."
Влегува вториот, ја гледа жена му, и после неколку минути се слуша истрел и излегува од собата.
Третиот влегува во собата, се слуша истрел, и после 5 минути излегува и се дере "абе идете у курац, сте ми ставиле ќорци во пиштолот па морав со раце да ја убијам!"
-------
Ај уште овој и легнувам да спијам
Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.
- Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене - твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!
Мажот и и рекол тивко: Може ли барем да ти објаснам што се случи те молам?
- Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќе ти се последните зборови што ќе ми ги кажеш!
- Вака... се качував во кола од работа кога оваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, па ми падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека.
По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела. Бидејќи беше многу валкана, и понудив и да се истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив.
Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќ а ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во оној скапион бутик а не ги носиш затоашто некоја твоја колешка од работа носела исти такви...
Зима длабока воздишка мажот и продолжува: Беше толку среќна и благодарна, само да можеше да ја видиш... додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите ми рече:
- Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено???
