D
dh00|
Гостин
Тргнал тигарот да се шета во џунглата и видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал: - Абе, магаре, кое е најсилното животно во џунглава? Магарето цело потресено: - Па, ти си тигре, нормално. Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил: - Тигре, нема посилен од тебе! Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и го прашува: - Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а? Слонот го фаќа тигарот со сурлата околу вратот, го крева и треска двапати од земја, го витка како топка и го акнува од дрво. Се созема тигарот, па коментира: - Добро бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.