Вицеви без наслов 2 дел

Во војска имаат тренинг за ставање на гас маски. И старешината вика:
- Маските на лице! - и сите ги ставаат маските.
- Тргнете ги маските - и сите ги тргаат.
Му се приближува на еден војник и му вика, абе јас кажав да ја извадиш маската!
- Ја извадив друже!
- Пу да ти ебам фацата!
 
Господ му се жали на свети Петар дека е многу уморен и дека треба малку да се одмори. А свети Петар му предлага:

- Зошто не одиш на Месечината?

- Не - му вели Господ - не сакам, таму нема атмосфера.

- Тогаш Господе, оди на Земјата...-повторно предлага свети Петар.

- Не ми се оди и на Земјата -вели Господ - Бев таму пред 2000 години и се смував со една слатка Еврејка, а тие на Земјата се' уште зборуваат за тоа.
 
Се враќа Кинез од Македонија дома целиот збумбарен, а комшијата го прашува:
- Што е ова бе, кој те тепаше?
- Абе едни Македонци ме начекаа.
- А, колку ги има?
- Па што знам, околу 2 милиони.
- Собирај ги другарите од маало, па да и одиме!
 
Оди дечко у аптека и глеа згодна аптекарка. И таков залетан и вика... Дај ми мене лента аналгини и... Земи за тебе што ќе пиеш...
 
Влегува грда жена во бар, ја крева раката (под која има влакна), и прашува:
- Кој маж ќе ме части пијачка?
Сите мажи се гадат од неа и се прават на три ипол, само еден пијаница вели:
- Келнер, дај и на балерината нешто за пиење.
Таа го зема пијалакот, го пие на екс и пак ја дига раката и го повторува прашањето. Пак сите си свиркаат и пак пијаницата вели:
- Келнер, дај и на балерината нешто за пиење.
И така петпати. На крајот келнерот го прашува пијаниот:
- Добро, твоја работа е што сакаш да ја частиш женава, ама зошто ја викаш балерина?
- Според мене само балерина може толку да ја крене ногата.
 
Си одат тројца будали по железничка пруга и едниот вели:
-колку долги се овие степеници, бреее, крај немаат
Вториот вели:
-абе остај што се долги, па и оградава ја ставиле толку ниска што да неможеш да се држиш
А третиот вели:
-не се сеќирајте другари иде лифтот.
 
Неискусна девојка го прашува момчето:

-Мили, какво ти е тоа испакнување на панталоните?

-Тоа е бубрег мила.

-Ох, колку ме загрижуваш... Да не имаш камен во бубрегот?
 
Се одржува погреб во црква за жена која штотуку починала од срцев удар. На крај на службата, носачите го зеле ковчегот и тргнале да го изнесат надвор, арно ама се сопнал еден од нив и удриле со ковчегот во sид. Во тој момент слушнале извик, го отвориле ковчегот и што ќе видат, жената била жива. Живеела жената после тоа уште десет години, и кога на крај умрела, повторно ја однеле на погреб во истата црква и после службата истите луѓе земале да го изнесат ковчегот. Само што тргнале да го изнесат ковчегот мажот и викнал:
- Луѓе, ве молам внимавајте на sидот!

 
Мало албанче го прашало татко му каква држава била СФРЈ по уредување.. Стариов за да му објасни на детево му дал пример:
- Сине таа држава беше организирана како воз... Локомотивата беше Словенија, после неа Хрватска, Србија, Босна, Македонија и на крај Црна Гора.
И малиов прашува:
- Тато, тато, а каде сме ние албанците?
И таткото на тоа:
- Па ние сине го кочевме возот, да не бевме ние возот ќе отидеше у пи*ку матер!
______________________________________________________
Си била змијата и си возела точак и ја сретнал зајакот и и рекол:
- Змијо како возиш точак кога немаш ни раце ни нозе?
И змијава:
- Еј да бе! - и паднала.
_____________________________________________________
Мало девојче во црква ја прашува мајка си:
- Мамо, зошто е невестата облечена во бело?
- Затоа што белата е боја на среќата, а денес е нејзиниот најсреќен ден!
По кратко време размислување девојчето пак ја прашало:
- Тогаш зошто младоженецот носи црно?
 
Учителката во школо видела неколку деца како прават фаци додека си играат, па ги предупредува:
- Деца, кога бевме мали нас не учеа дека кој прави грди фаци ќе остане таков кога ќе порасне.
На тоа Кирче коментира:
- Па добро, барем не може да се жалите дека не ве предупредиле.
 
Си биле маж и жена. Мажот се враќа од работа, а жената како и секој ден, вообичаено, го става ручекот на маса. Мажот се изнервирал нешто и го фрлил јадењето низ прозорецот. Жената го гледала некое време, земала стол и го фрлила низ прозорецот.
- Зошто го фрли столот? - рекол мажот.
- Епа кога ќе се симнеш долу да ручаш, да има кај да седиш!!!
 
Пингвин и зебра влегле во фото-студио да се сликаат.
- Колор слика сакате? -ги запрашал фотографот.
- Не, не мора, во ред е и црно-бела!!!:pos2:
 
1: Како се викаш?
2: Ко татко ми.
1: Како се вика татко ти?
2: Ко мене.
1: А вие двајца како се викате?
2: Исто.
 
Мајката ја кара ќерката:
-Ќерко види се на шо личиш ништо не јадеш. Знаеш ли што се случува со девојчињата што не јадат?
-Знам мамо, стануваат манекенки.
 
Некој богат човек си купил ново BMW и сега го вози низ град за да го покаже. Цело време се тркал и никако да го стигнат. И стига нормално до семафори, кога некој го удира одзади. Кога што ќе види, фичо. Излегува овој и почнува да се дере:

- Па добро бе кај најде со фичо да ме удриш, колава е нова, знаеш ли колку пари ќе ме чини ова?!

Овој со фичото му вели:

- Извини, не те видов, те молам прости ми, јас немам пари да ти ја платам оштетата, имам петчлено семејство...

И добро се смилувал овој, си вика ај толку пари имам, сега за едно фичо.

И пак продолжува да вози, се трка, се трка, пак застанува на семафори и пак некој го удира. Кога се врти, пак фичото. И тука веќе почнува циркус да прави, се дере, урла, удира по колата, и овој од фичото пак почнува, ама извини, не те видов, прости ми.....

И добро, ај поминал и овој пат некако, овој со BMW-то продолжува да вози и доаѓа пак до семафори, кога пак некој го удира одзади. И таман да излезе од кола, тој од фичото му се дере и му мафта со раката:

- ТЕРАЈ, ТЕРАЈ ПОНАТАМУ, ЈАС СУМ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom