Ви се случило ли некoгаш фризерот да ве "осакати"?

  • Креатор на темата Креатор на темата SNooPy
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се има случено да ми ја утнат фризурата и да не ми се допаѓа како ми стои и да се вратам дома расплакана.
Ама сепак,ретки се тие случаеви.
 
Еднаш ко бев помала појдов на фризер сама и и’ викам „сакам шишки, убо ќе ми стојат?“ и таа „да, да, преубо ќе ти стојат, на вакво убо момиче се’ убо ќе му стојт“ (а јас имам витката коса ама дете шо разбират, а таа ко фризерка наместо да ме посоветуват ме унакази) и доброо, ме напрај со шишки и згора на то ми ја скрати до уши... и замисли сеа ко ми се исуши косата и ко ми се навитка, ко брокула бев во глава. Леле едно плачење ко сум удрила дома, среќа шо брзо ми порасна иначе ќе шетав таква никаква. :kill:
 
да често ме осакатуваше фризерката кај која одев до пред некое време. затоа веќе не одам. ама не жалам коса затоа што прилично брзо ми расте. единствено се нанервирав кога ми правесе фризура за сликата за табло. ух колку ми бесе никаква ама се' се среди и испадна ок. ама на фризерката и реков па- па!
 
Еднаш ме имаат унаказено, али поштено. И тоа лично Жаре берберот(екс), а сега позната и призната шоу ѕвезда, и забавувач:pos:
Отидов у јули да ми ја скрати малку косата и да ми направи нерамни и изретчени шишки.И тоа со слика му отидов за да му покажам конкретно какви шишки сакам.Али сега познатиот, а тогаш само бербер Жаре, имаше други планови за мојата коса. Ми ги шкрапна шишките у два потези, и место она што го сакав добив прамени кои штрчат у близина на чело. Па, така си го пројдов остатокот од летото со капи и шешири на глава.:nerv:
 
na mene ne ali za eden tip gadno go osisaa ednata strana so kosa drugata bez
so da se prave frizerot bil malce pijan
 
Lele me isisa bev kako
forum+13finesa.gif
u glavata mi idese da mu kazam da mi gi vrati parite.

Парите тешко да ти ги врати.. требаше да му кажеш да ти ја врати косата :)
 
Да,да и тоа неколку пати.Во сето тоа единствена срека беше тоа што јас многу многу не се притресував за тоа пошто знам дека ке порасне значи не е нешто што останува така форевер.Е да бев ко сестра ми ке се убивав после секое шишање.Карактери и свакања.Ама во секој случај уште еднаш не влегуваш во таа фризерница.И толку.:baeh:
 
Ми се има случено и тоа многу често.Нонстоп го пцујам кога излегувам од фризерница.
 
да, кај мене во чаир ги има многумина кои експериментирале на мене, затоа последниве 6 години само кај Цимер си се шишам :)
 
Ахх кога ќе ми текне само:)...ми се има неколку пати десено да ми ја утнат фризурата и да ме ишишаат малце поише него што треба али нема да заборавам прошлата година кога ми беше ќејф да си направам шишки и кога отидов до најблиската фризерница зашто мислев дека нема голема филозофија во правење на шишки и дека нема потреба да давам многу пари само за тоа али гааааадно се зезнав...Толку ми беа кратки што не ни можев да ги скријам.Ми беше срам да се покажувам во јавност:)Уште ја пцујам таа фризерка!
 
Еднаш, пред 7 години. Фризерот кај кој си одев, на жалост не беше во градот, па морав да барам друга опција. Ни сама не памтам кој ми кажа да отидам ама денес да ми излезе таа жена пред очи...
mysmilie_1229.gif

И` реков шишки дека сакам. Важи, нема проблем. Ме ишиша, ја исправи, и си отидов. Прво миење на косата (а таа виткана), шишките... Ужас. Па и` плачев на мајка ми, па татко ми ми маваше сеир :pos:, па после он ме однесе на друго место да ме средат, бог знае што ми направија, ама заличев на човек, можев на улица да излезам. :icon_lol:
Стоеле и на виткана коса шишки, само што јас завршив со тоа. До ден денес не ми е јасно како побарав така да ме ишиша, а не ми текна дека имам виткана коса. Никогаш повеќе шишки. :pos:
 
Да мојот фризер ме уништи... А ми беше и добар пријател и по кафиња заедно и се. Ми ја скрати косата ептен а знаеше дека сакам долга коса, ај тоа што ја скрати па ми ја ишиша рамно а јас секогаш ја носам во V одзади... Кога се видов го избркав од дома и никогаш веќе не му прозборев.:pipi:
 
Еднаш кога бев на фризер со тетками. Јас бев само да и праам друштво и после ми вика ај и тебе да ти ја потскратиме-и јас дете мало шо разбирам ајдЕ! Ко ми ја скрати ко печурка бев. По гадна никогаш не ми била! Си заминав дома со плачење, а пак тетками ме теши ајде ќе порасни, ќе порасни! Сега кога и да поминувам покрај фризерницата-пцујам!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom