Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Да

    Гласови: 42 33,1%
  • Не

    Гласови: 61 48,0%
  • Не ги приметувам

    Гласови: 24 18,9%

  • Вкупно гласачи
    127
Веднаш..во стартот (ќе) ти паѓа „тезата„...
Најголем прираст имаат посиромашните земји..
Мислиш на најнеразвиените најсиромашните и најнеобразованите ?
И мислиш ли дека високата стапка на наталитет во тие држави се должи на владини кампањи и реклами ?
]Второ..е религиозниот фактор..односно влијанието врз нивниот живот..се мисли духовен..:toe:
Религијата претежно е фактор во исламските држави.
 
e ne veruvam deka veke ke vi falat vladinite reklami,denes pocnaa!!!!

a znaete li kolku pari ke platat za tie reklami?
nama da veruvate ama ke vi kazam deka podatocite se tocni i koj ne veruva moze da proveri na oficijalniot cenovnik na dik.

samo kako primer ke vi kazam na TV SITEL ZA EDNA SEKUNDA KE PLATAT 4000 EVRA
ili da pojasnam ako reklamata trae 10 sekundi znaci na sitel ke mu platat celi 40 000 evra i toa vasi pari .i toa samo za edno emituvanje na reklama od 10 sekundi 40 000 evra

i pak vie pisuvajte si po forum kolku grujo e dobar i kolku misli za narodot??????
 
Леле колку ми недостигааа. Со срце ги чекав онака сега на раат да нема да можам да се изнагледам некој филм или нешто слично. Абе на кој му недостигаат политички реклами и пропаганди баш сакам да знам??? Јас едвај чекам да дојде 22ри да изгласаме и ај продужи си со живот.
 
лелеее анкетава ме разочара...па од мудростите да не станаа попаметни:drk::drk::drk::drk:
 
Зависниците од владините кампањи и реклами конечно можат да здивнат.
Следи нов серијал од нивната омилена серија "Дупење у здрав мозок"

Имено: Уште милиони - за уште кампањи!!

Владата потрошила нови 4 милиони евра од државниот буџет за да ги убедува граѓаните дека не се во криза, да ги „натера“ да бидат оптимисти, да ги научи да не пушат, да не пијат, да не абортираат, но да читаат книги и отпад да фрлаат во канта
. Станува збор за седум кампањи од вкупно над 15 што беа најавени лани, а огласите беа распишани пред крајот на годината. За сите кампањи, договорите со четирите фирми што ги добиле главните огласи биле склучени на 17 март годинава, сред изборна кампања и во екот на најголемата економска криза.

Кампањите за борба против алкохолизмот, етика и етичко однесување, објаснување на последиците од абортусот, борба против пушењето, поттикнување на граѓаните да читаат книги, јавна чистота и отпад и за оптимизам и почитување на добрите вредности, најверојатно, веќе се готови. Тие наскоро треба да се објават во медиумите и да ги бомбардираат граѓаните со нови информации за подигнување на јавната свест. Вкупната вредност на сите кампањи е над 4 милиони евра, а секоја поединечно, наместо во рамка од 400.000 евра како што појасни премиерот Никола Груевски, чинат по околу 600.000 евра.

Добитници на главниот колач од огласите се четири домашни компании, кои сред изборна кампања „ќариле“ во просек по 1 милион евра. Најмногу се усреќиле во фирмата „Ин маркетинг“, која се јавува како добитник на носечкиот оглас на три кампањи. Освен за кампањата за оптимизам и добро однесување, за која „Дневник“ веќе пишуваше, фирмата ги добила и кампањите за етичко однесување и за јавна чистота и отпад. Се работи за вкупно над 1,5 милион евра доделени на истата фирма. Од фирмата открија дека веќе ги изработиле и двете владини кампањи што беа лиферувани лани за јавните кампањи за информатичко општество и спот за кампањата за поттикнување на толеранцијата, за кои нема информации колку пари добиле. Втора на листата со добитници е фирмата „Маркет вижн“, која г работи кампањите за борба против пушењето и за поттикнување на граѓаните да читаат книги. По еден главен оглас добиле фирмите „Омега комуникации“ и „Њу момент Њу идеас“ - кампањата за борба против алкохолизмот, односно за објаснување на последиците од абортусот. На сите сите кампањи се вртат имињата на вкупно осум фирми, од кои некои добиле и помал дел од колачот.

Покрај носечката набавка што ја добива една фирма за изработка на лого, дизајн за ТВ-спот, радиоспотови, постери, летоци, билборди, стратегија за односи со јавноста, медиумски план и закуп на медиумски простор, Владата од дополнителните добитници бара повторно изработки на нови ТВ-спотови, билборди и слично.Од Генералниот секретаријат на Владата ниту вчера не добивме одговор за деталите од кампањите ниту кога тие ќе се појават во етер.

Во антикорупциската комисија неодамна информираа дека веќе ги чешлаат набавките за неколку владини кампањи објавени лани во изборниот период за кои добиле информации од Владата. Станува збор за три-четири кампањи спроведени лани за кои комисијата ќе испитува дали се дел од годишната програма за работа на владата, дали за нив има однапред предвиден буџет, за кој период се планирани набавките, а посебен акцент ќе стави на тоа дали некоја фирма добила повеќе владини тендери. Особено индикативни се случаите кога една фирма добива повеќе огласи - изјави Мирјана Димовска, претседател на антикорупциската комисија.

Невладините организации што се занимаваат со оваа проблематика побараа не само морална и политичка, туку и кривична одговорност од Владата поради „неразумното“ трошење на парите на народот во текот на изборна кампања и сред економска криза.

Огласите, поради притисокот од јавноста, сега се објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Покрај овие седум кампањи, објавени се и делумни информации за кампањите за борба против корупцијата, за која само за ТВ-спот се доделени 12.500 евра, како и за кампањата „Истражи ја Македонија“ за која е склучен договор вреден 182.000 евра.

6628226425414948BBD5CB7ED5E4A1F6.jpg


Линк
 
Владата потрошила нови 4 милиони евра од државниот буџет за да ги убедува граѓаните дека не се во криза, да ги „натера“
да бидат оптимисти,
да ги научи да не пушат,
да не пијат,
да не абортираат,
но да читаат книги и
отпад да фрлаат во канта
.

Доле влада!

Треба да правите кампањи за да ги убедите граѓаните

- дека се во криза,
- да ги натера да бидат песимисти
- да ги научат да пушат
- да се пијанчат
- да се дрогираат
- да се курваат
- па да абортираат
- да не читаат книги
- никако да не фрлаат ѓубре во канта.

Ништо чудно кога ваков текст го пишуваат курвински новинари од курвински весници.
 
Доле влада!

Треба да правите кампањи за да ги убедите граѓаните

- дека се во криза,
- да ги натера да бидат песимисти
- да ги научат да пушат
- да се пијанчат
- да се дрогираат
- да се курваат
- па да абортираат
- да не читаат книги
- никако да не фрлаат ѓубре во канта.

Ништо чудно кога ваков текст го пишуваат курвински новинари од курвински весници.
Ај ти ко поупатен у ова тематика, напиши ми ги ефектите од околу 150-те милони потрошени евра за реклами и кампањи во изминатите три години.

Објасни ми:
- Дали граѓаните поради рекламите не чуствуваат дека се во криза ?
- Дали се повеќе оптимисти ?
- Дали помалку пушат ?
- Дали помалку се пијанчат ?
- Дали помалку се дрогираат ?
- Дали курвањето секна ?
- Дали читаат повеќе книги ?
- дали некоја девојка/жена поради одредена реклама одлучила да не абортира ?
- Дали целта ги поравдува средствата, или средствата одат во приватни џебови ?
 
ццццц...ах лелелел....бранителите и стечајците ке протестираат и гладуваат, а овие реклами од милионски суми...ма нека се ебат сите у гз!!!
 
Власта во романтична идила

Власта влегува во фаза на продолжен меден месец. Прекрасна романтична идила. Македонската пролет е во полн ек, а пред нас е долго топло лето. Цветаат безброј еднобојни портокалови цветови и илјадници сончогледи. По улиците тече млеко и мед. Милина една. Граѓаните се воодушевени како некогаш за време на братство и единство. Уживаат во обновата на едноумието и еднопартискиот систем на владеење, демократски инсталирани по нивни сопствен избор. Така работно и со нови победи ја одбележуваме дваесетгодишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид.

Насекаде само успеси и крупни резултати: само што не сме го урнале и шенгенскиот ѕид. Светот не' чека со отворени врати. Проблемот со името е пред разврска. Власта ја употребува се' почесто синтагмата „разумен компромис“ како пандан на грчката „заедничко прифатливо решение“. Се разбира, референдум веќе не се спомнува. Нимиц повторно е еден фин господин. Во НАТО сме влезени одамна, останува само формално-правна одлука која може да се донесе ако не оваа среда следниот петок, нели. А и преговорите со ЕУ се на повидок. Уште годинава ќе добиеме датум за брзи, што би се рекло експресни преговори со Европската унија и рамноправно членство. Кој рече економска криза. Во Македонија таа е здодевна и непотребна тема. ММФ и Светската банка ни се во скутот. Кога сакаме ќе им земеме пари.

Владата веќе плати околу пет милиони евра од буџетот, открива „Дневник“, за нови седум кампањи во медиумите под многу сомнителни околности. Сега власта ќе го учи народот да чита книги, луѓето да не пушат, да не пијат, да не абортираат, како да го фрлаат ѓубрето во канти и, што е најважно, Владата преку пропаганда на која може да и' позавиди и комунистичкиот агитпроп ќе ги прави граѓаните среќни. Да бидат оптимисти и позитивни. Како и сите други владини кампањи, оваа последната најмногу смрди на корупција и криминал. Во време на жесток удар на кризата и голема сиромаштија, Владата повторно купува медиумска доверба, а има сериозни индиции дека, најверојатно, ги плаќа услугите на медиумските мегафони дадени безрезервно за време на локалните и претседателските избори. Се раздолжуваат победниците на изборите со газдите на медиумите и коалиционите партнери на власта. Со пари на граѓаните милиони евра преку седум нови кампањи ќе се слеваат во медиумите со строго партиско надгледување и дозирање на ратите.

Продолжуваме штедро и мудро да ги ангажираме леарниците во Фиренца да работат во три смени. Набргу ќе ги посети уметнички компетентна комисија испратена од македонската Влада да види како оди топењето на тони и тони бронза од кои се лее нова историја. Додека театрите и музеите покрај Вардар вишнеат под големите кранови, уште еден „компромис“ е на повидок: „Св. Никола“ и Бурмали-џамија на плоштадот нема да ги гради државата, ќе ги градат Македонската православна црква и Исламската верска заедница. Има место за уште по една католичка и влашка црква. Едно убаво ќоше од градскиот плоштад може да се резервира за по една евангелистичка и баптистичка црква. Плоштадот „Македонија“ може да го прекрстиме во Шкофија Лока (Попова Долина). Камбаните ќе бијат од сите страни, муезините ќе викаат на молитва од звучниците на високите минариња, лавовите ќе рикаат од сите страни. Ќе бликаат водоскоци и фонтани.

Се отвораат и нови фабрики, електрични и гасни централи, се градат патишта и брани, земјоделците и сточарите пеејќи работат. Научија што се субвенции: бројот на невработените рапидно паѓа. Администрацијата и пензионерите чекаат ново покачување на платите и пензиите. Се' на се' еден мал рај. Големите странски и домашни инвеститори се одушевени од амбиентот додека ги пребројуваат своите профити, а милионите дрвца што ги садевме со кинески елан само што не расцветале. Преродбата е во полн ек. Пишуваме нова историја од Адам и Ева наваму. Градиме светла иднина за навек. „Онде поток, овде цвет“.
Добро, секогаш има по некој црномислечки изрод, песимист, соросоид, антихрист, комунист, дефетист кој се обидува да ја снеубави идилата. Тоа се грст бедни платеници кои се докажани непријатели. Тие се веќе прочитани и анатемисани. Никој веќе не им верува. Пишуваат на мраз кое силното македонско сонце веднаш го топи. Сончогледите не даваат ниту еден зрак што го праќа кралот на сонцето да оди во погрешна насока. Тие впиваат се'. Создаден е идеален демократски амбиент. Воспоставени се нови стандарди на храброст, праведност, објективност, етичност и професионалност и во медиумите и во судовите и насекаде. Па, така во Македонија е храброст да се осудуваат, напаѓаат, жигосуваат и исмеваат тие што не мислат како власта. Нападите врз послабите и понемоќните е победничка дисциплина број еден. Да се фали власта, да се воспеваат големите успеси и резултати е врв на развојот на демократијата и слободата на мислата.

Власта на своите пци-чувари им даде име Слобода. Па, така власта и слободата ловат заедно непријатели и матикаши. Кучињата врзани на синџир не лаат заради селото, туку заради себе. Тоа им е вродена и инстинктивна реакција да ја чуваат и бранат освоената територија и стопанот што им дава леб. Штитејќи го газдата, се бранат себеси. Затоа за нив треба да се има разбирање. Кога е нешто со вродена мана треба да се помогне. Тоа е од Бога бележано. Отсекогаш сум мислел дека не е етички пред луѓе со посебни потреби и со ограничени можности да се покажува многу ум, супериорност, знаење и способност. Тоа е голем грев. Затоа треба да се остават овие верни чувари на власта да лаат додека не почне да им пречи на тие што спијат опиени од слава. Кога ќе им викнат чибу, ќе ги свиткаат опашките и ќе молкнат до следното с’скање.

Реалната слика на македонската стварност, за жал, не е ни малку идилична. Шенгенскиот ѕид можеби, конечно, ќе падне. Сепак, потешко ќе падне ѕидот во главите наши. На тоа се потпира доктрината на оваа Влада. Додека нашите врвни политичари неискрено зборуваат за компромис околу името, тие искрено ја комплетираат тужбата во Хаг против Грција. Стимулираат пишување нова историја, бараат нови и нови локации за антички споменици. Премолчуваат што вели Европа, а ни кажуваат само што велат тие. Европа се' погласно ни кажува дека нема решение без амин на Грција, а ние велиме споменикот на Александар Македонски јавнат на Букефал ќе биде 30 метри. Америка ни вели проблемот со името треба да се решава само на делот од името, ние велиме дека империјата на Македонија била до Индија. Словенските земји-членки на ЕУ и на НАТО ни велат: ви даваме целосна поддршка, Македонија е колепка на сесловенската писменост. Ние им велиме: ние не сме Словени, тие се примитивни племиња со кои немаме врска. Тие се гордеат со своето и наше словенство, а ние се срамиме.

Величествена е трансформацијата на луѓето на власт, нивните советници и медиумски поддржувачи. Мора да е тоа извонредно чувство кога овие луѓе откриваат потреба од компромис за името. Кога јавно ќе се изусти тоа, па макар и лажно, тоа е веќе епохален напредок. А, каква гордост и достигнување ќе манифестираат кога ќе се откажат од античките споменици, преименувања на стадиони и аеродроми. Што ќе ни кажат, која приказна ќе ја чуеме кога ќе ја повлечат тужбата од Хаг. Си велам не е далеку денот кога премиерот Груевски и претседателот Иванов ќе излезат пред јавноста со различни ставови. Прво, ќе речат нема идеална кохабитација и дека различните гледања се одраз на демократијата. А, потоа, како и сите македонски премиери и претседатели, ќе си подметнуваат, додека мудреците околу Иванов не му соопштат дека претседателот е осамен и изолиран.


Eрол Ризаов - Утрински


 
не бидејки беа досадни на која било телевизија да пушташе они беа тука....
 
Od site reklami najmnogu me inspirira reklamata za SWEDMILK
 

Attachments

  • Swedmilk-3.jpg
    Swedmilk-3.jpg
    18,1 KB · Прегледи: 2
Па, морам да кажам да. Утринава кога станав, се упатив кон бањата, се погледнав во огледалото, длабоко воздивнав и се запрашав: Што сум јас?

Кога одговорот не беше “Ти си Македонија!“, длабоко се разочарав од себеси, се опијанив, издрогирав, се искурвав, паднав у депресија, влегов во криза и отидов да ја пцујам мајка ми оти не ме абортирала.

Владо! (не лично име, туку заповедна форма) Реагирајте побрзо со уште 5-6 милиони евра, којзнае уште колку вакви случаи има, подобро да се спречи отколку да се лечи. А како подобро да се спречи, ако не со реклама?
 
Ti da ne si komunjar shtom ne gleash reklami,kakov patriot si ti togash shtom ne gi gleash Makedonskite reklami?


тоа ли се патриотски реклами ? ццц оди беси се гледате само во една точка наречена грујо....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom