Верувате ли во чуда?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам дека се што ми се случува се случува со причина.
Без разлика дали тоа ќе е лошо или добро.
 
Чудо == настан што не можеме да го објасниме ≈≈ настан за кој немаме доволно знаење

Со други зборови: колку повеќе знаеш, толку помалку (има потреба да) веруваш.

Е сега, бидејќи секогаш ќе имаме дупки во знаењето и никогаш еден човек нема да може да знае баш сè, секогаш ќе има простор за да се слушуваат нешта што ќе можеме да ги нарекуваме „чуда“.

Чудата немаат врска со бог, или барем нема потреба да постои бог за да се случуваат чуда. Мислам, примерот со бингото е супер: ако еден човек добие бинго баш во оној момент кога му требаат пари, за него тоа е чудо, а другиот човек, кому исто така му требаат пари, нема да го добие бинго и тој ќе си каже дека „не треба да верува во чуда“ итн.

Но и покрај тоа, тврдам дека секогаш треба да си оставме простор за некои работи што не можеме да си ги објасниме и да досзволиме тие да се случуваат сами по себе и да не се обидуваме да ги контролираме, зашто едноставно не можеме. Барем сè уште не.


totalno se soglasuvam,
ti so mislis za so e napisana let it be =)
 
F_200708_August29Ed_353922a.jpg


Do you, believe, in miracles??
______________________________

Морам да кажам дека не верувам во чуда...Не верувам во натприродното. Баш како што вика *princess*, тоа е површното или погрешното сваќање на нештата. Нашата интерпретација е погрешна кога ке видиме на вести дека човек паднал од седми спрат и преживел. Коинциденција. Верувам во теоријата на хаосот. Нашето слабо познавање на светот кој не опкружува и неговите можности и граници и тоа што го нуди не тера да заклучуваме дека настаните се чуда, бидејки немаме точно објаснување за тоа што се случило.
Порано луѓето верувале дека треба да се принесуваат ЧОВЕЧКИ жртви за денот повторно да дојде, сонцето повторно да изгрее. Така сме знаеле, така сме праеле. Но светот иде понатаму. Се развива, се повеќе луѓето веруваат во науката одколку во натприродното, бидејки фактите се тие...фактите се тука, не се бега од нешто што е докажано, и може да се повтори на “вештачки“ начин.
 
Не верувам во чуда. За се' што се случува постои логично објаснување таму некаде, и причина ради која се случило, како последица на нешто друго... Наше е само дали ќе го протолкуваме како чудо или ќе размислуваме поприземјено и ќе оставиме на науката да си го стори своето.:smir:
 
Чуда не постојат.Тоа треба да биде јасно и за креационистите и за еволуционистите.

Оние кои се верници веруваат во Божји чуда.Такви нема.Според Библијата,кажано е дека постои боженствен план,по кој Бог се води без да излегува од зацртаното.Значи,судбина.Ако ви е судбина да добиете бинго,вие не сте доживеале чудо,туку тоа така требало да биде.
Ако не сте верници по правило не треба да верувате во чуда.Чудата се дела на некоја сила која сугестивно делувала на вас а физички делувала на факторите околу вас,за сите тие да се склопат во една неверојатна ситуација.Тоа,за луѓето кои се хуманистички настроени,би се толкувало како коинциденција.

Не се работи само за граматика и терминологија.Зборот чудо е аутсајдер во општеството и како таков е само одраз на нашите инстинктивни анималистички рецептори,кои со возбуда гледаат на некои непредвидени разврски.
 
Чуда не постојат.Тоа треба да биде јасно и за креационистите и за еволуционистите.

Оние кои се верници веруваат во Божји чуда.Такви нема.Според Библијата,кажано е дека постои боженствен план,по кој Бог се води без да излегува од зацртаното.Значи,судбина.Ако ви е судбина да добиете бинго,вие не сте доживеале чудо,туку тоа така требало да биде.
Покрај тоа што сум верник сум и логичар голем, знам дека на некои не им јасно како е можно тоа, ама не е битно не е тоа темата.
Имав брадавици на раце и нозе, почнаа многу да се шират и ми сметаа во секојдневните активности. Во близина кај што живеам има еден мистичен гроб на кој што се прави одреден ритуал во одреден дел од неделата пред изгрејсонце. На глава ми се качија за да отидам таму и да го направам тој ритуал. Ајде отидов само да не досадуваат, и за неколку дена ми се исчистија брадавиците и од раце и од нозе.

И не можам никако логички да си го објаснам тоа :toe:.
 
Покрај тоа што сум верник сум и логичар голем, знам дека на некои не им јасно како е можно тоа, ама не е битно не е тоа темата.
Имав брадавици на раце и нозе, почнаа многу да се шират и ми сметаа во секојдневните активности. Во близина кај што живеам има еден мистичен гроб на кој што се прави одреден ритуал во одреден дел од неделата пред изгрејсонце. На глава ми се качија за да отидам таму и да го направам тој ритуал. Ајде отидов само да не досадуваат, и за неколку дена ми се исчистија брадавиците и од раце и од нозе.

И не можам никако логички да си го објаснам тоа :toe:.

КОИНЦИДЕНЦИЈА!!!!!!
абе каков е тој мистичен гроб:vozbud:
како хотел калифорнија ли пишува!!!
а и по христијанска религија...тије ритуали се врагови БУУУ:kesa:
 
Коинциденција во супер погоден временски интервал.
Најпатетичниот дел е што ЧУДАТА одма ги препишуваат на Господа.
И јас би се клањал пред некоја замислена фикција, силуета на небото високо, да фатам на БИНГО.

Аиде попрост пример, губите на покер - немате среќа. Добивате 10 пати по ред после стварно лош ден - чудо.
Спротивно од немање среќа е .. СРЕЌА.
 
луѓето не престануваат да одрекуваат дека чудата постојат, најверојатно тоа се случува поради некој страв во нив, или обожаваат да одат контра..

па сакале или не да го прифатите тоа тие постојат, и поради тие „чуда“ во кои тие не веруваат сме создадени ние .. ништо не е случајно и ништо не може да постои или да се случи без никакво објансување,..зар не е ..чудо.. што и ние денес постоиме..:toe:

чудата не се нешто од кое треба да се плашиме или да ги оставаме како необјасливи поими, тие се дел од животот на секој човек и така треба да останат а оние кои се плашат да признаат нека си се скријат под перница . :helou:
 
Во чуда баш и не верувам. Ама ми се случиле некои работи кои во секој случај ми биле многу чудни.
Секако дека не верувам дека на сакати им растат нозе и дека мртвите оживуваат...
 
Да, верувам во чуда, ако се сторени од божји човек, а од пред 5-6 дена вербата ми се зголеми...
 
Toa e veke podsvest, a site znaeme deka podsvesta e cudna (zasto ne ja razbirame) i mokna rabota. Znaci nema nikakva vrska so cuda i religija.
А зошто да веруваш во бога???
Зошто не во себе ?!?! Вистински верувај дека можеш да успееш , и ќе успееш.
Нема потреба да ја ставаш вербата во некој друг.

Самиот збор чудо значи нешто натприродно. Што одма асоцира на религија, а и од што ќе очекуваме чуда ама не е од тоа.
 
Верувам во чуда,затоа што чудо е и самото тоа што постојам,творам,созревам...
Не е чудо она што е невообичаено,чудото сме ние,секој ден поминат во хармонија,секој ден исполнет со љубов,секој ден исполент со среќа,затоа што во овој свет,чудо е покрај сите проблеми,да се остане нормален (ако воопшто може да се спомене овој поим).
Чудо е кога ќе го погледнеш сонцето во декември и ќе се исполниш со енергија,кога ќе го испиеш првото кафе и ќе се отрезниш од претходната вечер,кога му се радуваш на снегот...
Да бидеме реални-малите нешта го градат светот,чудото,екстазата...И не е потребно во тие моменти да се симне некој и да го спушти небесниот свод за да може таму некој фраер полесно да ми ги симне ѕвездите за добра ноќ...
 
Многу пати си имам речено:"Треба чудо да се деси за да ми се случи ова или она итн...?"
Па и ми се остварувале некои работи.
А сеуште не сум сигурна дали постојат чуда.
Просто да се чуди човек.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom