Многу ги потценија мислам, влегоја на овој Ф4 уште пред да се качат во авион дека се шампиони, точно дека беа најголеми фаворити за титулата, ама прво треба да ги изиграат тие 120 минути за да дојдат до златото.
Во полуфиналето со run and gun ракомет го демолираја ПСЖ, мислеја така ќе одат и во финалето, искрено и јас очекував ист стил на ракомет како во полуфиналето, ама Кил од старт покажа заби, стегна одбрана и даде до знаење дека не е килав како ПСЖ.
Ми изненади и мене многу Кил, секоја чест за играта, далеку од тоа дека Барселона се лузери и такви муабети, напротив имаат ЕКИПИШТЕ, страшен тим, ама на Барселона едино му фалат јаки утакмици, кои ги нема во текот на сезоната. Шпанската лига е срање, таму и со втор тим си играат курташак и имаат 34/34 победи, во ЛШ добиваат 1 или 2 противници за натпреварување блиску до нивни ранк, со останатите имаат лесни победи, завршуваат први и одат дирек Ф4 и во целата натпреварувачка година имаат 3-4 посалам утакмици, пред да играат на завршниот турнир, тука е главниот проблем кај нив, затоа после кога играат во Келн на Ф4 некогаш на моменти изгледаат ко изгубени петли....
Кај Кил е друга песна, лигата е најјака во светот, стално имаат 3 други екипи кои се борат за титула: Фленсбург, РНЛ и Фуше Берлин. А во текот на сезоната и останати тешки гостувања како кај Магдебург, Лаипциг, Ветцлар, Хановер....
Многу посериозни екипи има во бундеслигата за разлика од Асобал, овде на преку 50% од утакмиците треба да стегниш газ да стигниш до победа....
Заслужена му е победата, Ландин искина, според мене тој е МВП, сигурно беше со преку 60% одбрани, опасен голман, Екберг мирна рака на пенали, без промашување, Сагосен топ.
Кај Барса мислам клучниот пенал го промаши Гомес на 22:19 мислам беше, ја погоди пречката, тука се кршеше резултатот да дојдеја на 2 разлика имаја шанси за се, после тој промашен пенал Кил имаше цело време предност од 4-5 разлика, недостижна за Барса.
За третото место, на овој Ф4 за мене најголеми лузери се Веспрем, ебати таквите играчи кога ни ваков десеткуван ПСЖ неможиш да победиш !
Мате Лекаи едино играше сам, се напрај чоекот, секоја чест, ама сам неможиш да го победиш ПСЖ, другите под нивоУ
ПСЖ на крај со Дилан Нахи, Пранди и голманот Генти успеа до среброто