VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Жерар голманиште (y)
 
Член од
4 јуни 2015
Мислења
239
Поени од реакции
221
Овие од Монпеље треба да се проверат за допинг...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Сакав да победи Нант само заради Кире иако и двете екипи ми се мошне симпатични. Сосема заслужена победа на Монпеље, разноврсна игра во напад, кондициски страшно спремни и како што кажа и Томас неверојатна игра во одбрана.

Долго време ги зборувам Монпеље како пример за тим кон кој треба да тежнеат сите во колективните спортови. Далеку од тоа дека немаат добар буџет (8 милиони), но сепак не се на нивото на Веспрем, Барса, Кил, ПСЖ и слични на нив екипи. Добар тренер кој има огромна слобода и влијание во екипата, феноменален скаутинг и секако трпение да се изгради состав кој ќе може да игра на високо ниво се работи кои носат резултати. И понатаму ќе имаат што да кажат бидејќи чекаат да експлодираат и други играчи како: Фастин, Вилеминот, браќата Менгон и др.
Секоја чест! :bravobe:
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Секоја чест! :bravobe:
Не го гледам Гребиј во костум, не сум во тек шо се случува со дечкото, како да подзаборавија сите на него
Имаш некое инфо дали сеуште игра за Монпеље?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Не го гледам Гребиј во костум, не сум во тек шо се случува со дечкото, како да подзаборавија сите на него
Имаш некое инфо дали сеуште игра за Монпеље?
Колку што знам игра. Се опоравуваше од повреда на рамото до некаде ноември-декември и пак го сјеба истото непосредно пред европското у Хрватска. За жал, мислам дека поголем малер у ракометот нема од дечкото.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Пак се покажав како лош прогнозер, како и обично.
Очекував повеќе од Нант, посебно од Тоурна кој не се виде денес, се изгуби другарчето, страшно беше чуван, за разлика од вчера кога се изнаигра, денес многу тешко доаѓаше до позиција за топка, а и тоа што го шутна го промаши, се му скина Жерар, истото се однесува за првиот стрелец на Монпеље Порте, се изнапромаши на почеток на прво, потоа не ни шутираше, Тракиневичиус исто, само 1 гол од двата најјаки шутери, затоа што тежиштето на игра го префрлија на линијата, денес Монпеље даде дури 11 гола преку двата пикери + головите на Симоне и Гигу кои се уфрлаа на линијата, неверојатни бројки.
Страшно нешто се овие големи екипи, толку се непредвидливи што не знаеш од каде ќе те нападнат, страшно темпо форсираат посебно кога ќе ти ги најдат слабостите.
Тоа е тој модерен ракомет, страшно темпо се форсира, доколку немаш барем 12,13 максимално подготвени играчи кои во секој момент ќе одговарат на секоја можна одбрана-напад не можеш да се надеваш на нешто повеќе, кога тогаш ќе те сомелат, Нант изигра коректен меч, на моменти и беа подобри, но едноставно не можеа никако да ја најдат вистинската игра, без Тоурна, без Клер, Ниокас само на почеток се разигра, потоа го снема, можеби требаше да продолжи Анти со Ли Хансен, доста добро делуваше нападот тие 10 ина минути, 3 гола даде, доста простор отвори, доста изротира Анти, имаше и повеќе опции во напад од Канаје но се беше џабе, немаа идеја како да ја решат таа агресивна и пред се многу подвижна одбрана на Монпеље, немаа начин како да ја рашират зоната, а кога немаш бекап од пикерот како шо имаа вчера не е ни чудо шо еден куп топки изгубија, посебно последните 10 минути им се случи потоп, ги отепа Монпеље, 8-3 серија ( додуша последниот гол на Нант беше даден колку да го заеби некој шо чекаше -58.5 гола):pos:..
Не е случајно ова, години наназад вложува голема пара Монпеље, под голема мислам за наши услови, за Франција 8 милиони евра годишно не се којзнае што, со оглед на тоа колку е подобрена лигата, посебно што треба со тие пари да парираат на Арапските милиони.
8 милиони евра на Балканот и 8 милиони евра буџет во Франција и Германија не е исто, ако се исти суми, во Франција и Германија нема со доверителите АБЕ ЧЕКАЈТЕ, ЌЕ ВИ ПЛАТИМЕ, И НАС НИ БОРЧАТ ДРУГИТЕ :pos:или со играчите разно-разни шеми со плати, избегнување на обврски за плаќање придонеси, или некои други шеми, програми субвенции, и слично,:zloo:таму нема ништо оставено на случајноста, на 1 ви доаѓа платата, по договор се од А до Ш, се оди тековно, затоа се таму каде што се....
Да се вратам на муабетот, забегав:icon_lol:
Сосема заслужено на крај Монпеље, од лузерски групи, преку баражи, па преку Барса, па го раскантаа еден Фленсбург, и тоа како го демолираа, на крај најмногу мака видоа со Вардар кој според мене доста потценувачки влезе во дуелот со нив, да влезеа со малку повеќе респект кон името на Монпеље и пред се тежината на клубот можеби сега Вардар ќе беше пак шампион, но шо би било кога би било, заслужено е таму каде што е Монпеље, со еден таков тренер како Канаје не е ништо спонтано, и тоа со доста играчи за кои до пролетва ретко кој слушнал, Махмут, Соуси, Тракиневичиус, па и Ричардсон влезе сезонава како недокажан играч, ова се играчи кои дадоа страшен удел во сезоната на Монпеље, штета само шо не ја зедоа титулата во Франција, апсолутно ја заслужија, но со овој пехар наплаќаат за се, секоја чест.
Нант екипа у успону, за многу брзо од лузерски група за само една сезона меѓу елитата стигнаа на Ф4, наредна сезона ќе бидат посилни за Валеро Ривера, ќе видиме и кој друг, во секој случај мора сериозно да се смета на оваа екипа, веќе влезени се во групата на гиганти, и како и да не се, со еден таков проект зад себе.
Вардар на крај може најмногу да жали, имаа можеби најуиграна екипа, да не се повторувам, наредна сезона видеќемо, прерано е да се даваат коментари се додека не се види на терен како ќе изгледа сето тоа.
ПСЖ, најголем лузер, па уште си носеле специјално шампањско, е па вратете си го сеа назад, за титулата во Франција.:pos:
ПСЖ е екипа во која се фрлени можеби 100 милиони евра овие 7 сезони, шо за ракомет се неверојатни бројки, џабе звезди, џабе се, кога екипата се гради од темел, без тренер џабе е.
Ќе видиме наредна сезона со Раул, како ќе делува сето ова, Жерар на гол, ќе има некои измени, како Тофт на пикер на местото на Јенсен, но горе долу пак е истата екипа, само различен тренер, ќе видиме дали е до тренерот....
Малку и за наредна сезона.
Кил, Барса треба да се вратат, посебно Кил.( ако се пласира нормално, како тргнале не знам, ако направи некој преседан ЕХФ):icon_mrgr:
Фленсбург и РНЛ се сериозни играчи, исто и Фуксе Берлин, но немаат таква сила да играат на два фронта, премногу ги исцрпува Бундеслигата, посебно кога водат мртва трка за титула, доказ шо се случи со РНЛ, издишаа на крај, лимитиран ростер, ги фати криза и ја фрлија сезоната...
Киелце спрема страшна екипа, на нив мора сериозно да се смета.
Веспрем, ќе видиме како ќе делуваат со Мае, Штрлек Глодарот, сигурно нема да се толку слаби како сезонава.
Поголема конкуренција ќе има во секој случај, до пред 2 месеци никој не ги сметаше останатите Француски екипи за конкуренција сега каде се тие каде се другите?
Малку треба во ракометот, односно многу треба за да освоиш, не се само парите, многу работи треба да се поклопат, спортска среќа, тимска игра, противник итн, ако беше се до парите еден Мешков кој сигурно фрла и повеќе од Вардар на годишно ниво досега ќе беше некој фактор.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Кое брзо исфрлање на топка го има овај Мелвин Ричардсон, страшно нешто, а има само 21 година малиот...
И вчера и денес колку тешки голови даде, можеби клучен играч...
Движењето на одбраната на Монпеље, цело време ги следам, страшна одбрана играат, посебно таа 4ка на средина, КАСАПАНА Е СРЕДИНАТА, неневеројатни се во тие движења и затворање на простор, неверојатно спремна на кондиција екипа, секоја чест за Канаје, тренериште.
Не знам колку се согласуваш, играта на Монпелје многу ме потсетува на скандинавските репрезентации. Брз центар и веднаш гол. Каде Вардар може со нив, како теретниот воз беше цел тим на Раул.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Не знам колку се согласуваш, играта на Монпелје многу ме потсетува на скандинавските репрезентации. Брз центар и веднаш гол. Каде Вардар може со нив, како теретниот воз беше цел тим на Раул.
Типот на играчи на Монпеље е таков, со плеј како Симоне, со бекови кои знаат добро да се движат со и без топка како Порте, Ричардсон, Бонафон, па и Тракиневичичус за неговата висина има одлични движења, не можат и да сакаат да играат бавно..
Делува дека играат секој напад брз центар но според мене ја диктираат играта според противникот, знаат да забават кога не им оди нападот,да играат мечеви со под 45 гола, викендов се им одеше од рака во напад, ако не се лажам само со Нант имаа негатива, и тоа на почеток, 4-2, доста полесно е кога браниш водство отколку кога бркаш и си под притисок.
Одиграа страшно добро во одбрана и тоа е тоа, иако примија по 27 гола на двата дуели, просекот им беше под 24 примени голови, но сега играа Ф4, не лузерски групи со Адемар, Спортинг, Мотор, си ја завршија работата во одбраната максимално и ги натераа да грешат противниците, потоа беше полесно со таа транзиција која ја имаат и брзи играчи лесно даваа лесни голови.
Вардар со побавни играчи како Кристопанс, Кањелас, па и Вуко не игра брз центар, а и немаше ни потреба да игра, ланската сезона со Алекс Вардар имаше друг стил на игра, сезонава се смени таа игра, нешто слично како Шпанска репка, брзи крила, јаки бекови, корпулентни и пред се побавни бекови, јаки пикери и класа голмани, есента Вардар газеше, страшна одбрана имаа, да се играше Ф4 во било кој месец од октомври, ноември, декември Вардар со таа одбрана и пред се со формата на Штербик тешко дека ќе беше победен од било кој.
Шо би било кога би било, на Ф4 најтешко е да одржиш ниво на игра, доказ дека се е можно се сите овие сезони, пред се од 2014 наваму,освен Барса која очекувано освои во 2015 година ,сите други сезони големи аутсајдери освојуваа, Фленсбург 2014 никој не го сметаше за сериозен кандидат, губеа 6 разлика на 10 минути до крај од Барса на крај тепаа и се пласираа во финале, Киелце 2016 губеше 9 разлика во 45 та минута на крај освои, исто и Вардар лани, никој пред Ф4 не сметаше на Вардар но на крај докажаа спротивно, исто и со Монпеље сезонава, едноставно тоа е спортот, победува екипата која ќе ги пронајде слабостите на противникот и ќе успее да ја одржи својата тактика.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619

Овој Ричардсон и таткому може да му позавиди, страшно нешто е малиот, големо играчиште ќе стане за некоја година.
Одраз, шут, брзина, движења .. со се располага малиот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Аплицирале 34 тима, во ЛШ има место за 28

не ми е јасно :eek:
Тимови што бараат дополнително место (вајлд-карта): Металург, Алфа хард, ЦСК Минск, Силкеборг, Монпелје, Нант, Фуксе Берлин, Веспрем, Макаби Ришон, Лионс, Висла и Горење. Та.Д.
 
Франција има загарантирано место само за една екипа у ЛШ, во овој случај тоа е ПСЖ бидејќи станаа шампиони. Монпелје и Нант како второпласирана и третопласирана екипа бараат вајлд-карта. Освојувачот на ракометната ЛШ не добива загарантирано место. :D
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
VELUX EHF Champions League 2018/19

Groups A&B
Paris Saint-Germain HB (FRA)
HC Vardar (MKD)
PGE Vive Kielce (POL)
MOL-Pick Szeged (HUN)
SG Flensburg-Handewitt (GER)
Barça Lassa (ESP)
Skjern Handbold (DEN)
HC Meshkov Brest (BLR)
HC PPD Zagreb (CRO)
HC Motor Zaporozhye (UKR)
IFK Kristianstad (SWE)
RK Celje Pivovarna Lasko (SLO)
Rhein-Neckar Löwen (GER)
Telekom Veszprém HC (HUN)
HBC Nantes (FRA)
Montpellier Handball (FRA)

Groups C&D
Abanca Ademar Leon (ESP)
Sporting Lisbon (POR)
Elverum (NOR)
Besiktas Mogaz (TUR)
Wacker Thun (SUI)
Chekhovskie Medvedi (RUS)
Dinamo Bucuresti (ROU)
Tatran Presov (SVK)
Riihimäen Cocks (FIN)
Orlen Wisla Plock (POL)
Bjerringbro-Silkeborg (DEN)
HC Metalurg (MKD)

Само 2 екипи до Германија :icon_lol:

Освен овие индијанциве од Финска што им дале директно учество и фактот што ќе нема квалификации, другото е без изненадувања, веќе станува затворена лига без некои строги критериуми за влез...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.077
Швабите влегоа во клинч со ЕХФ и ете го епилогот, само две екипи во ЛШ. Кога веќе ЕХФ почнува да го губи најголемиот ракометен пазар во Европа (Германија) очигледно е дека се врти кон земјите кои засега се далеку од нешто сериозно во ракометот но имаат потенцијал за привлекување на спонзори во блиска иднина. Конгресот во Шкотска ?!?!, екипа од Финска без квалификации во група, догодина можеби и екипа од Азербејџан, ако некој тајкун таму неможе да дојде на ред да спонзорира фудбалски клуб. Можеби имаше резон квалификациска рунда со екипи од Австрија, Израел, Чешка, втора екипа од Словенија (Горење) и некои од Ц и Д групите ама тоа е есапот на Видерер и дружината.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Луѓе почна сезонава,ќе има нова тема или тука пишуваме:kafence:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Луѓе почна сезонава,ќе има нова тема или тука пишуваме:kafence:
Ќе има нова тема,
Ќе отворав минатиот викенд тема, таман седнав :kafence: ,да разгледам официјално пријавени ростери во ЕХФ, со некоја анализа на сите екипи и ми звони мобилниот и потоа излегоа некои други работи и замина викендот...:shook:
Ако има време деновиве некој нека отвори една тема, за сите 4 групи по некој збор за сите екипи, ако не јас сабота ќе отворам, со мало задоцнување од некој ден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom