Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секоја чест!![]()
Колку што знам игра. Се опоравуваше од повреда на рамото до некаде ноември-декември и пак го сјеба истото непосредно пред европското у Хрватска. За жал, мислам дека поголем малер у ракометот нема од дечкото.Не го гледам Гребиј во костум, не сум во тек шо се случува со дечкото, како да подзаборавија сите на него
Имаш некое инфо дали сеуште игра за Монпеље?
Не знам колку се согласуваш, играта на Монпелје многу ме потсетува на скандинавските репрезентации. Брз центар и веднаш гол. Каде Вардар може со нив, како теретниот воз беше цел тим на Раул.Кое брзо исфрлање на топка го има овај Мелвин Ричардсон, страшно нешто, а има само 21 година малиот...
И вчера и денес колку тешки голови даде, можеби клучен играч...
Движењето на одбраната на Монпеље, цело време ги следам, страшна одбрана играат, посебно таа 4ка на средина, КАСАПАНА Е СРЕДИНАТА, неневеројатни се во тие движења и затворање на простор, неверојатно спремна на кондиција екипа, секоја чест за Канаје, тренериште.
Типот на играчи на Монпеље е таков, со плеј како Симоне, со бекови кои знаат добро да се движат со и без топка како Порте, Ричардсон, Бонафон, па и Тракиневичичус за неговата висина има одлични движења, не можат и да сакаат да играат бавно..Не знам колку се согласуваш, играта на Монпелје многу ме потсетува на скандинавските репрезентации. Брз центар и веднаш гол. Каде Вардар може со нив, како теретниот воз беше цел тим на Раул.
Овој Ричардсон и таткому може да му позавиди, страшно нешто е малиот, големо играчиште ќе стане за некоја година.Типот на играчи на Монпеље е таков, со плеј како Симоне, со бекови кои знаат добро да се движат со и без топка како Порте, Ричардсон, Бонафон, па и Тракиневичичус за неговата висина има одлични движења, не можат и да сакаат да играат бавно..
Делува дека играат секој напад брз центар но според мене ја диктираат играта според противникот, знаат да забават кога не им оди нападот,да играат мечеви со под 45 гола, викендов се им одеше од рака во напад, ако не се лажам само со Нант имаа негатива, и тоа на почеток, 4-2, доста полесно е кога браниш водство отколку кога бркаш и си под притисок.
Одиграа страшно добро во одбрана и тоа е тоа, иако примија по 27 гола на двата дуели, просекот им беше под 24 примени голови, но сега играа Ф4, не лузерски групи со Адемар, Спортинг, Мотор, си ја завршија работата во одбраната максимално и ги натераа да грешат противниците, потоа беше полесно со таа транзиција која ја имаат и брзи играчи лесно даваа лесни голови.
Вардар со побавни играчи како Кристопанс, Кањелас, па и Вуко не игра брз центар, а и немаше ни потреба да игра, ланската сезона со Алекс Вардар имаше друг стил на игра, сезонава се смени таа игра, нешто слично како Шпанска репка, брзи крила, јаки бекови, корпулентни и пред се побавни бекови, јаки пикери и класа голмани, есента Вардар газеше, страшна одбрана имаа, да се играше Ф4 во било кој месец од октомври, ноември, декември Вардар со таа одбрана и пред се со формата на Штербик тешко дека ќе беше победен од било кој.
Шо би било кога би било, на Ф4 најтешко е да одржиш ниво на игра, доказ дека се е можно се сите овие сезони, пред се од 2014 наваму,освен Барса која очекувано освои во 2015 година ,сите други сезони големи аутсајдери освојуваа, Фленсбург 2014 никој не го сметаше за сериозен кандидат, губеа 6 разлика на 10 минути до крај од Барса на крај тепаа и се пласираа во финале, Киелце 2016 губеше 9 разлика во 45 та минута на крај освои, исто и Вардар лани, никој пред Ф4 не сметаше на Вардар но на крај докажаа спротивно, исто и со Монпеље сезонава, едноставно тоа е спортот, победува екипата која ќе ги пронајде слабостите на противникот и ќе успее да ја одржи својата тактика.
Франција има загарантирано место само за една екипа у ЛШ, во овој случај тоа е ПСЖ бидејќи станаа шампиони. Монпелје и Нант како второпласирана и третопласирана екипа бараат вајлд-карта. Освојувачот на ракометната ЛШ не добива загарантирано место.Аплицирале 34 тима, во ЛШ има место за 28
не ми е јасно
Тимови што бараат дополнително место (вајлд-карта): Металург, Алфа хард, ЦСК Минск, Силкеборг, Монпелје, Нант, Фуксе Берлин, Веспрем, Макаби Ришон, Лионс, Висла и Горење. Та.Д.
Ќе има нова тема,Луѓе почна сезонава,ќе има нова тема или тука пишуваме![]()