Магдебург е една најубавите ракометни приказни во последниве 10 години,од клуб што беше константно во средината на табелата во Бундеслига се издигнаа и освоија првенство и лига на шампиони во рок од 2 сезони.
Се тоа без некои преголеми расфрлувања со пари,добар скаутинг,работа и најважно хемија и воиграност на играчите.
Посебно ми е драго за Марко Безјак,не можеше да има поубав крај на неговата приказна во Магдебург,десет сезони во клубот,апсолутна легенда,овој трофеј му е како јаготка на шлагот.
Дамгард,Осаливен и Муше исто како него,ги оставија коските во клубот,цела кариера посветена на Магдебург.
Гисли Кристијансон дефинитивно Мвп на турнирот,после таква повреда на рамото во вчерашното полуфинале се врати никогаш подобар,искина денеска,страшно добар играч 1 на 1 можеби најдобар во светот во тој сегмент,права машина и мотор на екипата,според мене тој беше клучен за титулата.
Никола Портнер,син на легендарниот Златко Портнер стигнува до својата втора европска титула,кога освои 2018 со Монпеље на шала изјави дека му фалат уште 2 за да го стигне својот татко,како минува времето шалата може да помине полека во вистина.
Секоја чест за дечкото,за разлика од минатата титула кај што беше втор голман и немаше некој значаен удел,за оваа има многу заслуги,скина доста зицери и вчера и денес.
Добро е да има малку освежување кога се во прашање шампионите,само 3-4 екипи се вртат последниве години.
Сосема заслужена титула за Магдебург,фантастична екипа,а Ланксес Арената уште еднаш ја покажа својата магија и потврди дека во Келн нема фаворити.