Дојдовме до средина на групната фаза, уште не е завршено седмото коло ама може слободно да кажам дека после 7 одиграни кола нема некои големи изненадувања, онака во лер пуштена си поминува групната фаза, кога е во прашање ракометот ништо ново, барем за нас кои си го пратиме активно и си наоѓаме посебен шмек и убавина во него, покрај сите останати спортови кои ни се достапни за гледање.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Денеска Колштад и ПСЖ со атомски ракомет, 60 минути активна игра во два правци, во просек повеќе од еден гол имало на секоја минута, 67 гола имаше вкупно на натпреварот, не застанаа ни едните ни другите, цело време брз центар и транзиција одбрана-напад, рај за очи, право уживање.
ПСЖ после добриот старт на сезоната врзува втор пораз во низа, од друга страна Колштад после бурниот почеток поради финансиски проблеми почнува да се стабилизира, барем на теренот, со денешната победа се искачија на второ место во групата и даваат знаци дека ќе бркаат сериозен пласман оваа сезона, со малку среќа може и до титула да стигнат, ништо не се знае, имаат една класа постава од кремот на светскиот ракомет што може секого да победи, буквално прва постава на Норвешката репрезентација, предводени од Сагосен и Род, вториот искина денеска, 11 гола, клучен играч за победата, можеби им фали само еден низок среден бек да дава ритам и да ги разигрува бомбардериве на лев и десен бек, некој од типот на Скубе, Зарабец, Стеинс, КОСУКЕ, Овинчек итн, би им легнал како кец на десетка.
Единствен проблем може да им биде ротацијата или повреда на клучните играчи, замените на ѕвездената прва постава не се ни приближно како нив и прашање е колку можат да се спротистават на екипите од врвот.
Сакам да го издвојам и Камил Сипжак како играч што ми остави најголем впечаток од целиот натпревар, страшен напредок има под водство на Раул кој уште еднаш покажува дека е мајстор за развивање на играчи, само му треба време и простор, а во ПСЖ не сум сигурен колку ја добива таа слобода што ја имаше во Вардар, мислам дека екипи како Сегед, Веспрем, Киелце, Висла многу повеќе би му одговарале, веројатно и самиот Раул е свесен за тоа, сепак арапските пари се тие што го држат уште во Париз.
Од останатие негови играчи кога е во прашање напредокот нешто слично се случува и со Стеинс и Пранди, од играчи кои биле никој и ништо и не се очекувала некоја завидна кариера полека прераснуваат во едни од најдобрите на нивните позиции.
Од останатите натпревари ќе биде интересно утре во Битола, Пелистер со Сегед, после 8 години се враќа ФитиљО во ледена дворана, ќе има добра атмосфера, ќе видиме само дали Кузмановски ќе ги оправда големите очекувања од сограѓаните и дали конечно Битолчани ќе се радуваат на прва победа.
Какво време дојде после осум натпревари на нашите претставници во Европа немаме сеуште ни една победа, а пред само неколку години имавме Европски шампион.
![Курац :kuracc: :kuracc:](/styles/default/xenforo/emot/bip.gif)
Шала на страна пред нешто помалку од 10 години имавме два претставника во ЛШ кои атакуваа на Фајнл 4, сега едвај имаме еден претставник и тој јасно ни кажува на какво ниво ни е паднат клупскиот ракомет.
Треба малку да си ја чукнеме главата, џабе си даваме епитети дека сме ракометна нација и се лупаме во гради дека вложуваме во ракометот ако резултатите ни покажуваат нешто друго, скоро сите репрезентативци ни играат во домашно првенство, со исклучок на неколку играчи кои играат во странство кај што немаат некоја значајна улога, а резултатите на домашните клубовите во Европа и придонесот на играчите се жалосни, со вакво темпо за многу брзо ќе го загубиме и местото во ЛШ, ништо чудно уште наредната сезона.