VELUX EHF Champions League (општа тема)

Кој ќе ја освои ЛШ 2020/21 ако го дочека крајот?


  • Вкупно гласачи
    30

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Уште кога стигнаа до Ф4 нешто натака ме влечеше дека они ќе освојат.

Ја кога бев детиште и трениравме ракомет Магдебург беше звучното име од Германијаи некако ме удри некој флешбек викендов. Фалеше само Кречмар да искочи од некаде и да даде гол.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Ма нека губат. После Веспрем, пољациве ич не ги сакам највеќе. ПСЖ и Веспрем најголеми лузери, ама овие Киелце, и поред сите турбеленции и проблеми, пак се оддржуваат на врвот, браво за тоа.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.706
Поени од реакции
5.677
Магдебург е една најубавите ракометни приказни во последниве 10 години,од клуб што беше константно во средината на табелата во Бундеслига се издигнаа и освоија првенство и лига на шампиони во рок од 2 сезони.
Се тоа без некои преголеми расфрлувања со пари,добар скаутинг,работа и најважно хемија и воиграност на играчите.
Посебно ми е драго за Марко Безјак,не можеше да има поубав крај на неговата приказна во Магдебург,десет сезони во клубот,апсолутна легенда,овој трофеј му е како јаготка на шлагот.
Дамгард,Осаливен и Муше исто како него,ги оставија коските во клубот,цела кариера посветена на Магдебург.
Гисли Кристијансон дефинитивно Мвп на турнирот,после таква повреда на рамото во вчерашното полуфинале се врати никогаш подобар,искина денеска,страшно добар играч 1 на 1 можеби најдобар во светот во тој сегмент,права машина и мотор на екипата,според мене тој беше клучен за титулата.
Никола Портнер,син на легендарниот Златко Портнер стигнува до својата втора европска титула,кога освои 2018 со Монпеље на шала изјави дека му фалат уште 2 за да го стигне својот татко,како минува времето шалата може да помине полека во вистина.
Секоја чест за дечкото,за разлика од минатата титула кај што беше втор голман и немаше некој значаен удел,за оваа има многу заслуги,скина доста зицери и вчера и денес.

Добро е да има малку освежување кога се во прашање шампионите,само 3-4 екипи се вртат последниве години.
Сосема заслужена титула за Магдебург,фантастична екипа,а Ланксес Арената уште еднаш ја покажа својата магија и потврди дека во Келн нема фаворити.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.917
Поени од реакции
9.526
Одличен ф4 дефинитвно со одлични утакмици полуфинале и финале. Магдебург секоја чест,тимски дух и борбеност. Требаше ваков победник во ЛШ за да се разбијат овие едни те исти "фаворити" кој никако да оправдаат очекувања освен Барса.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Магдебург е фантастичен ракометен клуб. Ваков прогрес имаат само клубови кои работат плански. Секоја чест.
И да не заборавиме дека Филип Кузмановски беше скаутиран и донесен од нив кога се создаваше овој тим. Дибидусот иако знаеше година дена порано дека иде таму, им отиде без да знае да гукне збор ни на германски ни на англиски, чекајќи Безјак да му преведе на српски што им кажува тренерот...
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.917
Поени од реакции
9.526
Амбициозен и професионален играч би упишал минимум курс ако ништо друго основни зборови да научи и интеракција околу ракометот. Тоа доволно говори за него.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Магдебург е една најубавите ракометни приказни во последниве 10 години,од клуб што беше константно во средината на табелата во Бундеслига се издигнаа и освоија првенство и лига на шампиони во рок од 2 сезони.
Се тоа без некои преголеми расфрлувања со пари,добар скаутинг,работа и најважно хемија и воиграност на играчите.
Посебно ми е драго за Марко Безјак,не можеше да има поубав крај на неговата приказна во Магдебург,десет сезони во клубот,апсолутна легенда,овој трофеј му е како јаготка на шлагот.
Дамгард,Осаливен и Муше исто како него,ги оставија коските во клубот,цела кариера посветена на Магдебург.
Гисли Кристијансон дефинитивно Мвп на турнирот,после таква повреда на рамото во вчерашното полуфинале се врати никогаш подобар,искина денеска,страшно добар играч 1 на 1 можеби најдобар во светот во тој сегмент,права машина и мотор на екипата,според мене тој беше клучен за титулата.
Никола Портнер,син на легендарниот Златко Портнер стигнува до својата втора европска титула,кога освои 2018 со Монпеље на шала изјави дека му фалат уште 2 за да го стигне својот татко,како минува времето шалата може да помине полека во вистина.
Секоја чест за дечкото,за разлика од минатата титула кај што беше втор голман и немаше некој значаен удел,за оваа има многу заслуги,скина доста зицери и вчера и денес.

Добро е да има малку освежување кога се во прашање шампионите,само 3-4 екипи се вртат последниве години.
Сосема заслужена титула за Магдебург,фантастична екипа,а Ланксес Арената уште еднаш ја покажа својата магија и потврди дека во Келн нема фаворити.
Сепак да не претеруваме, тука е Рајнекар Левен од сезоната 2016-2017 со Nikolaj Jacobsen, величина која ретко кој германски тим ќе ја надмине, па и Магдебург.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
760
Поени од реакции
1.309
Сепак да не претеруваме, тука е Рајнекар Левен од сезоната 2016-2017 со Nikolaj Jacobsen, величина која ретко кој германски тим ќе ја надмине, па и Магдебург.
Toj rnl lapna 10 komada doma od Vardar
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.571
Поени од реакции
8.211
Магдебург се враќа на старите патеки. Не знам помладиве колку знаат на почетокот на новиот милениум поточно 2002 година Магдебург имаше ѕверска екипа со Ненад Перуника на лев бек, па за мене најдоброто лево крило евер Штефан Кречмар, па едно нервозно црнче на десен бек Жоел Абати и уште многу други. Газеа тогаш. Убаво е кога едно такво легендарно име после долги години ќе се врати на европскиот врв.
 
Член од
11 јуни 2023
Мислења
90
Поени од реакции
285
Сепак да не претеруваме, тука е Рајнекар Левен од сезоната 2016-2017 со Nikolaj Jacobsen, величина која ретко кој германски тим ќе ја надмине, па и Магдебург.
Рајн Некар Левен беше топ и за мене многу симпатична екипа, дури и редовно ги пратев и симпатизирав и во Бундес и во ЛШ, ама тоа не беше тој период туку периодот 2009, 2010 до кај 2013, 2014 кога ги водеше Гудмундсон, во екипа беа Биелицки, Ткачик, Шмал, Стефансон, Петерсон, Чупич, Ландин, Рогиш, Мирол, Енди Шмид....
 
Член од
2 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
365
Магдебург се враќа на старите патеки. Не знам помладиве колку знаат на почетокот на новиот милениум поточно 2002 година Магдебург имаше ѕверска екипа со Ненад Перуника на лев бек, па за мене најдоброто лево крило евер Штефан Кречмар, па едно нервозно црнче на десен бек Жоел Абати и уште многу други. Газеа тогаш. Убаво е кога едно такво легендарно име после долги години ќе се врати на европскиот врв.
Десен бек беше легендарниот исланѓанец Олафур Стефансон,а Абати беше десно крило. Имаа и страшен плејмејкер русинот Кулешов.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.571
Поени од реакции
8.211
Десен бек беше легендарниот исланѓанец Олафур Стефансон,а Абати беше десно крило. Имаа и страшен плејмејкер русинот Кулешов.
Да, да. Нешо така ми се уврте у глава бидејќи се сеќавам играше против Вардар десен бек, кога им земавме бод у Кале. Баш таа година мислам дека беше ако не се лажам, кога станаа европски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom