Што зборуваш бе? Кој копаше досега за цевки за водовод и канализација?
Дервен требало мостот да го прави..ОМГ!

Абе мостот е сложена конструкција, како можеш со копање на јами за цевки да ја споредиш.Реконстркуцијата на мостот треба да ја врши градежна фирма со ЛИЦЕНЦА за изградба на мостови.Ете Делта Пром имаат вајда, они ја направија пешачката патека на Железен мост.
Нема само фасадата да му ја менуваат, туку и темелите ќе ги зајакнуваат, од страната на пругата поради вибрациите од возовите слегнува тој темел во почвата, кога ќе поминте под мостот нели имате видено дека помошни метални постојки има ставено, стојат веќе 6 години, арно им текна да го реконструираат.
И друго нешто, многу луѓе од Велесов за секоја маана во градот, или ако треба нешто да се гради Дервен им е крив.Дервен е јавно комунално претпријатие, тоа се грижи за водоводот и канализацијата, чистоќата на улиците и зеленилото во градот. Граѓаните плаќаат само за фекална вода, а за останатите услуги на Дервен плаќа Општината.Ако има некоја елементрана непогода како на пример две недели од првите врнежи потокот што не исчистен, за тоа не е крив Дервен, крива е Општината бидејќи не му платила на Дервен да го собере тој нанаос од земја и ѓубре.Во другите земји ваквите комунални претпријатија се приватни, а каде и да е и Дервен ќе стане приватно препријатије.
Еве и за атмосверската канализација што не ја собира водата од врнежите Дервен им бил крив, абе Дервен само ја одржува канализацијата инаку таа е во сопственст на Општината/Државата, ако треба да се реконструира за да собира повеќе вода од врнежи, не може Дервен да ја прошири, ќе мора да се најде соодветна градежна фирма.
Последно уредено: