Велат по дождот иде сонце. Дали?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Sekoja pojava sto se slucuva vo prirodata e pricinsko- posledicna....Taka objasnuvaat fizicarite....
Sekoe losho za dobro e....
Se slagate li so ovaa izreka i ako e taka, potkrepete ja so primer:smir:
Апсолутно се согласувам. И во животот е секогаш така. Само се прашувам дали важи и во обратна смисла ( се надевам не):vozbud:
 
да, али после сонцето пак доаѓа дождот...и така се врти во круг...
 
Оваа аналогија никогаш не ми се допаѓала...Јас само ја изрекувам кога сакам да се тешам кога некои работи не идат како што треба.
А кога се ми иде како што сакам (онака подмачкано како што викаат), никогаш не ми текнало да си кажам дека ќе ме начека нешто бурно и тмурно.
 
Па до сега така беше , за во иднина најискрено се надевам дека ке продолжи со истото темпо.
Имав катастрофа периоди и одеднаш кога најмалку сум очекувала се наога и појавува нешто што ке ми ги оттргне лошите мисли и ке ме натера да мислам позитивно.
А се зависи и од самата личност, ако некој решил да потоне во депресија ни сонце не го спасува
 
Па незнам дали е секогаш така иако се вика дека кога една врата ќе ни се затвори друга ќе се отвори или дека после секое лошо иде добро.Се разбира дека се ќе помине но дали после дождот доаѓа секогаш сонце не сум баш сигурна а би сакала да е така:pipi:Освен тоа дождот може да трае многу долго време за разлика од сонцето:nesum:
 
Кај мене веќе дождот долго врне и нема намера да прекине.....
 
Да, после дождот иде сонце и потоа пак дожд и така се во круг...
 
Кај мене веќе дождот долго врне и нема намера да прекине.....
Кај мене штотуку почна дождот. Се надевам дека ова брзо ќе заврши но според ова засега тешко дека во догледно време ќе угрее и моето сонце...
 
Кај мене штотуку почна дождот. Се надевам дека ова брзо ќе заврши но според ова засега тешко дека во догледно време ќе угрее и моето сонце...

Пријателе, имај во предвид дека животот е бура, во еден момент ке уживаш во сонцето, во наредниот ке бидеш разбиен од карпите но она што те прави Човек е она што го правиш кога Невремето доаѓа .
На крај краева, да не беа сите оние моменти на тага, моменти што те тераат да плачеш и да се чувствуваш разочаран, никогаш и немаше да дознаеме за моментот Среќа, нели.
Сум бил во ситуација за која сум рекол дека тоа е дното, кога среќата ми беше толку далечен збор и ја погледнав мојата другарка полна со живот,среќна,насмеана, истата ми рече, ке биде подобро, секогаш можеш да сметаш на мене .
Неколку дена покасно дознав дека пред 4 години ја изгубила својата мајка а татко и со кој живее умира од рак на белите дробови ( и он почина пред година дена ) .
Штета што денес сме многу далечни, само сакам да и кажам колку всушност ми значи, едноставно, инспирација да продолжам понатака без оглед на се .
 
Свесен сум брат за се, сум поминал низ нешто вака слично и знам дека времето лечи се, но во овие моменти е најтешко, мислам дека повеќе нема надеж за мене, преовладува разочарувањето и песимизмот но тоа е тоа... Таков е животот, понекогаш е толку добар, исполнет со прекрасни моменти и личности кои ти ја покажуваат смислата на животот и ти ја враќаат насмевката на лицето, но понекогаш знае да биде премногу суров...
 
ја само едно знам дека после дождот следи поплава па вие како сакате :toe:
 
Ако не ти се стемни по дождот сонце секогаш има.
 
некогаш дожд, па сонце, па пак дожд, па тмурно време со сиви облаци ама без дожд...некој сончев зрак низ облаците, па некогаш сунчаница од сонцето, па пак од почеток :)
 
нема врска вчера врнеше и еве го сеа тмурно нема сонце шо лажат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom