Вегетеријанство

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
А, па ти многу длабоко си навлегол во тематиката:). Не верувам дека ќе можам да се носам во муабет со тебе...
Секоја информација е драгоцена а муабетот е да размениш искуства и евентуално да научиш нешто ново :).
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Да да, без месо не се може и немаш сила, или не?

Е сега, доаѓа пашањето, како "најздравите" луѓе на светот Шаолинити на високите планини каде што живеаат опстануваат само со треви и слично? од друга страна исто така знаме сите колку се физички/психички спремни. Значи тоа дека без месо не се може не е целосно точно, да дава енергија и е препорачливо во одредени количини, ама дека без него не се може не е целосно точно, зависи од тоа колку е човек здрав, какви навики на исхрана има, каков живот живее и многу други причини.
 
Секако се може без месо, прашање е дали сакаш да станеш вегетеријанец или не :).

Монасите од Шаолин јадат вегетеријански главно во храмот но има многу кои не се вегетеријанци посебно тие кои патуваат и ја шират вештината што значи нивното вегетеријанство е чисто од религиска а не здравствена природа.

Сепак дали е за секого корисно да стане вегетеријанец е веќе тема за (подлабока) дискусија :).
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
А бре,да ,се` што е на планетава земја здраво е донекаде и корисно и има многу начини да се спреми,па дури и месо од змија... Јас не сум вегетаријанец,ниту се водам по веганизмот...ама од друга страна па и не сум некој љубител на месото,на тие лоеви,коски,дури и некогаш од највкусно спремано месо ми се гади...Уште се секавам на моментот кога татко ми за велигден имаше купено јагне,го викав Цветко :D :D и си играв со него додека не порасна,и не ми казжаа дека ке го заколат.После тоа го видов на трпезата.Шок!
Размислувам да почнам со вегетаријанство,па да продолжам со веганизам.
Тешко е додека се навикнеш не заради тоа што ке му напраиш незнам каков стрес на организмот,туку тоа што на секој кош имаш месо,млеко јајца а за сирење па да не зборам...и во најзеленчуковата супа пишува-Може да содржи траги од јајца,млеко....Комплицирано е за шопинг,и колку пати ке се зезнеш као на пример некои шпагети содржат јајца,некои не...

Инаку,сакам да ве исправам. Човековиот организам НЕ Е СТВОРЕН КАКО КАЈ ПРЕДАТОРИТЕ.ПРЕДАТОРИТЕ НЕ добиваат ХОЛЕСТЕРОЛ и запушување на крвните садови ОД ПЛЕНОТ ШТО ГО ЈАДАТ.Прво,нивната вилица и заби се приспособени на храната,вилицата им се движи само горе-доле.Онда, за ова не ме факајте за збор ама дигестивниот систем кај лавот и сл. е многу пократотк(кај човекот има подолги црева,елиминирање на токсините и сл. створен е за варење на растителна храна). ВИЛИЦАТА И ТАПИТЕ ЗАБИ кај човекот,и самото движење лево -десно е исто како коњите,кравите итн.
Технологијата тоа ни го створила.Дај некој да го видам НЕКА УЛОВИ ЗАЈАК ИНСТИНКТИВНО И НЕКА ГО ИЗЕДЕ СОСЕ ЛОЕВИ,СЕЛИОТ СИСТЕМ ОРГАНИ МОЗОК,НЕКА ЗАГРИЗЕ КРЗНО ИТН....:D
"На 4 год. дете,што уште не е свестно да речам за општеството,дајте му јаболко и зајче или пиле или било кое животно од тие што ги јадеме...Кое дете ке го изеде животното и ке си игра со јаболкото?:) :) НЕ! Ке се случи обратното"
Човековиот организам може перфетно,здраво да функционира и без млеко месо јајца...докажано е. Па и крзното тука е.Треба да се искористи технологија во сврха на изработка на материјали што не захтеваат убиство на било кое битие.
Лугево им се смеат на вегетаријанциве жто јадат соја со вкус на сланина,млеко од соја итн. А што да речеме ние што пиеме мелеко,всушност гној од лојните жлезди од крава? Јајца-Менструација од кокошка? Така е....прочитајте,докажано е,Има еден човек што баш ова што го зборам,дрЖи предавања го пренесува,се занимава со оваа проблематика.

Не ме сфакајте погрешно,убав е вкусот на месото.Ама можеме без него!
Овие продукти ги конзумираме заради неколку причини-
-Навика
-традиција
-вкус
-Неинформираност,перење на мозок и сите тие сликички на амбалажите од насмеани крави и пилиња.

Верувајте,кога умираат па и не се баш насмеани...Колку и да постојат фарми,што да речам побезболно и брзо ги убиваат животните,РЕТКИ СЕ.Денес се е убрзано,па и одгојувањето на зивотните,убување во гасни комори,"nedoubieni zivotni vo farmi" што крварат до смрт.

И ке се потрудам да почнам со вегенизам...што знам,ке пробам.Ке биде тешко од аспект на околностите.

А да има и многу рецепти на нет,и вкусни се,баш сега држев едно неделна диета,5 кг ослабев и стомакот не ми беше надуен,мн лесно се осекав и без грижа на совест...
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 06:55 ---
Се извинувам,тука е медот ило во погадна реална верзија Измет од пчелите :) :D.И тој не се консумира во вегенизмот...препорачливо е да не се конзумира,прицитајте си на нет,не сум сигурна за причините.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 07:01 ---
И која псевдонаука или пропаганда ве натера да се откажете од месо.а алкохол???
Е тука веке одиш во крајност на "ne se unistuvaj samiot sebe". Vegenizmot vika "ne go unistuvaj poslabiot od tebe,koga i realno nema pricina da go unistuvas". Site sostojki gi imas kako zamena.SITE.
Alkoholot e nadvor od topik.A ako veke sakas,toa e mn loso,toa e opsto prifateno zlo da recam...bez veze.
I samata sebe se unistuvam ako pijam , donekade pa,moj problem....
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Сум рекол 100 пати дека најголема грешка на еволуцијата е што човекот нема ензими да свари целулоза оти во спротивно ќе си јадевме без проблем тревки и дрвца,ама јбг пустото не зезнале малку :)

Секако дека може да се живее само од вегетаријанска храна,сите протеини може да се најдат во растенија,семки и житарици.
Се сложувам дека човекот не е створен за месо да му биде основна храна како кај предаторите,но баш поради тоа концентацијата на HCL е 10-15 пати помала во желудникот на човекот отколку кај Мачките да речеме.
Исто така се прави една голема грешка со млекото,некој ќе рече како???
-Па човекот како цицач е единствениот кој консумира млеко како храна после детство,млекото е храна за малечки цицачи а не за возрасни луѓе,и ова во предвид треби да се земе.

Што знам,во однос на ова прашање за чисто вегетаријанса исхрана сум против од причина што на човекот му се неопходни животински масни заситени киселини заради клеточните обвивки,потоа поради холестеролот,па стеролите,па стероидите кои сите настануваат од заситените масни киселини а тие претежно имаат анимално потекло,се наоѓаат секако и во растенијата претежно во семките но во многу мали количини.

Проблемот со колењето на животните вистина е прашање на голема одговорност,некој спомна поназад дека на мало дете ако му дадеш Јаболко и Пиле,јаболкото ќе го изеде а со пиленцето ќе си игра и ќе го држи во раце и ова е потполно точно и многу добра поента е.
Јас мислам дека доколку луѓето видат како се чуваат животните по фарми и каде најголем број од нив нема да видат сонце во текот на животот,а тука се Кокошките и Свињите,длабоко ќе се замислат,плус сите тие здравствени проблеми кои настануваат од консумирање на месо.

Мислам дека треба некоја средина да се држи за најздрав организам,што значи храна во најголем процент составена од Овошје и Зеленчук,потоа житарици и семки и на крај месо и само млечни производи,не чисто млеко.
Од овошјето и зеленчукот било кој нема никакви проблеми,може само да се јави алергија на поедини овошја од типот на Јагоди и Малини и некои неендемски видови за одредена територија на живеење,пример Манго во Македонија.

Житариците се препорачливи многу и како такви може да ги заменат мастите како извор на енергија бидејќи грам јагленхидрати има 4 кило калории енергетска вредност
Семките како извор на масни киселини може да ги заменат чистите масти или салото и лојот,но во кој степен е прашање.

Мора да се јаде барем малку месо мислам јас и барем малку заситени масти,неопходни се во организмот,посебно заситените масти,додека месото освем протеинска вредност нема никаква друга,но протеини има и во храна од растителни потекла така да може да се компензира тука,но со заситените масни киселини тешко би одело некако,освем ако не ги синтетизираат по хемиски пат во Органската хемија од Незаситените масла со хидрогенација и кратење или продолжување на ланците во зависност од која база си тргнал.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
За вегетаријанците : извољевате криве дрине, имате пари од мама и тато или одвишок примања па сега се фолирате додека не падне некоја посериозна болест. Вашето одбивање на месото Ве прави послаби немој некој тоа да ми го негирал бидејќи факт е дека немате доволно “сила“ во Вас за одредени физички активности. Појдете на нива и бидете дете кое е зависно од нивата и земете копач или мотика... абе ќе плачете за месо! Разбирам да не јадам неколку дена месо во месецот разбирам, но со години ќе се уништам.

Свилени сте деца, свилени.
Ја ќе те негирам, што има во месото што ти дава сила бе чоек ? тоа се протеините а протеините ги има секаде не само во месото тие имаат градивна функција за човекот, друго нешто што ти дава сила се јаглехидратите односно шеќерите од нив се добива голема енергија а шеќерите ги има во лебот, други хранливи материи се мастите тие само во месото ги има така ? да ама не, ги има секаде...со правилна исхрана и со правилно комбинирање на производи ти можеш да го замениш месото.А горе што напиша дека ќе добијат луѓето некоја болест тоа не е точно повеќе се добиваат болести од месото кое што содржи голем број на масти кои што ги затнуваат крвните садови и доаѓа до инфаркт најопасен е холестеролот...а ако веганите добиваат болести тогаш ја мислам дека италијанците нема да постојат голем број од нив се вегани и имаат многу поздрав живот за разлика од другите.
 
Види сега,протеините се важни за исхрана оти се составени од аминокиселини.
Е сега при разградување на протеини од месо се добиваат есенцијални аминокиселини кои се неопходни за организмот како за раст така и развој,недостаток на есенцијални аминокиселини кои се 20 на број предисзвикува наружување на метаболизам и почеток на слабеење на истиот каде крајен стадиум е болест.Некои ги има во месо некои ги нема,некои се во растителна храна некои не се,така да мора човек да внесува месо во храна ради протеини оти би се јавил дефицит на некои аминокиселини.
Мора да се балансира со храната од анимално и растително потекло,но треба строго да се води сметка какво месо се јаде,колку има масти во него и слично за да не дојде до таложење на масти прекумерно во организам.
Тука треба да се има на ум дека и преголемо внесување на аминокиселини е штетно од причина што самите аминокиселини се киселини со амино група во себе барем една најмалку и за да се одстрани вишокот од нив тие треба да се алкализираат или неутрализираат а за тоа организмот зема Алкални метали од себе,се јаде сам а тоа најчесто е Калциум од коските и тука имаме нов проблем,се ослабува цврстината на коските.
Многу е лошо организмот да биде кисела средина со pH вредност помала од 7,4 а вишокот на аминокиселини ја напалува таа алкалност или неутрална вредност на pH и тоа намалување е почеток на пореметувања на организмот.
 
Се е тоа ок само аминокиселините не се наоѓаат само во месото ги има секаде, еве на пр. кај јајцето во жолчката се наоѓаат 18 високо калорични протеини односно 6 аминокиселини на пр. леуцин, лизин валин и др доколку ги знаеш овие работи каде се наоѓаат аминокиселините што ги има во месото ти можеш да го отфрлиш од исхраната, сепак пред се треба да се консултираш со лекар за ваков вид на исхрана бидејќи он може да помогне во правилната комбинација на прехранбените производи.
 
Сега не знам точно кој есенцијални аминокислеини ги содржеше јајцето,но знам дека Леуцин,Лизин и Валин се есенцијални аминокислеини и ако ги има во протеините од јајце сигурно се во Белтокот или Белката и ги нема во Жолчката најверојатно лапсус направи тука ,во жолчката има во најголем процент масти,може има некое протеинче ама многу минимално.
Ги има тие аминокиселини во голем број производи,ги има во месо,млеко,еве јајце спомна ти,житарици и семки,зељест зеленчук и што ли уште не.
 
Моја грешка белковините ги има во белката на јајцето па и од таму се викаат белковини, а во жолчката има многу холестерол грешка направив :)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Ништо страшно за грешката,секој грешава,важно е дека се интересираш за тоа и доволно е никогаш да не си прочитал за протеини и аминокиселини,еден пост тука да те поттикне да учиш за нив.:)
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не можев сѐ да читам ама не е вегетеријнството за секого, има луѓе кои супер го процесираат месото и луѓе кај кој стварно штети. Освен тоа и дозата е битна.

Тоа што го спомна V V not W дека мало дете ќе изеда јаболко а нема да ја јаде кокошката убаво звучи на теорија и само кај женски деца кај машко е друга приказна.

Колку пари сме слушале или виделе искасапено куче или маче од мали деца така да некоја голема вродена љубов кон животни кај децата е фама, нема врска со реалноста. Има деца што без окце да им трепне ќе исечат кокошка ако им се даде прилика така да тој аргумент е невалиден.

Цела природа е врз база на убивање дали за храна дали за доминација. И ние нон стоп убиваме за да преживееме, дали паразити, бактерии, вируси, комарци, муви и да не забегувам повеќе. Кој е тој што ќе каже дека една мува во однос на универзумот е помалку вредна од една кокошка?

Совеста на страна, јадењето месо може а не мора да биде штетно а има ситуации кога е и корисно и тука секој треба да си одлучи сам за себе.

Консумирање на месо од животни кои биле чувани во ужасни услови и хранети со хормони и соја е друга проблематика и таквото месо е секако со намален квалитет па дури може и да штети.
 
A bre,i da e nemirno deteto sigurno nema da go unishti,nema da go izede kuceto ili sto i da e :) Generalno zborime,neli...
A sum imala situacii,zavisi kako sum raspolozena i kolku imam vreme,ako e nekoja retka bubacka,da ja fatam vo tegla i da ja pustam preku prozor.
Se` e do covekot,i kako sto kazav gore,tradicija,informiranost,sovest,vospituvanje...

Jas tvrdam deka bez meso se moze.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
A bre,i da e nemirno deteto sigurno nema da go unishti,nema da go izede kuceto ili sto i da e :) Generalno zborime,neli...
A sum imala situacii,zavisi kako sum raspolozena i kolku imam vreme,ako e nekoja retka bubacka,da ja fatam vo tegla i da ja pustam preku prozor.
Se` e do covekot,i kako sto kazav gore,tradicija,informiranost,sovest,vospituvanje...

Jas tvrdam deka bez meso se moze.
Истото и јас го тврдам се може, ама прашање е дали се сака, дали е комотно и дали е корисно за СЕКОЈ да стане вегетеријанец, тука се кршат копја ;).

И јас „фините“ бубачки ги фрлам надвор ама мувите и комарците ги тепам, значи уништувам нечиј живот нели :) ? Јас не тепам пајак ама има луѓе што уплав ги фаќа па ќе го смачкаат и тоа не за храна туку од ќеиф :).

Со болдот се слагам комплетно, така си е ;)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Човек се раѓа во основа добар,станува садиста и деструктор под влијание на околина.
Не верувам дека мало дете било момче или девојче кое е воспитано добро од родители дека ќе здроби или мачи мало пиленце,сигурно ќе си заигра со него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom